4,9K Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Што е невромиелитис оптика (NMO)?Невромиелитис оптика, скратено NMO, е ретка автоимуна болест на централниот нервен систем. Тоа значи дека сопствениот имунолошки систем напаѓа нервни структури и предизвикува воспаление. Кај оваа болест најчесто се зафатени очниот нерв и ‘рбетниот мозок. Поради зафатеноста на очниот нерв, пациентите може да имаат заматен вид на едното или на двете очи. Кога е зафатен ‘рбетниот мозок, симптомите може да бидат потешки и да вклучуваат слабост во рацете и нозете, вкочанетост, болка, како и проблеми со контрола на мокрењето и столицата.Може ли NMO да доведе до слепило?За жал, тоа е можно. Кај потешките форми на болеста, со тек на време може да дојде до оштетување на очниот нерв и значително намалување на видот. Сепак, целосно слепило е поретко. Почесто се јавуваат проблеми како заматен вид, тешкотии при читање, или нарушено разликување на бои и контраст.Дали NMO е исто што и мултипла склероза (MS)?Иако NMO има сличности во клиничката презентација со мултипла склероза, тие се две различни болести. На магнетна резонанца (MRI), промените може да изгледаат слично, но нивната положба и големина помагаат во разликувањето.Кај мултипла склероза, оштетувањата не се ограничени само на очниот нерв и ‘рбетниот мозок, додека кај NMO тие најчесто се токму таму. Исто така, одредени лабораториски анализи (како олигоклонални траки во ликворот) почесто се позитивни кај MS, а кај NMO обично се негативни.Што е анти-аквапорин-4 (AQP4) антитело?Ова е антитело кое игра важна улога кај NMO. Тоа е насочено против протеин наречен аквапорин-4, кој се наоѓа во нервниот систем. Кај околу 60% од пациентите со NMO, ова антитело може да се открие и помага во поставување на дијагнозата.Како се лекува NMO?Иако NMO е демиелинизирачка болест како мултипла склероза, третманот е различен. Основната цел на лекувањето е да се намали прекумерната активност на имунолошкиот систем преку апликација на специфична терапија. Третманот најчесто започнува со кортикостероиди (кортизон). Кај потешки случаи, особено ако нема подобрување со кортикостероиди, може да се примени и плазмафереза (размена на плазма) и имуноглобулини. За долгорочна контрола на болеста се користат имуносупресиви, имуноглобулини или регистрирани и одобрени лекови за третман на NMO.Во последниве години, преку Комисијата за ретки болести при Министерство за здравство достапен е и понов лек – сатрализумаб, кој делува на поинаков начин. Овој лек го блокира дејството на интерлеукин-6 (IL-6), супстанца која има важна улога за појава на воспалението. Како последица на тоа дејство, се намалува автоимуниот одговор.Постојат и лекови кои дејствуваат на системот на комплемент, т.е. уште една алка во имунитетот која може да избега од контрола. ЗаклучокНевромиелитис оптика е сериозна болест, за која постојат различни третмански опции. Раната дијагноза и соодветниот третман се клучни за спречување на трајни оштетувања и подобрување на квалитетот на животот.Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет. Асс. Д-р Џошкун ЌералаСпецијалист невролог, ЈЗУ УК за неврологија Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Невромиелитис оптика Nevromielitis optika 1 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија Алергија на убод од инсекти Можеби ќе ви се допадне Bookmark СИНДРОМA GUILLAIN-BARRÉ јуни 10, 2026 Bookmark Дијабетична невропатија февруари 10, 2026 Bookmark МИЈАСТЕНИЈА ГРАВИС февруари 2, 2026 Bookmark Мигрена – хронично невролошко нарушување декември 31, 2025 Bookmark Чувари на мозокот – водич за аневризми и... декември 28, 2025 Bookmark Фамилијарна амилоидна полиневропатија (ФАП) ноември 13, 2025 Bookmark ЕПИЛЕПСИЈА декември 7, 2022 Bookmark ШТО САКАМ ДА ЗНАМ ЗА: МУЛТИПЛА СКЛЕРОЗА И... декември 6, 2022 Bookmark PARKINSONOVA BOLEST мај 8, 2022