3,3K Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Антибиотиците се сметаат за едно од најголемите достигнувања на модерната медицината, кои низ годините овозможиле лекување на инфекции од различна бактериска природа, помогнале во безбедно изведување на различни операции и лекувале низа компликации по тоа со што спасиле милиони животи од кога почнала нивната широка употреба. Како одат годините и медицината напредува, така народот поведен од страв ‘’ДА НЕ СЕ ВЛОШИ, ДА НЕ СЕ СПУШТИ НА ГРАДИ’’ и слично прави сериозни грешки при употребата на антибиотиците и со самото тоа постепено се доведуваме до ситуација позната како АНТИБИОТСКА РЕЗИСТЕНЦИЈА.Што е антибиотска резистенција?Тоа е појава кога бактериите се постепено се менуваат (мутираат), ги научуваат антибиотиците кои сме ги користеле и стануваат отпорни на истите оние антибиотици коишто претходно ги уништувале и лесно поразувале бактериите. Во тој случај лекот повеќе не делува, инфекциите траат подолго, стануваат се потешки, а ризикот од компликации особено расте, а со самото тоа опасноста од смртен исход особено кај повозразни е се поголема. Основните причини зошто се зголемува резистенцијата е следнава:1. Прекумерна употреба на антибиотици кои се препишуваат без никаква потреба, без преглед и без објективни лабораториски, микробиолошки и друг тип на релевантни дијагностики.2. Многу честото користење (особено во Македонија) за лекување на вирусни инфекции (настинки, грип, ковид), каде што кај што не делуваат туку може да направат и поголема штета и да придизвикаат поголем пад на имунитетот, а со тоа и компликација на веќе присутната симптоматологија.3. Прекин на оправданата антибиотска терапија порано од предвиденото (една од најчестите навики на пациетите е да ги пијат антибиотиците се до моментот на исчезнување на симптомите иако за сите бактерии микробиолошки е потврдена кој тип и колкава доза од кој антибиотик колку дена треба да се прима. Се пократко од препишаното е опасносно за враќање на инфекцијата и развивање на резистенција на антибиотикот на кој претходно бактерија била сензитивна).4. Земање на антибиотици како превенција во случај на разболување (ова е најсоодветен пример за неукоста која владее меѓу населението, но и дел од лекарите каде антибиотик се дава како профилакса, нешто што модерната медицина не го одобрува зошто делувањето на антибиотиците е сосема поинакво).5. Се почестата употреба на антибиотици во сточарството и земјоделието кое потоа ги контаминира месните и растителните продукти кои сите ние ги конзумираме.Што сето горенаведено би значело за нашата иднина?Ако ваквата антибиотска резистенција продолжи да расте и да опфаќа се поголеми групи антибиотици ќе се соочиме со состојби каде 1. Најобичните инфекции може повторно да станат смртоносни.2. Операциите и породувањата да се ризични, а посоперативните инфекции тешко излечливи.3. Зголемен број на интрахоспитални инфекции кои ќе покажуваат широко ниво на резистентност.4. Губење на можеби најсериозното оружје кое го имаме во моментов против бактериските инфекции.Што можеме да направиме и како да постапуваме во иднина со цел да делуваме врз намалување на оваа се поголема антибиотска резистенција:1. Антибиотик да се зема исклучиво по препорака на лекар.2. Терапијата да се пие исклучиво согласно препораките, без прекини и своеволни толкувања.3. Да не се земаат превентивно поради страв да не се разболиме.4. НИКАКО да не се пијат зошто сте качиле температура (НЕ СЕ ЛЕК ЗА ТЕМПЕРАТУРА)5. Да се има трпение и да направат сите потребни лабораториски и микробиолошки анализи пред да се донесе одлука да се пие антибиотик.6. Најважно, РЕДОВНА ЕДУКАЦИЈА како за населението, така и за лекарите.Антибиотиците се најголемото богатство кое медицина ни го има дадено на нас како луѓе, а на нас е да пазиме како го трошиме истото. Секоја злоупотреба на истите со текот на времето ќе се одразува на самите нас и на нашите животи за кои тие се наменети да ги спасат.ОДГОВОРНО КОРИСТЕЊЕ ДЕНЕС, ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ СПАСЕНИ ЖИВОТИ УТРЕ!Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет. Д-р Бојан ТрајковскиДоктор по општа медицина; ПЗУ Медика Вера Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Antibiotici Антибиотици 0 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија Улогата на ехокардиографијата кај некардиолошки заболувања next post Дијабетична невропатија Можеби ќе ви се допадне Bookmark Tелесна температура јануари 11, 2026 Bookmark АКУТЕН ИНФЕКТИВЕН ГАСТРОЕНТЕРИТИС – АЛИМЕНТАРНИ ИНТОКСИКАЦИИ декември 21, 2025 Bookmark Што се случува со вашето тело кога држите... декември 4, 2025 Bookmark Нега на кожата за заштита од загадувањето на... декември 1, 2025 Bookmark АКУТНИ ВИРУСНИ ХЕПАТИТИ декември 28, 2022 Bookmark АКУТНИ ИНФЕКТИВНИ ПРОЛИВИ декември 22, 2022 Bookmark ПИЛАТЕС декември 7, 2022 Bookmark ГОЛЕМИ СИПАНИЦИ (ВАРИОЛА ВЕРА) мај 8, 2022 Bookmark ХУМАН ПАПИЛОМА ВИРУС, (HPV) ИНФЕКЦИЈА мај 8, 2022