1,5K Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Розацеа е често кожно заболување кое предизвикува повторувачко зацрвенување или долготрајно црвенило на лицето, телеангиектазии(проширени крни садови), папули или пустули на носот, брадата, образите и челото.Симптомите можат да се појавуваат периодично и да траат недели или месеци, а потоа да се повлечат за одреден период.Постојат четири клинички подтипови на розацеа врз основа на доминантните знаци и симптоми: еритемо-телеангиектатична, папуло–пустуларна, фиматозна и окуларна, притоа подтиповите меѓусебноне се исклучуваат. Пациентите може да имаат карактеристики на повеќе подтипови, а доминантните карактеристики и области на зафатеност можат да се менуваат со текот на времето. Над 50% од пациентите со розацеаимаат зафатеност на очите со симптоми кои вклучуваат сувост, црвенило, солзење, чувство на пецкање/печење, чувство на туѓо тело, чувствителност на светлина и заматен вид. Покрај симптомите на кожата и очите, розацеата може да предизвика вознемиреност, срам и депресија и може да има значително влијание врз квалитетот на животот. Иако обично е ограничена на кожата, пријавена е поврзаност на розацеа со системски коморбидитети како што се невролошки заболувања, воспалителни заболувања на цревата и кардиоваскуларни заболувања. Етиологија на розацеа не е целосно разјснета. Генетиката, имунолошкатареакција, микроорганизмите, факторите на животната средина и невроваскуларната дисрегулација се меѓу познатите етиолошки фактори за развој на розацеа. Покрај тоа, покрај познатиот ефект на изложеноста на ултравиолетово (UV) зрачење како тригер за розацеа, таа може да игра улога и во етиологијата на болеста. Улогата на генетиката е поткрепена со поголема инциденца на болест кај пациенти со семејна историја на розацеа. Меѓу микроорганизмите, Demodex грините се чини дека играат улога во розацеата бидејќи се наоѓаат во поголем број отколку кај здравите индивидуи, иако не е јасно дали ова е причина или последица на розацеа.Helicobacter pylori е друг организам со пријавена поврзаност со розацеа.Епидемиолошките студии покажуваат дека околу 5% од светската популација има розацеа, со предоминација на женскиот пол.За поставување на дијагноза и доволен клинички преглед од дерматолог, а кожна биопсија се прави само ако постои сомнение за друго посериозно заболување.Терапијата зависи од клиничката форма на болеста. Основно е да се избегнуваат провоцирачки или тригер фактори, како што се топлина, УВ зрачење, пареа, зачинета храна, алкохол, никотин и др. Универзалните препораки за нега на кожата за сите пациенти со розацеавклучуваат средства за чистење на кожата со балансирана pH вредност ,заштитни кремови за сончање со широк спектар со SPF 30 или повисок и редовна употреба на хидратантни кремови. Поголемиот дел од терапиите имаат за цел да го намалат воспалението и присуството на Demodex folliculorumнајлесто со употреба на локален гел или крем Метронидазол. Перзистентниот еритем и телеангиектазиите не се целосно секундарни на воспалението и често бараат третман насочен кон васкулатурата на кожата, како што се бримонидин, оксиметазолин или васкуларен ласер. Фиматозните промени на розацеата резултираат со неповратни промени на кожата кои бараат хируршка интервенција кога е индицирано. Ас. д-р Маја ДимоваСпецијалист дерматовенеролог ЈЗУ УК за дерматовенерологија Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber розацеа rozacea kozha 0 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија Влијанието на технологијата врз развојот на децата next post Природни лекови за утринска мачнина во бременост Можеби ќе ви се допадне Bookmark Базоцелуларен карцином јануари 19, 2026 Bookmark Нега на кожата за заштита од загадувањето на... декември 1, 2025 Bookmark Алопеција ареата ноември 26, 2025 Bookmark Витилиго ноември 24, 2025 Bookmark Вообичаени причини за болки во стапалата ноември 20, 2025 Bookmark Декубитус ноември 19, 2025 Bookmark БАЗОЦЕЛУЛАРЕН КАРЦИНОМ декември 22, 2022 Bookmark ПРОШИРЕНИ (ВАРИКОЗНИ) ВЕНИ декември 19, 2022 Bookmark ПСОРИЈАЗА (Psoriasis Vulgaris) декември 19, 2022 Bookmark ХУМАН ПАПИЛОМА ВИРУС, (HPV) ИНФЕКЦИЈА мај 8, 2022