2,7K Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Aкутните колики најчесто се карактеризираат со болки во слабините, во зависност од позицијата на каменот во мочоводот. Максимумот на болката кај високо локализирани конкременти се наоѓа во костовертебралниот агол. Доколку каменот е пониско локализиран, болката се поместува во долниот дел од стомакот и може да зрачи кон гениталиите. Често се јавуваат и вегетативни придружни симптоми, како гадење и повраќање. Пред започнување на дијагностичките постапки, пациентот со колика треба да добие соодветна аналгезија.Потоа следи симптомски и диференцијално-дијагностички насочен физикален преглед, при што задолжителна е палпацијата на бубрежното лежиште и стомакот. Потребно е и испитување на спонтана урина со тест-трака. Траги од крв претставуваат јасен индикатор за бубрежна колика. Ултразвукот е вреден неинвазивен дијагностички метод и претставува прв чекор во понатамошната дијагностика. Доколку е достапна, компјутерска томографија претставува метод на избор во визуелната дијагностика. Со неа се прикажуваат и рендген-негативни камења, како што се камењата од урична киселина, а преку мерење на густината се добиваат првични индикации за видот на каменот. Алтернативни методи за визуелизација се рентгенска снимка и екскреторен урограм. Лабораториските испитувања на крвта треба да ги опфатат: електролити, урична киселина, креатинин, C-реактивен протеин (CRP) и комплетна крвна слика.Доколку се потврди дека уринарниот камен е причина за тегобите, во зависност од неговата големина и локализација, постојат повеќе терапевтски опции:конзервативна терапијаекстракорпорална ударно-бранова литотрипсија (ESWL)уретерореноскопија (URS)перкутана нефролитолапаксија (PCNL)лапароскопска операцијаотворена операцијаЛапароскопските и отворените операции најчесто се применуваат во комбинација со санација на коморбидитети, на пример стеноза на излезот од бубрежната карлица.Конзервативна терапија на камењатаКонзервативната терапија мора да се спроведува со претпазливост кај пациенти со зголемени ретенциски или инфективни параметри. Конзервативниот пристап треба да се прекине доколку пациентот и покрај адекватна аналгезија има перзистентни болки или ако продолжуваат вегетативните симптоми, како гадење и повраќање.Алфа-блокаторите го олеснуваат спонтаното исфрлање на каменот и ја намалуваат фреквенцијата на повторни коликозни епизоди. Медикаментозната орална хемолитолиза, која овозможува растворање на уринарните камења, е можна исклучиво кај конкременти од урична киселина.Интервенционална терапија Камења во бубрежната карлица или во каликсната група (горна, средна или долна)Се применуваат екстракорпорална ударно-бранова литотрипсија, флексибилна уретерореноскопија и перкутана нефролитолапаксија, во зависност од големина, позицијата и цврстината на каменот. Коралоидни (изливни) камењаБубрежни камења кои зафаќаат големи делови од бубрежната карлица или најмалку еден каликс се дефинираат како коралоидни камења. Терапевтски, најчесто се применува перкутана нефролитолапаксија, по потреба комбинирана со екстракорпорална ударно-бранова литотрипсија и флексибилна уретерореноскопија.Камења во мочоводотВо тој случај најчесто предност има семиригидната уретерореноскопијата. Современите развои овозможуваат употреба на инструменти со помал дијаметар и поголема ефикасност.Превенција од камењаЗа воспоставување на ефикасна превенција на рецидив по успешна примарна терапија, каменскиот материјал треба да се сочува и да се анализира согласно упатствата, со примена на Фурие-трансформ инфрацрвена спектроскопија (FT-IR) или рендгенска дифрактометрија (XRD). Без анализа на каменот не е можно спроведување на насочена терапија. Најчести типови на камења се:калциум-оксалатни (вевелит, веделит) – > 80 %калциум-фосфатни (карбонат-апатит) – околу 5 %магнезиум-амониум-фосфатни („инфективни“) – струвит, околу 5 %или камења од урична киселина – околу 13 %Цистин, амониум-урат и брушит се ретки и застапени со ≤ 1 %.Постинтервенционалната дијагностика и превенција, идеално започнува по целосното одстранување на камењата. Кај приближно 75 % од пациентите, со основна метаболна дијагностика и општа превенција, можно е ефикасно спречување на понатамошни епизоди.Анамнезата, диететско-медикаментозната терапија според типот на каменот, биохемиски ориентираната метаболна обработка и процената на можните анатомски причини се клучни за успешна постинтервенционална превенција. Ова важи и за пациенти со прва појава на уролитијаза и за оние со рецидиви. Насочената терапија значајно ја намалува стапката на рецидив.Најважни асоцирани фактори се ензимски дефекти, хормонални нарушувања, гастроинтестинална малапсорпција, бубрежна инсуфициенција, нарушувања на уродинамиката, рецидивирачки уреаза-позитивни инфекции на уринарниот тракт и неповолни pH-вредности на урината. Современиот западен начин на живот, како ризик-фактор за метаболниот синдром, сè почесто придонесува за формирање на уринарни камења. Кај лица со прекумерна телесна тежина (BMI ≥ 25 kg/m²) и дебелина (BMI ≥ 30 kg/m²), ризикот значајно се зголемува.Со промените во животниот стил и подобрената дијагностика, преваленцата и инциденцата на уролитијазата се во пораст. Кај околу 50 % од пациентите се јавува најмалку еден рецидив, а кај 10–20 % најмалку три рецидивни епизоди. Егзогените ризик-фактори, како неправилна исхрана, недоволна физичка активност, висок енергетски внес, консумација на никотин и алкохол и хроничен стрес, имаат сè поголемо значење во зголемувањето на инциденцата и преваленцата на уролитијазата. Д-р Воислав МустачкиСпецијалист уролог Хелиос Боердеклиник, Ошерслебен, Германија Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Нефро Бубрези Bubrezi nefro нефроуретеролитијаза nefroureterolitijaza 0 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија Хронична бубрежна болест – тивка епидемија од 800 милиони заболени ширум светот next post Чувари на мозокот – водич за аневризми и мозочен удар Можеби ќе ви се допадне Bookmark Хронична бубрежна болест – тивка епидемија од 800... декември 24, 2025 Bookmark Улогата на нуклеарната медицина во дијагностика на вродени... декември 2, 2025 Bookmark uACR биомаркер: κлиничко и дијагностичко значење ноември 28, 2025 Bookmark РЕЖИМ НА ИСХРАНА КАЈ БОЛНИ СО ХРОНИЧНА БУБРЕЖНА... декември 26, 2022 Bookmark КАМЕН ВО БУБРЕЗИТЕ (НЕФРОЛИТИЈАЗА) мај 8, 2022