СОВЕТИ ЗА ВАШЕТО ДЕТЕ ОД 1 ДО 5. ГОДИШНА ВОЗРАСТ

Детето на возраст од 1 до 5 години, се карактеризира со брз развој. Индивидуалноста на детето станува се поочигледна, особено како што напредуваат различните вештини. На возраст од 18 месеци детето знае да сложува коцки, да jа фрла топката и да ги турка играчките наоколу низ собата. Наскоро ќе може и да трча, да се качува и симнува по скали без помош и да јаде со лажица.

Први зборови

Некои деца изговараат едноставни зборови на возраст од околу една година, но многу пред да почнат да ги поврзуваат зборовите во реченици, разбираат и реагираат со дела на многу работи што вие ги кажувате. Во текот на втората година детето може брзо да се фрустрира и разочара и може да има напади на бес. Најдоброто што родителот може да го стори е да научи да ги занемарува таквите изливи, а од друга страна, да го пофали позитивното однесување на детето.

Двегодишни деца

Двегодишните деца знаат добро да трчаат и почнуваат сами да се облекуваат и да се соблекуваат. Повеќето деца на оваа возраст веќе се научени да го користат тоалетот, односно нокширот па остануваат суви по цел ден, иако некои, особено машките деца, ќе бидат сосема суви дури од петтата или шесттата година. Нивниот речник нагло се шири, па околу третиот роденден вашето дете, веројатно, ќе зборува со куси реченици. Ќе копнее по вашата љубов и поддршка и ќе го разбира вашето неодобрување. На возраст меѓу 18 месеци и три години детето станува поприемливо, а понекогаш и намерно неприемливо-на поуката од родителот.

Чувство за самостолност

Во текот на овој период, кој често се нарекува ужасен период од две години, децата го развиват чувството за самостолност, како и за одговорност. Колку и да уживаат во пофалбите за нештата што добро ги прават, немојте да се изненадувате, ако понекогаш одговорат со „не” кога нешто од нив ќе побарате.

Тригодишни деца

Тригодишните деца научуваат да кажуваат едноставни реченици, да се облекуваат и соблекуваат со помош, како и сами да се служат со тоалетот. Ќе си играат со посложени играчки како што се лулашки, тобогани и трицикли. Сега повеќе ќе ги интересира дружењето и играњето со други деца, а не само играњето покрај нив, како што прават едногодишните или двегодишните деца.

На оваа возраст не се необични знаците на соперништво и љубомора кон браќата и сестрите. Веројатно, детето ќе престане со цицаньето на палецот или прстот во текот на оваа година, ако тоа не го сторило порано.

Четврта година

До четвртата година децата обично почнуваат да употребуваат сложени реченици. Поради својата фантазија детето може да се плаши од темнина или замислени чудовишта; таквите стравови се нормални и исчезнуваат за една или две години.

Петгодишни деца

Петгодишните деца имаат моторни вештини како скокање на една нога и прескокнување.

Телесната самостоіност и лубопитност ги прави малите деца многу склони на незгоди. Повеќето гребаници и модринки брзо зараснуваат, но некои повреди можеби ќе бараат лекарска помош. Вие и вашето семејство морате будно да внимавате на опасностите- кои можат да предизвикаат тешки повреди.

Настинки

Предучилишното дете може да заболи од: настинка, грип или стрептококно воспаление на грлото, особено кога е изложено на влијанието на други деца при групните активности. Многу детски болести се придружни со температура. За разлика од возрасните лу-ге, на детето на возраст под 8 години кое има температура од дури 41°С не може ништо лошо да му се случи, иако кај децата меѓу една и три години со температура повисока од 38,3 °С можат да се јават фебрилни напади. Тие напади се застрашувачки за родителите, но ретко се опасни за животот на детето.

Share
Tweet
Linkedin
Comments

What do you think?