4,3K Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Лимфомите претставуваат малигни заболувања на лимфниот систем и се делат на две главни групи: Хочкинов лимфом и не-Хочкинов лимфоми. Овие заболувања се разликуваат според нивната морфологија, биологијата на туморот и клиничката презентација. Раното откривање и навременото отпочнување на терапијата се од клучно значење, бидејќи ка голем дел од пациентите овозможуваат долготрајна контрола или излекување на болеста.Во современата дијагностика знчајно место има позитронско-емисионата томографија со компјутерска томографија (18F-FDG ПЕТ/КТ), која користи радиофармацевтик – 18-флуородеоксигликоза (18F-FDG).Зошто е важен 18F-FDG ПЕТ/КТ?18F-FDG ПЕТ/КТ во денес претставува една од најважните методи за:– одредување на распространетоста на болеста– проценка на терапевтскиот одговор;– следење на пациентите по завршување на третманот.Повеќето лимфоми се карактеризираат со висока разградба на гликозата присутна во организмот од страна на малигните клетки. Радиофармацевтикот 18F-FDG, кој на хемиско ниво е сличен со гликозата, се акумулира во ткивата со зголемен метаболизам, како на пр малигни клетки, овозможувајќи висока детектабилност на болеста.Кај кои типови на лимфоми има најголема примена?Методата има особено значење кај агресивните лимфоми, како што се:– Хоџкинов лимфом– Дифузно крупноклеточниот Б-лимфом (DLBCL)– Фоликуларниот лимфом.Кај овие заболувања точната проценка на распространетоста на болеста има директновлијание врз изборот на терапија и понатамошното лекување.Подготовка на пациентот за 18F-FDG ПЕТ/КТ прегледПравилната подготовка на пациентот е важен предуслов за добивање на квалитетен и дијагностички сигурен ПЕТ/КТ преглед, со крајна цел избегнување на интепретација на лажно позитивни или лажно негативни резултати.Пред изведување на прегледот се препорачува пациентот да биде добро хидриран и да не внесува храна најмалку четири часа, а оптимално шест часа пред интравенозно инјектирање на 18-флуородеоксигликозата. Во периодот од 4-6 часа пред прегледот не се препорачува консумирање пијалоци освен вода. Редовната терапија најчесто може да се зема вообичаено, освен за антидијабетичните лекови, кои се земаат во согласност со насоките од медицинскиот тим.ПЕТ/КТ процедураЦелокупниот преглед трае околу 90 минути. На пациентот најпрво му се одредува гликемија, која очекуваме да биде под 11.1 mmoL/L за да може да се спроведе прегледот непречено. Потоа во мирна положба му се инјектира радиофармацевтикот и се остава да мирува минимум 1 час пред да биде спроведен на снимање под ПЕТ/КТ камерата.Улогата на 18F-FDG ПЕТ/КТ во менаџирање на третманот кај лимфомите18F-FDG ПЕТ/КТ има значајна улога во повеќе фази од менаџирањето на лимфомите.Методата овозможува прецизно одредување на проширеноста на болеста и детекција на лезии кои понекогаш не се видливи со други дијагностички процедури, како што е компјутерскта томографија (КТ). Кај пациентите со Хоџкинов лимфом и кај дел од пациентите со DLBCL, високата чувствителност на методата може да придонесе за намалување на потребата од дополнителни инвазивни процедури, како на пр. да се избегне спроведување на биопсија на коскена срцевина.ПЕТ/КТ може да се изведе и во текот на хемотерапија (интерим ПЕТ/КТ), со што се овозможува адаптација на терапијата зависно од примарниот одговор, со што се овозможува рана преоценка на одговорот на терпија, адаптација на терапискиот пристап, избегнување неефикасен третман и навремена промена на терапијата доколку е потребно.Во пост-терапевтската проценка, (end of treatment – EOT) 18F-FDG ПЕТ/КТ е доста ефикасен во разликување на фиброзно или некротично ткиво предизвикано од терапискиот ефект од активна/присутна болест. Ова е особено важно кај пациенти сорезидуални маси на КТ, каде што информацијата за метаболната активност од ПЕТ/КТможе да спречи непотребни дополнителни терапии или биопсии.Сепак, ПЕТ/КТ резултатите секогаш треба да се интерпретираат во клинички контекст. Инфламаторни и инфективни процеси може да предизвикаат лажно позитивнирезултати, додека некои индолентни/неагресивни лимфоми имаат послаба акумулацијана 18F-FDG. Затоа, мултидисциплинарниот пристап и корелацијата со клинички, лабораториски и хистопатолошки податоци остануваат суштински.Во заклучок, 18F-FDG ПЕТ/КТ претставува незаменлива дијагностичка алатка воменаџирањето на лимфомите. Комбинацијата од визуелна и квантитативна анализаовозможува попрецизна дијагностика, рана проценка на терапевтски одговор и подобро утврдување на прогнозата од болеста кај овие пациенти.Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет. Д-р Славко ТасевскиСпецијалист по нуклеарна медицина; ЈЗУ Универзитетски институт за позитронско-емисиона томографија (УИПЕТ) Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber ПЕТ КТ лимфоми PET CT limfomi 1 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија Коксартроза (Остеоартроза на колкот) Можеби ќе ви се допадне Bookmark Ретките болести предизвик за секој лекар април 12, 2026 Bookmark Хоџкинов лимфом февруари 3, 2026 Bookmark НИМФОМАНИЈА декември 7, 2022 Bookmark Железо-дефицитна анемија. – Anaemia sideropoenica декември 5, 2022 Bookmark AKUTNE LEUKEMIJE мај 8, 2022