4,1K Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Стравот е природна и корисна емоција која му помага на човекот да препознае опасност и да реагира соодветно. Во ситуации на реална закана, телото се активира – срцето забрзува, дишењето станува подлабоко, вниманието се изострува. Оваа реакција е дел од нормалниотодбранбен механизам и има за цел да нè заштити.Анксиозноста, од друга страна, претставува слична, но поинтензивна и подолготрајнасостојба која не секогаш е поврзана со реална или непосредна опасност. Таа често семанифестира како постојано чувство на напнатост, грижа или немир, дури и во ситуациикои објективно не се заканувачки.Границата помеѓу нормалниот страв и анксиозноста најчесто се препознава прекуинтензитетот, времетраењето и влијанието врз секојдневното функционирање. Когареакцијата е краткотрајна и поврзана со конкретна закана, станува збор за адаптивен страв. Но, кога грижата е прекумерна, трае со недели или месеци и почнува да го нарушува сонот, концентрацијата и секојдневниот живот, тогаш зборуваме за анксиозно нарушување.Од клиничка перспектива, анксиозноста може да се појави во различни форми. Кајгенерализираното анксиозно нарушување доминира хронична, тешко контролирана грижаза секојдневни работи, придружена со мускулна напнатост, раздразливост и нарушен сон. Од друга страна, паничните напади се карактеризираат со ненадејни епизоди на интензивенстрав, проследени со изразени телесни симптоми – забрзано срцебиење, чувство на гушење, вртоглавица и страв од губење контрола. Овие епизоди често се доживуваат какоживотозагрозувачки, иако не се опасни по живот.Дополнително, анксиозноста често коегзистира со депресија, што може да ја замагликлиничката слика. Пациентите може истовремено да чувствуваат и постојана грижа и снижено расположение, што бара внимателна проценка и индивидуализиран пристап вотретманот.Чести симптоми на анксиозност вклучуваат забрзано срцебиење, потење, треперење, чувство на недостаток на воздух, како и тешкотии со концентрацијата и постојаноочекување дека нешто лошо ќе се случи. Овие симптоми се непријатни, но сами по себе несе опасни.Кога анксиозноста почнува да го ограничува секојдневниот живот – избегнување наситуации, повлекување од активности или намалена работна ефикасност – важно е да сепобара стручна помош. Постојат ефикасни методи на третман, вклучувајќи психотерапија, техники за релаксација и, по потреба, медикаментозна терапија.Препознавањето на разликата помеѓу нормалниот страв и анксиозноста е првиот чекор конподобро разбирање на сопственото ментално здравје. Навремената реакција можезначително да го подобри квалитетот на животот и да спречи продлабочување напроблемот.Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет. Асс. Д-р Бојана ЃорговскаСпецијалист психијатар, ЈЗУ УК за психијатрија Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Анксиозност Страв Anksioznost Strav 1 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДОЈКА ПО МАСТЕКТОМИЈА Можеби ќе ви се допадне Bookmark Безбедност кај работниците изложени на ризик од климатските... март 23, 2026 Bookmark АНКСИОЗНОСТ декември 21, 2022 Bookmark ДЕПРЕСИВНО РАСТРОЈСТВО декември 21, 2022 Bookmark НИМФОМАНИЈА декември 7, 2022 Bookmark ФОБИИ декември 7, 2022 Bookmark ШИЗОФРЕНИЈА – ХРОНИЧНА БОЛЕСТ НА МОЗОКОТ мај 8, 2022