5,K Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber НАЈЧЕСТИ МИТОВИ И ВИСТИНИ ПОВРЗАНИ СО ПОВРЕДА НА РОТАТОРНАТА МАНЖЕТНАРотаторната манжетна претставува комплексен мускулно-тетивен систем кој има клучна улога во динамичката стабилизација и функционалноста на рамениот зглоб. Нејзината анатомска и биомеханичка сложеност овозможува истовремено одржување на стабилноста на гленохумералниот зглоб и изведување на широк опсег на движења. За разлика од зглобовите со изразена коскена конгруентност, рамениот зглоб се потпира во голема мера на мекоткивните стабилизатори, меѓу кои ротаторната манжетна, а со тоа таа има централна улога.Ротаторната манжетна ја сочинуваат четири мускули и нивните тетиви: супраспинатус, инфраспинатус, терес минор и субскапуларис. Нивната функција е да ја стабилизираат главата на хумерусот во гленоидалната јама и да овозможат контролирани движења на рамото.Повредите може да се манифестираат со болка при подигање на раката, ноќна болка, слабост и ограничување на секојдневните активности. Разбирањето на разликата меѓу вообичаените митови и медицинските факти е важно за навремена дијагноза и избор на соодветен третман.Анатомски состав на ротаторната манжетнаРотаторната манжетна ја сочинуваат четири мускули: m. supraspinatus, m. infraspinatus, m. teres minor и m. subscapularis. Нивните тетиви се припојуваат на проксималниот хумерус и функционално дејствуваат како интегрирана единица околу главата на нaдлакотната коска.Мускулот супраспинатус учествува во започнувањето и контролата на абдукцијата, но неговата функција не е ограничена само на иницијалната фаза на движењето. Тој придонесува и за центрирањето на главата на хумерусот во гленоидалната јама. Поради анатомската изложеност и механичкото оптоварување, тетивата на супраспинатусот често е зафатена кај дегенеративните руптури.Мускулот инфраспинатус има улога во надворешната ротација на надлактицата, со значаен придонес кон задната динамичка стабилност на рамото.Мускулот терес минор учествува во надворешната ротација и помага во стабилизацијата на главата на хумерусот. Повредите на оваа тетива се поретки во изолација и често се разгледуваат во контекст на пошироки постеросупериорни руптури.Мускулот субскапуларис е главниот внатрешен ротатор меѓу мускулите на манжетната и има важна улога во предната стабилизација на рамениот зглоб. Неговата тетива е анатомски поврзана со предниот дел на зглобната капсула.Анатомски особеностиПознавањето на анатомијата помага да се разјаснат неколку чести заблуди. Прво, зачуваната активна абдукција не ја исклучува руптурата на супраспинатусот, бидејќи останатите структури можат делумно да ја компензираат неговата функција. Второ, присуството на болка не е доволен доказ за анатомски дефект, бидејќи симптомите може да потекнуваат од тетивна дегенерација, капсула или други структури на рамото. Трето, големината на руптурата не секогаш е директно пропорционална со интензитетот на болката, бидејќи клиничката слика зависи од повеќе анатомски и функционални фактори.Ултразвучната дијагностика и магнетната резонанца овозможуваат процена на континуитетот на тетивите, големината на дефектот, ретракцијата и состојбата на мускулите. Сепак, наодите мора да се корелираат со клиничкиот преглед, бидејќи структурни промени може да бидат присутни и кај пациенти без симптоми.Повредите на ротаторната манжетна претставуваат честа причина за болка, намалена подвижност и функционално ограничување на рамениот зглоб. Тие може да настанат како резултат на акутна траума или постепени дегенеративни промени поврзани со возраста и повторувачките оптоварувања. Во јавноста постојат бројни заблуди во врска со нивната дијагноза, лекување и прогнозата. Целта на ова е да се прикажат најчестите митови и научно заснованите вистини за повредите на ротаторната манжетна, со цел подобрување на информираноста на пациентите и унапредување на нивниот пристап кон лекувањето.Најчести митови и вистиниРазграничувањето на митовите од медицинските факти е важно за спречување на непотребен страв, одложување на дијагнозата и нереални очекувања од лекувањето. Не секоја болка значи руптура, не секоја руптура бара оперативно лекување. Одлуката за третман треба да се донесе индивидуално, земајќи ги предвид клиничкиот наод, резултатите од снимањето и функционалните потреби на пациентот.