3,1K Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Акутен миокарден инфаркт претставува животозагрозувачка состојба предизвикана од ненадеен прекин на протокот на крв на една од коронарните артерии.Кај миокардниот инфаркт настанува руптура на атеросклеротска плака со формирање на оклузивен тромб. Поретки причини се ерозија на атеросклеротска плака, дисекција на коронарна артерија (почесто кај жени), емболизација и вазоспазам.ЕтиологијаНајчести причини за срцевиот удар се исти како кај коронарната артериска болест и може да се поделат во две групи:Модифицирачки ризик фактори:покачениот крвен притисокхиперлипидемијашеќерната болестпушењетозголемената телесна тежинаНемодифицирачки ризик фактори:Позитивна фамилијарна анамнезаМашки полКлиничка сликаРетростерналната болка е доминантен симптом. Пациентите ја опишуваат како стегање, печење, жежење, тежина во пределот на градите. Болката е слична како кај стабилна коронарна болест (ангина пекторис), но трае подолго, со посилен интензитет, не се смирува од давањето на нитроглицерин сублингвално или доколку се јави при физичка активност не се смирува од преќинувањето на истата. Болката често се шири кон левата рака и долната вилица а во поретки случаи особено кај возрасни и пациенти со шеќерна болест може да има атипични симптоми како отежнато дишење, граден дискомфорт, болки во епигастриум, нагони за повраќање.ДијагнозаДијагнозата се поставува врз база на ЕКГ знаци за акутен миокарден инфаркт-СТ сегментна елевација повеќе од 2мм во два последователни одводи за прекордијалните одводи(V1-V6) или СТ сегментна елевација повеќе од 1мм за стандардните одводи(D1,D2,D3,aVF,aVL).Срцевите специфични тропонини се оптимални биомаркери за евалуација на пациенти со СТЕМИ и се знак за миокардна некроза.Се покачуваат во првите неколку часа од почетокот на срцевиот удар и остануваат покачени 7-14 дена.ЛекувањеТретманот на пациентите со акутен миокарден инфаркт вклучува давање на– Антиагрегантна тхАцетилсалицилна киселина 300 мгКлопидогрел 600 мг или Прасугрел 60мг или Тикагрелор 180мг– Антикоагулантна тхНискомолекуларен хепарин (Enoxaparine, Fraxiparine)илиНефракциониран хепарин во дози 70/100 ИЕ/кг т.т– Антисхемична тхБ-блокатори-докажано е дека раното внесување на оваа тероија води до намалување на зоната на некроза кај пациентите со АМИНитроглицерин-Може да се дава сублингвално преку 5 мин до смирување на болките или до пад на крвниот притисок под 30% од иницијалниот. Треба да сe избегнува кај пациенти со низок крвен притисок, пациенти со инфаркт на долниот sид и пациенти кој претходно користеле фосфодиестеразни инхибитори (Виагра).– Третман на болкаМорфин, ФентанилНСАИЛ се контраиндицирани кај пациентите со акутен миокарден инфаркт заради тоа што го зголемуваат ризикот од руптура на меѓукоморна преграда– Реперфузиона стратегија-Заради тоа што во основа на срцевиот удар е комплетна оклузија на една од коронарните артерии постојат две стратегии за реканализација на истите и тоа по строго дефинирани протоколиПримарна перкутана коронарна интервенција (PPCI) – низ артерија во пределот на раката (радијална) се внесува кратко цевче низ кое со специјални катетри се стигнува до коронарните артерии кој што ќе се прикажат со контраст и на тој начин ќе се детектира местото на комплетна оклузија на коронарната артерија.На местото на стеснувањето се поставува метална протеза (стент) што ќе ја држи артеријата отворена.Фибринолиза – Доколку во населеното место не постои специјализирана установа за инвазивни процедури (коронарографија) се дава фибринолитичка терапија при што се врши фармаколошка реканализација на коронарната артерија.Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет. Ас. Д-р Иван ВасилевСпецијалист интервентен кардиолог; ЈЗУ УК за кардиологија Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber АМИ - СТЕМИ Акутен миокарден инфаркт Akuten miokarden infarkt AMI - STEMI 0 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија Хашимотов тироидит next post МИЈАСТЕНИЈА ГРАВИС Можеби ќе ви се допадне Bookmark Брадикардија: Кога бавниот срцев ритам станува проблем? јануари 9, 2026 Bookmark Преткоморна (Атријална) фибрилација: Комплексна и честа состојба на... ноември 13, 2025 АКУТЕН МИОКАРДЕН ИНФАРКТ- STEMI декември 11, 2022 Bookmark СРЦЕВ УДАР (МИОКАРДЕН ИНФАРКТ) декември 2, 2022 Bookmark НИЗОК КРВЕН ПРИТИСОК (ХИПОТЕНЗИЈА) ноември 29, 2022 Bookmark АРТЕРИЈАЛНА ХИПЕРТЕНЗИЈА (ВИСОК КРВЕН ПРИТИСОК) мај 8, 2022