2,8K Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Базоцелуларен карцином (Carcinoma basocellulare) е најчестиот малигнен тумор на кожата кај белата раса, а воедно и тумор со најдобра прогноза бидејќи стапката на смртност кај овие пациенти е исклучително мала. Се карактеризира со бавен развој и локален инфилтративно-деструктивен раст. Исклучително ретко метастазира, но може да рецидивира (повторно да се појави). Се смета дека најважен фактор во неговото појавување е ултравиолетовото зрачење, и тоа хроничната експозиција, потоа кожниот фототип (светол тен, светла/црвена коса, светли очи), алтериран имунитет и напредна восраст.Како се манифестира карцином на базалните клетки?Базоцелуларниот карцином обично се развива на фотоекспонирани области (делови од кожата кои се изложени на сонце), најчесто на главата (лицето) и вратот, а поретко на трупот (покриени делови на кожата).Првите промени кои се појавуваат се во вид на израсток на јазолче или рана која не зараснува. Постојат неколку клиничко-хистолошки типови на базоцелуларниот карцином, кои лесто се поклопуваат, но имаат различно клиничко однсување и прогноза. Нодуларниот тип е најчест. Започнува во форма на транслуцентен (сјаен) јазлол со различна големина, тврдо-еластична конзистентности видливи крвни садови на површината. Туморот има бавен раст и може да улцерира. Најчеста локализација е лицето.Површинскиот тип (Carcinoma basocellulare superficiale) се јавува најчесто на трупот (грб) и екстремитетите во вид на еритематозна (црвенкаста) плака со дискретно лупење и може да личи на егзема или псоријаза. Има многу бавна еволуција и може да достигне различни големини. Овој клинички е најмалку агресивен и може да се третира и со локални тераписки модалитети.Пигментираниот тип (Epithelioma basocellulare pigmentosum) се карактеризира со темно кафеава до црна плака или јазолче. Најчесто добива нодуларни или нодуларно-улцерозни карактеристики. Почесто се јавува кај луѓе со темна кожа, коса и очи. Овој клиничко-хистолошки подтип важно е да се разликува од малигниот меланом.Улцеративниот тип (Ulcus rodens) започнува со мала рана, обично по некоја микроповреда, гребнатинка итн. Раната е со неправилна форма, безболна, покриена со валкана жолта, кафена до темна кора, која повремено отпаѓа и се заменува со нова, а раната не зараснува туку постепено се шири и продлабочува. Рабовите се неправилни, остри, рамни со околната кожа или малку подигнати.Подлабока варијанта на оваа форма е Ulcus terebrans , каде настанува деструкција на кожата по целата нејзина длабочина, но и на поткожните структури ( фасции,мускулното ткиво, крвните и нервните структури, коскените елементи), што доведува до многу обемни дефекти и обезличување. Обично се наоѓа во пределот на лицето и главата.Склерозирачкиот тип (Epithelioma basocellulare sclerodermiforms) обично се појавува на лицето како малку подигната, бледо жолтеникава плоча со мазна површина.Кои се факторите на ризик за карцином на базалните клетки?Фактори кои го зголемуваат ризикот од базоцелуларниот карцином вклучуваат:• Хронично изложување на сонце без соодветна заштита;• Фототерапија• Светол фототип• Пол (базоцелуларен карцином се јавува почесто кај мажите);• Возраст (често се јавува по 50-годишна возраст);• Семејна историја на болест (постоење на тумори на кожата кај роднини);• Имуносупресивни лекови (луѓето кои користат имуносупресивни лекови, особено по трансплантација на органи, може да бидат склони кон развој на тумори);• Изложеност на арсен;• Во склоп на синдроми Како се дијагностицира карцином на базалните клетки?Прелиминарна дијагноза се поставува на основа на клинички и дермоскопскипреглед, а потврда на дијагнозата се добива со хистопатолошка анализа. Како се третира карциномот на базалните клетки?Терапевтскиот пристап зависи од локализацијата, големината на промената и општата состојба на пациентот. Најчесто третманот опфаќа хируршка ексцизија, според стандардни хируршки протоколи. Други методи вклучуваат електродисекција, киретажа, криохирургија, терапија со зрачење, имунотерапија како и примена на локални препарати (5 флуороурацил, имиквимод).Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет. Ас. д-р Маја ДимоваСпецијалист дерматовенеролог ЈЗУ УК за дерматовенерологија Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber БЦЦ базоцелуларен карцином BCC bazocelularen karcinom 0 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија ГЛАУКОМ – Водечка причина за неповратно губење на видот Можеби ќе ви се допадне Bookmark Нега на кожата за заштита од загадувањето на... декември 1, 2025 Bookmark Розацеа ноември 30, 2025 Bookmark Алопеција ареата ноември 26, 2025 Bookmark Витилиго ноември 24, 2025 Bookmark Вообичаени причини за болки во стапалата ноември 20, 2025 Bookmark Декубитус ноември 19, 2025 Bookmark БАЗОЦЕЛУЛАРЕН КАРЦИНОМ декември 22, 2022 Bookmark ПРОШИРЕНИ (ВАРИКОЗНИ) ВЕНИ декември 19, 2022 Bookmark ПСОРИЈАЗА (Psoriasis Vulgaris) декември 19, 2022 Bookmark ХУМАН ПАПИЛОМА ВИРУС, (HPV) ИНФЕКЦИЈА мај 8, 2022