1,5K Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Албуминуријата претставува маркер за структурно оштетување на гломеруларната базалнамембрана. Иако минимални количини албумин нормално може да се пронајдат во урината, нивото значително се зголемува уште во најраните фази на хронична бубрежна болест(ХББ). Затоа, мерењето на uACR во “spot” примерок од уринарен стана препорачанаметода од сите современи водичи, вклучувајќи ги KDIGO, ADA, ESC/EASD и нефролошките здруженија во Европа и САД.Што претставува uACR?uACR е однос меѓу концентрацијата на албумин (mg/L или mg/dL) и концентрацијата накреатинин (mmol/L или mg/dL) во ист примерок од урина. Креатининот служи какокорективен фактор, бидејќи неговото излачување е релативно стабилно кај индивидуата и помага да се контролираат промените во волуменот на урината. Ова го прави uACRзначително посигурен индикатор за албуминурија од единечна мерење на албумин во урина.Методолошки аспекти и аналитички карактеристики• Примерок: најчесто утринска, но може и “spot” урина, поради помала варијабилност.• Мерни техники: имунолошки методи (имунтурбидиметрија или имунонефелометрија) совисока аналитичка чувствителност.• Единици: mg албумин/g креатинин (САД) или mg/mmol (Европа).• Преданалитички фактори: физички напор, температура, инфекции, менструација и дехидратација може привремено да ја зголемат албуминуријата; затоа позитивнитерезултати се повторуваат најмалку 2–3 пати во период од неколку месеци.Клиничко толкување на uACRСпоред KDIGO, степените на албуминурија се:КатегоријаuACRЗначењеA1< 30 mg/g (<3 mg/mmol)Нормална до минимално зголеменаA230–300 mg/g (3–30 mg/mmol)Умерено зголемена (микроалбуминурија)A3>300 mg/g (>30 mg/mmol)Силно зголемена (макроалбуминурија)Овие категории имаат независна прогностичка вредност за гломеруларно оштетување, и ризик од прогресија на ХББ.Дијагностичко значење на uACR1. Рана детекција на дијабетска нефропатијаuACR е најчувствителниот биомаркер за почетно гломеруларно оштетување кај пациентисо дијабетес тип 1 и тип 2.• Албуминуријата е првиот детектибилен знак на дијабетска нефропатија.• Зголемен uACR предвидува пад на eGFR години пред клиничката манифестација.• Редовното следење (најмалку еднаш годишно) е задолжително според ADA и KDIGO.2. Прогноза кај пациенти со хипертензијаКај хипертензивни пациенти, зголемениот uACR укажува на субклиничко органскооштетување, ендотелна дисфункција и повисок ризик за мозочен удар и срцева слабост. Антихипертензивните лекови како ACE-инхибитори и ARB ја намалуваат албуминуријатаи со тоа го намалуваат кардио-бубрежниот ризик.3. Стратификација на ризик и следење на хронична бубрежна болест (ХББ)uACR заедно со eGFR ја дефинира дво-димензионалната KDIGO матрица за ризик, која секористи глобално за:• поставување дијагноза на ХББ,• процена на ризик од прогресија,• определување на фреквенција на следење,• одлуки за нефролошка консултација.uACR има силна прогностичка вредност дури и кога eGFR е нормален.4. Мониторинг на терапија со SGLT2 инхибитори и минералкортикоидниантагонисти (финеренон)Современите кардиоренални лекови покажуваат значително намалување на uACR какопосреден маркер за подобрување на гломеруларниот проток и намалена инфламација.• Финеренон докажано ја намалува албуминуријата за 31% во првите 4 месеци.• Промените на uACR се користат за процена на терапевтски одговор.5. Предиктор за кардиоваскуларен ризикАлбуминуријата е индикатор за системска ендотелна дисфункција. Зголемен uACR е поврзан со:• зголемен ризик од миокарден инфаркт,• срцева слабост со зачувана EF,• мозочен удар,• кардиоваскуларна смртност.Според повеќе мета-анализи, секое двојно зголемување на uACR носи ~30% повисоккардиоваскуларен ризик. ЗаклучокuACR претставува едноставен, сигурен и клинички моќен биомаркер со клучно значење вораната дијагностика на бубрежна болест, мониторинг на терапија и дефинирање накардиоренален ризик. Неговата примена во рутинската лабораториска и клиничка практикаовозможува навремен третман, превенција на прогресивно оштетување на бубрезите и значително намалување на морбидитет и морталитет кај пациенти со висок ризик. Порадисвојата чувствителност, специфичност и лесна достапност, uACR останува златен стандардво процената на албуминурија и кардиореналната прогноза.Институтот за медицинска и експериментална биохемија е единица на Медицинскиот факултет во Скопје. Во состав на институтот функционира Лабораторија за биохемиски испитувањa во која квантитативно се одредува uACR, а докторите кои ги упатуваат пациентите може да го преземат резултатот преку апликацијата МОЈ ТЕРМИН. Проф. Д-р Катерина Тошеска ТрајковскаПретседател на Македонското здружение за медицинска биохемија и лабораториска медицина Раководител на Инстутот за медицинска и експериментална биохемија Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber биомаркер ХББ bubrezi bubrezna bolest 0 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија Туберкулозата – стара болест со современи предизвици next post Влијанието на технологијата врз развојот на децата Можеби ќе ви се допадне Bookmark Акутна бубрежна колика, нефроуретеролитијаза и профилакса декември 25, 2025 Bookmark Хронична бубрежна болест – тивка епидемија од 800... декември 24, 2025 Bookmark Улогата на нуклеарната медицина во дијагностика на вродени... декември 2, 2025 Bookmark РЕЖИМ НА ИСХРАНА КАЈ БОЛНИ СО ХРОНИЧНА БУБРЕЖНА... декември 26, 2022 Bookmark КАМЕН ВО БУБРЕЗИТЕ (НЕФРОЛИТИЈАЗА) мај 8, 2022