4,K Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Што е реконструкција на дојка?Многу жени кои се подложиле на мастектомија – операција за отстранување на цела дојка, за лекување или превенција на карцином на дојка, имаат можност да го вратат обликот на отстранетата дојка. Градите може да се обноват со употреба на импланти или со сопствено ткиво, а некогаш се комбинираат овие две техники.Операцијата за реконструкција на градите може да се направи веднаш по мастектомијата, во еден акт, наречена примарна реконструкција, или по месец и години од истата, наречена секундарна реконструкција. Во последната фаза од реконструкција на дојката, може да се рекреираат брадавката и ареолата, ако тие не биле сочувани при мастектомијата.Понекогаш операцијата за реконструкција на дојка вклучува и операција на другата, контралатералната дојка, така што обете дојки ќе се совпаднат по големина и облик.Реконструкција со имплантиИмплантот се вметнува под кожата или под мускулот на градниот кош и обично се работи за процедура во две фази. Во првата фаза се поставува ткивен експандер, кој постепено се полни со физиолошки раствор за време на периодични посети кај пластичниот хирург. Во втората фаза, откако ткивото на градниот кош ќе се опушти и заздрави, експандерот се отстранува и се поставува трајна протеза, имплант. Кај пациентките кај кои има доволно ткиво за поставување имплант, нема потреба од користење на експандер во првата фаза.Денес постојат и нови материјали кои се користат кај реконструкција на дојка, еден од нив е и ацелуларниот дермален матрикс, како еден вид внатрешна решетка за поддршка на ткивото и имплантот, со што се постигнува природен изглед на дојката.Реконструкција со сопствено ткивоРечиси редовно се прави автотрансплантација на масно ткиво, процедура која опфаќа земање на масти од една регија – липосукција и нивен транфер во саканата регија – липофилинг. Реконструкција со слободен резен, иако комплексна интервенција, се прави редовно на нашата клиника. Со таа техника, освен масно ткиво се зема и кожа, крвни садови, мускули итн, од една регија и се трансферираат на место од ампутираната дојка. Оваа микрохируршка процедура овозможува реконструкција на дојката со сопствено ткиво. Постојат денес, случаи, каде се реконструира и со имплант и со слободен резен, за максимално да се достигне посакуваниот изглед кај пациентката.Кои фактори влијаат на времето на реконструкција?Еден од главните фактори што може да влијае на времето на реконструкција на дојка е тоа дали на жената ќе и треба радиотерапија. Радиотерапијата може да предизвика проблеми при заздравувањето на раните или инфекции на реконструираните гради, па затоа препорачуваме да се заврши со радиотерапија, пред да се пристапи кон реконструкција. Сепак, со напредувањето на хируршките и радиотерапевтските техники, непосредната реконструкција со имплант е сè уште опција за жените на кои им е потребна постоперативна радиотерапија. Автологната ткивна реконструкција на дојка обично е резервирана за по радиотерапија, така што ткивото на дојката и градниот кош оштетени од зрачењето, може да се заменат со здраво ткиво од друга регија. Кои фактори влијаат при изборот на методот на реконструкцијаНеколку фактори се клучни при изборот на методот на реконструкција на дојка. Тие ги вклучуваат големината и обликот на дојката што се реконструира, возраста и здравјето на жената, нејзината историја на минати операции, нејзините фактори на ризик за постоперативни компликации (пушење цигари, обезност), достапноста на автологно ткиво и големината на отстранетото ткиво.Што по реконструкција на дојка?Пациентките доаѓаат на редовни контроли. Се прават редовни ехо прегледи и мамографија на здравата дојка. Реконструираната дојка се следи со клинички прегледи и ехо на истата. Се даваат совети и насоки за нега на кожата, масажа на дојката и по потреба, користење на физикална терапија. Реконструкциите се дефинитивни и доживотни, и не бараат замена на имплантот по одредено време.Пациентките кои се заинтересирани за реконструкција на дојка, може да се јават регуларно во амбуланта на Клиниката за Пластична и реконструтивна хирургија, каде ќе добијат сооветен преглед и совет за понатамошен третман.Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет. Прим. Д-р Јасмина Ѓоргиевска ПавловскаСпецијалист пластичен хирург, Директор на ЈЗУ УК за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Rekonstrukcija na dojka mastektomija Реконструкција на дојка Мастектомија 1 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија Ретките болести предизвик за секој лекар Можеби ќе ви се допадне Bookmark UNGUIS INCARNATUS – Враснат нокт јануари 25, 2026 Bookmark Што претставува рак на грлото на матката? јануари 7, 2026 Bookmark Гонартроза (остеоартритис на коленото) декември 29, 2025 Bookmark Женска ќелавост декември 4, 2025 Bookmark Рамно стапало кај децата: што треба да знаат... декември 2, 2025 Bookmark Природни лекови за утринска мачнина во бременост ноември 30, 2025 Bookmark Болка во грбот за време на бременоста ноември 25, 2025 Bookmark Вообичаени причини за болки во стапалата ноември 20, 2025 Bookmark Декубитус ноември 19, 2025 Bookmark Како хормонската терапија влијае на здравјето на срцето... ноември 19, 2025