3,K Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber ВоведХашимото тироидит е хронично автоимуно воспаление на тироидната жлезда, при кое имунолошкиот систем активира клеточен имун одговор и создава автоантитела насочени кон структури на тиреоцитот (најчесто анти-тиреопероксидазни – aTPO и анти-тиреоглобулински – aTg антитела). Овој процес постепено доведува до имуно-посредувана деструкција на тиреоидниот паренхим, кој се заменува со сврзно ткиво (фиброза) и со тек на време најчесто резултира со хипотироидизам.Епидемиолошки, Хашимотовиот тироидит се смета за најчестото автоимуно ендокрино нарушување и водечка причина за хипотироидизам во јодо-суфицитни средини. Преваленцата варира по региони, но глобално често се наведува опсег околу 5–10%, со значајно повисоки стапки во одредени популации. Жените заболуваат многу почесто од мажите, а зачестеноста расте со возраста, најчесто во средната возраст, но може да се јави и кај деца (јувенилен тироидит).Етиологија и ризик-факториТочната причина зошто имунолошкиот систем „се пренасочува“ кон тироидеата не е целосно разјаснета, но се прифаќа мултифакторен модел: генетска предиспозиција + надворешни тригери.1) Генетика● Хашимотовиот тироидит често се јавува фамилијарно и се поврзува со генетски варијации во имунорегулаторни патишта (HLA комплекс и др.).2) Надворешни тригери● Јод: и дефицит и вишок на јод може да влијае врз автоимуниот процес; кај предиспонирани лица вишокот на јод може да биде тригер.● Инфекции, стрес, радијациона експозиција.● Одредени лекови (на пр. дел од имуномодулаторни/онколошки терапии) можат да поттикнат автоимуна тироидна дисфункција.3) Ризик-фактори ● Женски пол● Друго автоимуно заболување (тип 1 дијабетес, ревматоиден артрит, СЛЕ, целијакија)● Бременост/постпартален период (имунолошки промени)● Прекумерен внес на јод● Радијациона изложеностПатофизиолошки механизамКај Хашимотовиот тироидит се создаваат автоантитела кон компоненти на тиреоцитот (антитиреоглобулински и антитиреопероксидазни антитела), кои се придружени со лимфоцитна инфилтрација и хронично воспаление. Резултат на сето ова е постепена деструкција на тироидното ткиво, фиброза и можност за зголемена, нормална или атрофична тироидна жлезда; која на палпација е „тврда“.СимптомиХашимото најчесто напредува полека, а симптомите доминантно произлегуваат од хипотироидизмот. Типични се:● Замор, поспаност, успореност, намалена концентрација/„brain fog“● Неподносливост на студ, сува кожа, опаѓање коса, кршливи нокти● Запек, зголемување телесна тежина● Мускулна слабост/болки и вкочанетост во зглобови● Депресивност, нарушено расположение/анксиозност● Менструални нарушувања (нередовни/обилни крварења), намалено либидо● Гушавост или чувство на притисок во вратотВажно: дел од пациентите можат да бидат еутироидни (нормално ниво на тироидни хормони) но со позитивни антитела и/или типичен ултразвучен наод, и сепак да имаат неспецифични тегоби.ДијагнозаДијагнозата се поставува со детална анамнеза, лабораториски тестови и ултразвучен преглед на тироидната жлезда, а по потреба и дополнителни тестови.1) Лабораториски тест● TSH (најчувствителен скрининг за хипотироидизам)● fT4 за да се одреди степенот (субклинички vs. манифестен хипотироидизам)● aTPO позитивни кај голем дел од пациентите (често ~90%)● aTG помалку сензитивни (приближно 50–80%)3) Ултразвук на тироидна жлезда:Во почетните стадиуми на болеста тироидната жлезда најчесто има изоехогена, нехомогена структура со присуство на хипоехогени зони билатерално. Со напредување на воспалителниот процес, ехографскиот наод на жлездата може да еволуира во целосно хипоехогена, изразено нехомогена структура со присуство на хиперехогени одбои, кои одговараат на фиброзни промени.Ултразвучниот преглед се користи и за детекција и проценка на јазли во тироидната жлезда, доколку се присутни.4) Кога се прави тенкоиглена аспирациона биопсија?Тенкоиглена аспирациона биопсија (ФНАБ) не се изведува рутински за потврда на Хашимотов тироидит. Таа е индицирана кога постои јазол или сомнителна лезија во тироидната жлезда, како и кога постои зголемен ризик за малигнитет според ултразвучните критериуми.ТретманОсновата на терапијата е третман на хипотироидизмот и индивидуализирано следење.1) Левотироксин (Euthyrox) – терапија од избор● Се дава орално, секојдневно, со цел нормализација на TSH и клиничко подобрување; кај манифестен хипотироидизам најчесто е доживотна терапија.● Дозата се титрира според возраст, телесна тежина, коморбидитети (кардиоваскуларни болести), бременост и др.