5,2K Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Успешната операција на аблација на ретина претставува важен чекор во зачувувањето на видот, но со завршувањето на хируршката интервенција не завршува и процесот на лекување. Постоперативниот период е време во кое ретината постепено се стабилизира, окото заздравува, а видот се обновува со различна динамика кај секој пациент. Затоа, правилното однесување по операцијата и редовните офталмолошки контроли се значаендел од целокупниот третман.Во првите денови по операцијата видот вообичаено е заматен и не треба да се очекуванегово моментално подобрување. Црвенило на окото, умерена чувствителност, солзење иличувство на туѓо тело можат да бидат присутни во раниот постоперативен период. Подобрувањето на видот најчесто е постепено и може да трае со недели или месеци, а конечниот функционален резултат зависи од повеќе фактори. Особено значајни се состојбата на макулата пред операцијата, времетраењето на нејзиното одлепување, степенот на оштетување на фоторецепторите и комплексноста на самата аблација.При хируршкиот третман со парс плана витректомија, во окото често се остава внатрешнатампонада со гас или силиконско масло, чија цел е да ја одржува ретината стабилно прилепена во периодот на нејзиното заздравување. Гасот постепено се ресорбира, додека силиконското масло може да остане во окото подолг период и, кога клиничката состојба дозволува, се отстранува со дополнителна интервенција. Изборот на тампонадата зависи од типот и комплексноста на аблацијата. Важно е пациентите со гасна тампонада да знаат дека додека гасот е присутен во окото не смеат да патуваат со авион.Кај дел од пациентите по операцијата се препорачува одредена положба на главата и телото. Позиционирањето не е формалност, туку има конкретна функција – овозможува гасот или силиконското масло да создадат соодветна тампонада во пределот на третираната ретина. Потребната положба и времетраењето на позиционирањето не се исти кај ситепациенти и се определуваат од хирургот според локализацијата на ретиналните промени и видот на применетата тампонада.Во периодот на заздравување се применува локална терапија со капки според препораката на офталмологот, а потребно е да се избегнуваат триење и притискање на окото, поголем физички напор и други активности кои хирургот привремено ги ограничил. Враќањето насекојдневните активности е постепено и зависи од текот на постоперативното заздравување. Редовните контроли овозможуваат да се следат положбата на ретината, интраокуларниот притисок, состојбата на макулата и евентуалната појава на постоперативни компликации.Може ли ретината повторно да се одлепи?И покрај успешно изведената операција и стабилното прилепување на ретината, кај одреденброј пациенти може повторно да дојде до нејзино одлепување. Причина може да биде појавана нова ретинална пукнатина, повторна витреоретинална тракција или развој на пролиферативна витреоретинопатија (PVR). Во такви случаи може да биде потребнадополнителна хируршка интервенција, поради што редовните постоперативни контроли и навременото препознавање на нови симптоми имаат особено значење.Повторна појава на светкања, нагло зголемување на лебдечките заматувања, нова сенка или„завеса“ во видното поле, ненадејно намалување на видот, како и изразена болка или црвенило на оперираното око, се симптоми кои бараат офталмолошка проценка без одложување.Операцијата на аблација на ретина е почеток на процесот на анатомско и функционално закрепнување на окото. Правилното позиционирање кога е потребно, редовната примена на терапијата, почитувањето на постоперативните препораки и редовното офталмолошко следење создаваат услови за стабилен постоперативен тек и постигнување на најдобриот можен визуелен исход.Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет. Прим. Д-р Газменд МехметиСпецијалист офталмолог; ЈЗУ Универзитетска клиника за очни болести – Скопје Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber aблација ретина ablacija retina 1 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија ГЕНЕТИКА И ЕПИГЕНЕТИКА: Колку можеме да влијаеме на нашето тело? Можеби ќе ви се допадне Bookmark Аблација на ретина – клиничка слика и современ... мај 29, 2026 Bookmark Оклузија на ретинална вена – тивка васкуларна закана... февруари 4, 2026 Bookmark ГЛАУКОМ – Водечка причина за неповратно губење на... јануари 12, 2026 Bookmark PUPILOPLASTIKA мај 8, 2022