Што jадеме

Ананасот не е еден плод туку збир од повеќе плодови сраснати еден со друг околу централното јадро. Ананасот има цилиндричен облик, рожна зеленикава, кафеава или жолта кора и круна од шилести синозелени листови. Сите делови од ананасот се употребливи. Кората се користи за терапија на кожни заболуваа, а самиот плод спаґа во највкусните видови овошје. Делот при основата на ананасот е поблаг и помек. Ананасот се јаде свеж или конзервиран. Се користи за салати, десерти, но и како прилог со некои видови месо.

Лековити својства

Ананасот е исклучително богат со бромелаин, антивоспалителен ензим кој го намалува отекувањето на ткивото и ги ублажува воспаленијата поврзани со бронхитис, кашлица, стеоартритис, ревматоиден артритис, проширени вени, исчашувања и истегнувања.

Истражуваата укажуваат дека бромелаинот може да го намали ризикот од пролив со инхибиција на Escherichia coli, една од одговорните бактериите. Се верува дека тој може да ја отстрани Е. coli од рецепторите во зидот на цревата.

Тој влијае и врз спречувањето на згрутчување на крвта, што може да го намали ризикот од мозочен и срцев удар. За спречуване на срцеви заболуваа се добри и растителните стероли, кои го намалуваат нивото на холестерол.

Во тоа им помагаат богатите пектински и гумести влакна, кои поттикнуваат и нормално функциониране на цревата.

Свежиот ананас е добар извор на витамин Ц, но влијае на подобрување на имунитетот и зараснување на рани, а исто така спречува заболувања на срцето и сериозни очни заболувана.

Ананасот е добар извор на ферулинска киселина, фитосоединение кое помага во превенцијата од создавање супстанции кои предизвикуваат рак. Манганот од ананасот е многу важен за изградбата на коските. Ананасот е одличен за детоксикација на организмот, како и за разградување на вишокот масти.

Засилете ги корисните својства

За да го зачувате витаминот Ц во ананасот, јадете го во свежа состојба. Растворливите пектински влакна од ананасот стануваат достапни кога ананасот термички ќе се обработи.

Колку е доволно

Ананас може да се консумира секојдневно. На дијабетичарите им се советува да бидат внимателни, бидејќи ананасот е богат со шеќер.

Share
Tweet
Linkedin
Comments

What do you think?