● Контрола на TSH типично се прави 6–10 недели по промена на дозата, а потоа периодично, обично еднаш годишно кога состојбата е стабилна.2) Интеракции и апсорпцијаАпсорпцијата на левотироксин може да биде намалена при истовремен внес со железо и калциум, антациди кои содржат алуминиум, храна богата со влакна, соја, како и одредени лекови. Поради тоа, практично правило е левотироксинот да се зема на празен стомак, по можност наутро, и да се одвои најмалку 30–60 минути од оброк и неколку часа од суплементи или лекови што можат да ја нарушат неговата апсорпција.Асоцијација со други нарушувањаХашимотовиот тироидит често се јавува во контекст на автоимун „кластeр“, па кај пациент со Хашимото има повисока веројатност за развој на:● Тип 1 дијабетес, целијакија, автоимун гастритис/пернициозна анемија, витилиго, ревматоиден артрит, лупус и др.Од системските ефекти на хипотироидизмот и/или автоимуниот воспалителен процес може да се видат:● дислипидемија и повисок кардиоваскуларен ризик (особено ако хипотироидизмот е недијагностициран/нелекуван),● репродуктивни нарушувања и компликации во бременост ако не се третира навреме,● неврокогнитивни и психоемоционални тегоби.Дефицит на микронутриенти и нутритивни аспектиКај Хашимото често се дискутира улогата на микронутриентите кои влијаат на тироидната физиологија и имунорегулација. Важно е да се нагласи: суплементацијата не е “универзален лек”, туку се индивидуализира според дефицит, клиничка состојба и препораки на доктор.1) ЈодЈодот е неопходен за синтеза на T3/T4, но вишокот може да ја поттикне автоимуноста кај предиспонирани лица. Затоа, кај Хашимото се избегнува „превентивно“ земање јодни суплементи без индикација.2) СеленСеленот има важна улога во антиоксидативната заштита на тироидното ткиво и претставува есенцијална компонента на дејодиназите, ензими кои учествуваат во метаболизмот и периферната конверзија на тироидните хормони. Постојат мета-анализи на рандомизирани студии кои покажуваат дека селенот може да ги намали нивоата на aTPO (а во одредени подгрупи и TSH), но клиничката значајност и критериумите „кому точно да се даде“ остануваат тема на дебата.3) Витамин DЧести се извештаите за асоцијација меѓу ниски серумски нивоа на витамин D и автоимуни тироидни заболувања. Во дел од студиите, суплементацијата со витамин D е поврзана со намалување на титарот на тироидни автоантитела, но доказите не се униформни. Поради тоа, најразумен пристап е суплементација со витамин D исклучиво за корекција на лабораториски докажан дефицит.4) ЖелезоЖелезото е од значење за тироидната функција бидејќи тиреопероксидазата претставува хем-ензим. Дефицитот на железо може да доведе до влошување на клиничката симптоматологија и да ја отежне адекватната корекција на тироидната хормонална функција.5) МагнезиумПостојат податоци дека ниските серумски нивоа на магнезиум може да бидат поврзани со тироидна автоимуност во одредени популации. Затоа внесот и евентуалниот дефицит на магнезиум треба да се проценат индивидуално.ЗаклучокХашимотовиот тироидит е хронична автоимуна болест со широк клинички спектар — од еутироидна фаза до субклинички и манифестен хипотироидизам. Дијагнозата се темели на лабораториска анализа на FT4, TSH, aTPO и aTG, како и на ултразвучен преглед на тироидната жлезда. Терапијата најчесто е стабилна и ефективна со левотироксин, со редовно следење на TSH. Поради честата поврзаност со други автоимуни нарушувања и можни нутритивни дефицити (јод, селен, витамин D, железо и магнезиум), пристапот треба да биде сеопфатен и индивидуализиран, со рационална суплементација само кога е индицирана и со јасна цел — корекција на докажан дефицит, оптимизација на тироидната функција и подобрување на квалитетот на живот.Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет. Доц. Д-р Анамарија ЈанкуловскаСпецијалист по нуклеарна медицина Институт за патофизиологија и нуклеарна медицина Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Хашимотов тироидитис Hashimoto tiroiditis 0 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија UNGUIS INCARNATUS – Враснат нокт next post Акутен миокарден инфаркт – STEMI Можеби ќе ви се допадне Bookmark Женска ќелавост декември 4, 2025 Bookmark Вообичаени причини за болки во стапалата ноември 20, 2025 Bookmark Како хормонската терапија влијае на здравјето на срцето... ноември 19, 2025 Bookmark MORBUS GRAVES (БАЗЕДОВА БОЛЕСТ) – НАЈЧЕСТА ПРИЧИНА ЗА... декември 7, 2022