845 Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber ЗАТНАТ НОС КАЈ БЕБИЊАТА – КАПКИ ЗА НОС ИЛИ ВДИШУВАЊЕ Еден од најчестите проблеми што ги погодува децата од сите возрасти е затнат нос. Поголем број на постари деца можат сами да се справат со затнат нос, но бебињата едноставно имаат потреба од наша помош. Кога тегобите се присутни најмалку две недели, тогаш обично се работи за долгорочно (хронично) воспаление на носната слузница, иако тоа не е секогаш поврзано со напад на микроорганизми. Капките за нос се користат според упатствата на лекарот. Не треба да се дадат повеќе од четири дена! Кај малите бебиња најдобро е да користите капалка (пипета). Не е добро капките да се истураат директно од шишето, бидејќи тогаш не знаеме колку капки всушност сме ставиле. Заблуда на родителите е дека не треба долго да го плакнете носот со солен раствор бидејќи тоа ќе го оштети носот. Треба да знаете дека солен раствор не е лек (иако понекогаш може да спаси живот, на пример во случај на сериозно губење на течности од телото – дехидрација). Тоа е медицински „солена“ вода (девет грама натриум хлорид во литар вода), која е сосема безопасна. Ова значи дека не може да ја оштети деликатната внатрешност на крвниот сад. Дури и кога ќе се стави уште малку раствор во носот, сè ќе оди „надолу“ – во грлото, а бебето ќе го проголта без никакви последици. Ова, не значи дека треба неограничено да истурите солен раствор во носот, но не треба ниту да го штедите. Во зависност од степенот на затнување, можете слободно да ставите 10-20 (уште повеќе) капки во секоја ноздра. Неколку капки се доволни за бебињата во првите два месеци, но многу е важно да направи пауза помеѓу дувањето на ноздрите. Затоа, продолжето со физиолошкиот раствор, бидејќи нема ограничување на бројот на денови – може безбедно да се користи со недели! Мој ДокторДобивај ги најважните вести бесплатно на Viber 0 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија ЗДИВ ОД УСТА – СОЦИЈАЛЕН ИЛИ МЕДИЦИНСКИ ПРОБЛЕМ next post КАКО СЕ ПРЕСМЕТУВААТ ПЛОДНИТЕ ДЕНОВИ? Можеби ќе ви се допадне Bookmark Рамно стапало кај децата: што треба да знаат... декември 2, 2025 Bookmark Развојот на јазичните вештини од раѓање до 6... ноември 25, 2025 Bookmark Дислексија ноември 24, 2025 Bookmark СОВЕТИ ЗА ВАШЕТО ДЕТЕ ОД 1 ДО 5.... декември 24, 2022 Bookmark СОВЕТИ ЗА ПРВАТА ГОДИНА ОД ВАШЕТО БЕБЕ декември 24, 2022 Bookmark СОВЕТИ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ВАШЕТО ДЕТЕ декември 23, 2022 Bookmark АУТИЗМ КАЈ ДЕЦАТА мај 8, 2022