Особено внимание треба да се посвети на акутните трауматски руптури со изразена слабост, бидејќи навремената ортопедска процена може да биде важна за планирањето на понатамошниот третман.Мит 1: Секоја болка во рамото значи руптура на ротаторната манжетнаВистина: Болката во рамото може да биде последица на тендинопатија, субакромијален болен синдром, бурзитис, калцифицирачка тендинопатија, адхезивен капсулитис или патологија на акромиоклавикуларниот зглоб. Дијагнозата се поставува врз основа на анамнеза, клинички преглед и, кога е индицирано, ултразвучна или магнетнорезонантна дијагностика.Мит 2: Руптура на ротаторната манжетна се јавува само кај спортисти и физички активни лицаВистина: Повредите може да се јават кај секого. Акутните руптури често се поврзани со пад или нагло оптоварување, додека дегенеративните руптури се почести со напредувањето на возраста. Повторувачките надглавни активности можат дополнително да го зголемат ризикот.Мит 3: Ако пациентот може да ја подигне раката, ротаторната манжетна не е скинатаВистина: Делумна, па дури и целосна руптура може да постои и покрај зачуваната активна подвижност. Другите мускули можат делумно да ја компензираат функцијата на оштетената тетива. Затоа, зачуваната подвижност не ја исклучува руптурата, особено ако постојат болка и слабост.Мит 4: Секоја руптура бара оперативно лекувањеВистина: Третманот зависи од големината и локализацијата на руптурата, нејзиното потекло, степенот на слабост, возраста, функционалните потреби и придружните заболувања. Кај многу пациенти се започнува со конзервативно лекување, кое вклучува модификација на активностите, соодветна аналгезија и физиотерапија. Оперативното лекување се разгледува кај одбрани пациенти, особено при акутна трауматска руптура со значајна слабост или перзистентни симптоми и функционално ограничување.Мит 5: Одморот е доволен за целосно заздравување на секоја руптураВистина: Намалувањето на активностите може да ја ублажи болката, но не гарантира анатомско зараснување на целосната руптура. Тетивното ткиво има ограничен потенцијал за спонтано зараснување. Рехабилитацијата помага да се подобрат силата, контролата и функцијата на рамото, иако структурниот дефект може да остане.Мит 6: Вежбите секогаш ја влошуваат повредатаВистина: Правилно дозирани и индивидуално приспособени вежби се важен дел од конзервативниот третман и постоперативната рехабилитација. Сепак, несоодветните вежби и прераното оптоварување може да ги зголемат симптомите. Програмата треба да се приспособи на видот на повредата, болката и фазата на лекување.Мит 7: Магнетната резонанца сама по себе ја одредува потребата од операцијаВистина: Магнетната резонанца овозможува процена на големината на руптурата, повлекувањето на тетивата, атрофијата и масната инфилтрација на мускулите. Сепак, наодот мора да се толкува во контекст на клиничката слика. Структурни промени може да се откријат и кај лица без симптоми, особено кај повозрасната популација.Мит 8: По операција, рамото веднаш може да се користи нормалноВистина: По хируршка реконструкција на ротаторната манжетна,неопходна е постепена и контролирана рехабилитација. Времетраењето на имобилизацијата и напредувањето на вежбите зависат од големината на руптурата, квалитетот на тетивата, начинот на фиксација и процената на хирургот. Прераното оптоварување може да го компромитира зараснувањето.Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет. Д-р Корнелија ЃорѓиескаСпецијалист ортопед, ЈЗУ УК за ортопедски болести Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Рамо Болка Ramo Bolka 1 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија Невромиелитис оптика (NMO или Девикова болест) Можеби ќе ви се допадне Bookmark Коксартроза (Остеоартроза на колкот) мај 7, 2026 Bookmark РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДОЈКА ПО МАСТЕКТОМИЈА април 21, 2026 Bookmark UNGUIS INCARNATUS – Враснат нокт јануари 25, 2026 Bookmark Гонартроза (остеоартритис на коленото) декември 29, 2025 Bookmark Рамно стапало кај децата: што треба да знаат... декември 2, 2025 Bookmark Вообичаени причини за болки во стапалата ноември 20, 2025 Bookmark Декубитус ноември 19, 2025 Bookmark ИЛЕУС (ИНТЕСТИНАЛНА ОПСТРУКЦИЈА) мај 8, 2022