416 Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Нимфоманијатa се дефинира како претерана желба за сексуален однос кај жените. Понекогаш може да биде поврзана со непотполн развој на личноста. Таква личност е неспособна да одржи длабока, трајна врска и може да одржува само површни и минливи односи. Нимфоманија е лаички израз за жена чиј сексуален нагон или сексуална активност субјективно e оценет како претерано интензивен. Зборот нимфоманија е од грчко потекло и значи „девојкино лудило“. Овој израз не е научно значаен поради тоа што не постојат специфични критериуми кои дефинираат колкава сексуална желба или активност може да се дефинира како преголема. Главно обележjе на овие состојби е претерана потреба за сексуална активност, која исклучително влијае врз останатите животни активности; нема емоционални интимости и наспроти честите оргазми, сексуалната активност не е задоволувачка. Во денешното општество личност од женскиот пол со ова пореметување многу често се етикетира и социјално се дискриминира. Многу мажи го злоупотребуваат поимот за жена која има голем сексуален нагон, па ја користат оваа етикета за да го сочуваат своето его. Освен тоа, и некои жени со намалено либидо сексуалната желба на нивниот партнер често ја карактеризираат како прејак сексуален нагон. Разликата е во двојниот стандард кој постои во нашето општество, каде што маж со „претеран“ сексуален нагон и со многу партнерки се нарекува „пастув“ и ужива голем углед, додека таквата жена се нарекува нимфоманка, што обично има негативна конотација. Порнографските списанија, книги и филмови главно ја имаат истата порака. Меѓутоа, треба да се напомене дека и зголемената сексуална активност на мажите исто така е карактеризирана како пореметување, наречено сатиријаза или хиперфилија. Поради културолошкото задоволство на нашето поднебје, на овој поим не му се дава ни половично значење како на нимфоманијата. Нимфоманијата се изразува во непрестајна потреба за сексуално задоволување, било преку сексуален однос со маж или жена, било преку маструбација. Нимфоманките најчесто ги комбинираат сите тие облици на сексуално задоволување. Тоа се обично психички нестабилни личности. Понекогаш нимфоманијата е прв знак на душевно заболување. Некои жени нимфоманијата ги води до проституција. Мој ДокторДобивај ги најважните вести бесплатно на Viber 0 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија ФОБИИ next post ПИЛАТЕС Можеби ќе ви се допадне Bookmark Што претставува рак на грлото на матката? јануари 7, 2026 Bookmark Женска ќелавост декември 4, 2025 Bookmark Природни лекови за утринска мачнина во бременост ноември 30, 2025 Bookmark Болка во грбот за време на бременоста ноември 25, 2025 Bookmark Како хормонската терапија влијае на здравјето на срцето... ноември 19, 2025 Bookmark АНКСИОЗНОСТ декември 21, 2022 Bookmark ДЕПРЕСИВНО РАСТРОЈСТВО декември 21, 2022 Bookmark ПРОШИРЕНИ (ВАРИКОЗНИ) ВЕНИ декември 19, 2022 Bookmark ФОБИИ декември 7, 2022 Bookmark ЧЕСТИ ИНФЕКЦИИ ВО ТЕКОТ НА БРЕМЕНОСТА декември 5, 2022