432 Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Спец. Д-р Елма Абдула ХАСАНАГОВСКИСпецијалист гинеколог акушер во Санте Плус Хоспитал Скопје Изненадување! Првата недела од бременоста вие воопшто не сте бремени! Ќе прашате зошто е тоа така?! Повеќето акушери кои ја следат бременоста, сметањето на бременоста го започнуваат со првиот ден на последната меструација. Значи, во 1та недела од бременоста вие сте во неделата на менструален период, менструација. 1. Недела од бременост-симптоми Во 1та недела од бременост вие ги осеќате менструалните симптоми, кои понекогаш се слични со симптоми на бременост особено ако силно ја посакувате. Па најчесто се јавуваат: Вагинално менструално крварење – е исфрлање на внатрешниот слој на матката, ендометриумот. Започнува да се формира нов ендометриум кој ќе биде легло за оплодената јајце клетка и развој на ембрионот. Болки во долен дел на стомакот: За да се ослободи и исфрли тој ендометриум матката/утерусот се стега, контракции, предизвикувајќи болки во грбот или стомакот. Отекување: Хормоите кои флуктуираат може да ви предизвикаат отекување на стомакот пред или во тек на меструацијата Промена на расположението – разбурканите хормони предизвикуваат иритабилност и резултира со емотивен хаос Главоболка: кај многу жени се јавуваат менструални мигрени, кои се исто така поврзани со брановите на хормони Запомнете за 1вата недела од бременоста Стоп за нездравите навики, како пушење, консумација на алкохол, прекумерно користење на кофеин и енергетски пијалоци, Започнете со користење на соодветни витамини за бременост, во консултација со вашиот гинеколог, Следете го вашиот циклус за да можете најточно да ги препознаете деновите на овулација. Мој ДокторДобивај ги најважните вести бесплатно на Viber 0 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија ЧЕСТИ ИНФЕКЦИИ ВО ТЕКОТ НА БРЕМЕНОСТА next post Железо-дефицитна анемија. – Anaemia sideropoenica Можеби ќе ви се допадне Bookmark Природни лекови за утринска мачнина во бременост ноември 30, 2025 Bookmark Болка во грбот за време на бременоста ноември 25, 2025 Bookmark ПРОШИРЕНИ (ВАРИКОЗНИ) ВЕНИ декември 19, 2022 Bookmark ЧЕСТИ ИНФЕКЦИИ ВО ТЕКОТ НА БРЕМЕНОСТА декември 5, 2022 Bookmark СКРИНИНГ ТЕСТОВИ ВО 1. ТРИМЕСТАР декември 5, 2022 Bookmark КАКО СЕ ПРЕСМЕТУВААТ ПЛОДНИТЕ ДЕНОВИ? мај 8, 2022