4,8K Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Убодите од пчела, оса и стршлен се чест причинител на алергиски реакции. Кај најголем дел од луѓето реакцијата останува ограничена на местото на убодот и се манифестира со болка, црвенило и оток. Кај лица со развиена преосетливост кон компонентите на инсектниот отров (веном), реакцијата може да ги надмине локалните симптоми и да зафати повеќе органски системи, а во најтешките случаи да се манифестира како анафилакса.Веномот содржи биолошки активни компоненти и протеини со алергенски потенцијал. Во процесот на сензибилизација, имунолошкиот систем создава специфични IgE антитела кон одредени алергени од веномот. При изложеност на соодветниот алерген кај веќе сензибилизирано лице може да дојде до брзо ослободување на хистамин и други воспалителни медијатори и развој на непосредна алергиска реакција.Клиничка сликаСе разликуваат локална реакција, голема локална реакција и системска алергиска реакција.Локалната реакција се манифестира со болка, црвенило и ограничен оток на местото на убодот. Големата локална реакција се карактеризира со оток поголем од 10 cm, кој може да се зголемува во првите 24–48 часа и да трае неколку дена.Кај системската реакција симптомите се јавуваат и надвор од местото на убодот. Може да се појават генерализирана уртикарија, интензивен јадеж, оток на усните, јазикот или грлото, отежнато дишење, свирење во градите, вртоглавица, пад на крвниот притисок или губење на свеста. Најтешката форма е анафилаксата – акутна, брзо прогресивна и потенцијално животозагрозувачка реакција која бара итно лекување.Дијагностичка проценкаПо системска алергиска реакција е потребна детална алерголошка проценка. Особено значење имаат податоците за видот на инсектот, времето од убодот до појавата на симптомите, тежината на реакцијата и претходни слични епизоди.Дијагностиката се дополнува со кожни алерголошки тестови и/или определување на специфични IgE антитела кон веномот. Резултатите се интерпретираат во контекст на клиничката слика. Кај пациенти со тешки системски реакции, определувањето на базалната серумска триптаза може дополнително да помогне во проценката на индивидуалниот ризик.Третман на акутната реакцијаКај анафилакса, интрамускулниот адреналин е терапија од прв избор и неговата примена не треба да се одложува. Антихистаминиците можат да помогнат во контролата на кожните симптоми, додека кортикостероидите во одредени случаи се применуваат како дополнителна терапија. И едните и другите имаат помошна улога и не претставуваат замена за адреналинот.Пациентите со претходна системска реакција треба да имаат индивидуален план за постапување при повторен убод. Доколку се појават системски симптоми и пациентот има пропишан адреналински автоинјектор, тој треба да се примени веднаш, по што без одложување треба да се побара итна медицинска помош. По консултација со дерматолог/алерголог, во планот може да бидат вклучени и антихистаминик и орален кортикостероид како дополнителна терапија.Превенција при повторен убодСе препорачува намалување на изложеноста на ризични ситуации, особено при престој во природа, работа во градина или на места со зголемено присуство на пчели, оси и стршлени. Пожелно е носење затворени обувки и соодветна облека, како и претпазливост при консумирање храна и пијалаци на отворено и во близина на гнезда, отпад или паднато овошје.Веном-имунотерапијаКај соодветно селектирани пациенти со потврдена алергија на инсектен веном се применува веном-имунотерапија (VIT). Во контролирани услови се администрираат постепено зголемени дози од соодветниот веном сè до постигнување одржувачка доза.Целта на VIT е создавање имунолошка толеранција и значително намалување на ризикот од системска алергиска реакција при следен убод. За разлика од терапијата што се применува откако реакцијата веќе започнала, веном-имунотерапијата претставува долгорочен превентивен пристап насочен кон самата алергиска преосетливост.Правилното разликување на локалната од системската реакција, навременото препознавање на анафилаксата и соодветната алерголошка проценка се клучни за намалување на ризикот при идни убоди.Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет. Прим. Д-р Кујтиме Рушити МехметиСпецијалист дерматовенеролог, ЈЗУ УК за дерматовенерологија Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Алергија убод од инсекти Alergija ubod od insekti 1 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија СИНДРОМA GUILLAIN-BARRÉ Можеби ќе ви се допадне Bookmark ПРОШИРЕНИ (ВАРИКОЗНИ) ВЕНИ март 4, 2026 Bookmark Базоцелуларен карцином јануари 19, 2026 Bookmark Нега на кожата за заштита од загадувањето на... декември 1, 2025 Bookmark Розацеа ноември 30, 2025 Bookmark Како да се третира убодот од оса ноември 26, 2025 Bookmark Алопеција ареата ноември 26, 2025 Bookmark Витилиго ноември 24, 2025 Bookmark Вообичаени причини за болки во стапалата ноември 20, 2025 Bookmark Декубитус ноември 19, 2025 Bookmark ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ И СОВЕТИ ЗА АЛЕРГИИ декември 24, 2022