572 Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Во текот на момчешкиот период или адолесценцијата детето станува се посамостојно и социјално позрело и добива многу физички особини на возрасен човек. Кај девојчињата менструацијата првпат се јавува меѓу 11. и 14.година. Промени кај вашето дете Срамните влакна, градите и сите потни жлезди обично се развиваат пред 14. година. Наглото растење што почнува во 10. или 11. година обично се забавува по првата менструација. Не е необично, ако девоічината страдаат од болни менструации; правилните менструални циклуси може нема да им бидат воспоставени до 17. година. Ако вашата ќерка има 15 години, а кај неа не се забележува некое позначително растење, или до 17. година не почнала да добива менструација, разговарајте за задоцнетиот пубертет со вашиот лекар. Ако има големи менструални тегоби, можеби, ќе треба педијатар-гинеколог да ja прегледа карлицата; во секој случај, девојките би требало да одат на преглед на карлицата пред 18. роденден, а и порано, ако се полово активни. На возраст од 13 или 14 години гласот на вашиот син почнува да се менува. Влакната под пазувите и на лицето, како и потните жлезди, почнуваат да се развиваат меѓу 13. и 15. година, а повеќето момчиња во тој период веќе се во состојба да исфрлаат семена течност. Наглото растење што почнало во периодот меѓу 13. и 15. години обично завршува на околу 17 или 18 години. Ако вашиот син има 15 години, а кај него не се забележува растење, или ако до 16. година гласот не почнал да му се менува, разговарајте за задоцнет пубертет со лекар. Природно е за адолесцентите да истражуваат и експериментираат со сопствената сексуалност, често со самозадоволување. Како што вашето дете влегува во пубертет, неоподно е да му ги обасните промените низ кои минува, разликите меѓу секс и љубов. Нарушувања Брзиот телесен и хормонски развиток може да предизвика други промени, како што се проблеми со видот, анемија како резултат на недостигот на железо и акни. Честа заразна болест од која заболуваат децата од сите возрасти, а особено адолесцентите е мононуклеозата. Нарушувањата врзани со исхраната, вклучувајќи ги анорексијата и булимијата, понекогаш се забележуваат кај девојките и младите жени; знаци за предупредување се забележително губење на тежината т.е. слабеење, тежина која постојано се менува или јадење според принципот прејадувње-чистење. Некои адолесценти, особено девојките, се склони кон мигрени. Повеќе девојките отколку момчињата се подложни на сколиоза, странично кривење на ‘рбетот; во повеќето училишта рутински се прегледуваат децата заради откривање на случаи на сколиоза. Телесниот, интелектуалниот и психолошкиот развој до кој доаѓа во време на адолесценцијата може да се поврзе со емоционалната нестабилност во однесуването: не е реткост младите да страдаат од депресија, анксиозност и напади на паника. Поради лубопитност, како последица на потиснатост или друга траума, или како последица на притисок од врсниците, многу адолесценти експериментираат со дрогите, алкохолот и тутунот. Мој ДокторДобивај ги најважните вести бесплатно на Viber 0 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија СОВЕТИ ЗА ВАШЕТО ДЕТЕ ОД 6 ДО 12. ГОДИШНА ВОЗРАСТ next post ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ И СОВЕТИ ЗА АЛЕРГИИ Можеби ќе ви се допадне Bookmark Рамно стапало кај децата: што треба да знаат... декември 2, 2025 Bookmark Влијанието на технологијата врз развојот на децата ноември 28, 2025 Bookmark Развојот на јазичните вештини од раѓање до 6... ноември 25, 2025 Bookmark Дислексија ноември 24, 2025 Bookmark СОВЕТИ ЗА ВАШЕТО ДЕТЕ ОД 6 ДО 12.... декември 24, 2022 Bookmark СОВЕТИ ЗА ВАШЕТО ДЕТЕ ОД 1 ДО 5.... декември 24, 2022