1,8K Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Светот е опкружен со една галопирачка епидемија од бубрежни заболувања, бидејки на светско ниво вкупниот број на лица со хронична бубрежна болест (ХББ), акутно бубрежно оштетување и пациенти на бубрежно заместителна терапија надминува 850 милиони, што е двојно поголемо од бројот на луѓе кои живеат со дијабетес и 20 пати повеќе од пациенти со малигни заболувања. Се проценува дека 1 од 10те луѓе во светот се погодени од некој вид на бубрежно заболување. Овие податоци несомнено беа поттик да и СЗО на своето 78 – мо собрание, февруари 2025 год, ја усвои резолуцијата со која бубрежните болести се вклучија на групата на признати незаразни болести, како главни причини за смрт и инвалидитет, заедно со малигни, кардиоваскуларни, респираторни заболувања, дијабетесот и менталното здравје. ХББ е еден од најбрзо растечките здравствени проблеми, која како причина за смрт од 12 то место во 2017 год, се очекува да биде пета глобална причина за смрт до 2040 година. Хронична бубрежна болест – низ призма на медицински фактиХББ се одликува со прогресивно и иревеrзибилно оштетување на бубрежното ткиво во текот на различни болести на бубрезите и уринарните патишта. Дијабетесот и хипертензијата се водечки фактори на ризик за развој на ХББ, заедно со срцева слабост и прекумерна телесна тежина, по што следат голем бран на останати ризик фактори/болести: гломерулонефритиси, мултисистемски болести/хронично инфламаторни состојби (системски лупус еритематозус, васкулитиси), генитоуринарни нарушувања (структурни заболувања на уринарниот тракт, рекурентни бубрежни калкули), разни атаки на акутно бубрежно оштетување, фамилна историја/познати генетски варијанти поврзани со ХББ (полицистична бубрежна болест, APOL1 асоцирана бубрежна болест, Алпорт синдром), и многу други. Сето ова укажува на една мултифакториелна природа на ХББ, за која е потребна рана дијагноза за да се спречи односно успори крајниот стадиум на оваа болест.Најновите KDIGO препораки (Kidney Disease improving global outcomes) од 2024 год, ХББ ја дефинираат како состојба на абнормалности во бубрежната структура или функција, кои се присутни најмалку 3 месеци, со импликации врз здравјето на пациентите. Критериуми за ХББ се намалена гломеруларна филтрациoна рата (ГФР ) <60 mL/min/1,73m2 присутно во тек на ≥3 месеци, со маркери на бубрежна оштета (еден или повеке): албуминурија (ACR≥30mg/g), абнормалности на уринарен седимент, перзистентна хематурија, електролитни и други абнормалности при тубуларни пореметувања, абнормалности детектирани на хистолошки анализи, структурални абнормалности детектирани при сликовни методи и историја на бубрежна трансплантација.Сепак, системот за класификација на ХББ се базира само на 2 димензии, и тоа на ГФР и степен на албуминурија, преку кои се добиваат 5те стадиуми на ХББ:Стадиум 1 – оштетување на бубрезите со нормален или повисок, ГФР ≥90 мл/минСтадиум 2 – оштетување на бубрезите со благо намалување на ГФР од 60-89 мл/минСтадиум 3а – оштетување на бубрезите со благо до умерено намалување на ГФР од 45-59 мл/минСтадиум 3б – оштетување на бубрезите со умерено сериозно намалување на ГФР од 30-44 мл/минСтадиум 4 – оштетување на бубрезите со сериозно намалување на ГФР од 15-29 мл/минСтадиум 5 – терминална хронична бубрежна инсуфициенција, ГФР <15 мл/минГФР како најзначаен индекс на функцијата на бубрезите, заедно со албуминурија, може да помогне да се одреди сериозноста и стадиумите на ХББ, како и донесување на одлуки за дијагноза, прогноза и третман на ХББ. ГФР се намалува со возраста дури и кај здрави луѓе без заболување на бубрезите, со просечна стапка на опаѓање од 1 мл/мин/годишно, по возраст од 40 години. Но, кај пациенти со ХББ ова намалување варира зависно од специфичниот процес на болеста, така да на пример при дијабетична нефропатија има брз пад, со годишно намалување на ГФР од околу 10 мл/мин, што ја става во групата на болести со брза прогресија. Албуминуријата (AER – albumin excretion rate), како втора значајна дијагностичка алатка на ХББ е категоризирана, како, нормално до благо зголемена (<30мг/24 часа), умерено зголемена (30-300 мг/24 часа) и сериозно зголемена (>300 мг/24 часа).Недамнешниот едоторијал објавен во The Lancet (November 22, 2025 год) “Chronic kidney disease: breaking the silence”, сумираше многу значајни факти, и тоа прво, дека при анализа направена од пет земји со високи приходи, 64–96% од случаите на ХББ во стадиум 3 останале недијагностицирани, и второ, дека процентот на тестирање на албуминурија, како клучен дел од дијагнозата и стадиумот на ХББ, било екстремно ниски кај луѓе со дијабетес (35%) и хипертензија (4%).Сето ова укажува дека се потребни итни стратегии на сите здравствени нивоа за рано дијагностицирање на ХББ, третман на ризик факторите, третман на курабилни состојби како причина за ХББ, за да се успори прогресиајта на оваа епидемија, која има галопирачки раст.Хронична бубрежна болест – низ призма на најчести заблуди (Адаптирано од ERA -European Renal Association – Discussing common misconceptions about CKD)ï Бубрежната болест е ретка состојбаНе, бубрежната болест е многу почеста отколку што се мисли. Се смета дека 1 од 10 возрасни лица во Европа, има бубрежно заболување, и тоа често се поврзува со состојби како дијабетес и висок крвен притисок.ï Луѓето почуствуваат кога имаат заболување на бубрезитеНе, заболувањето на бубрезите многу често е тивка болест, без симптоми, сè до напреднат стадиум на оштетување на бубрежната функција. Затоа се важни проверките, особено ако постојат ризик фактори.ï Тестирањето за бубрежни заболувања е многу долг и скап процесНе, тестовите се доста едноставни, тоа се прави со рутински тестови на урина и крв, кои воопшто не одземаат време. Двете најзначајни анализи – одредување на серумски креатинин за проценка на ГФР и албуминурија се достапни секаде.ï Нема ништо што може да се направи за да се намалат факторите на ризикНе, за среќа, има многу што може да се направи! Добрата исхрана, вежбањето и земањето на соодветни лекови можат да помогнат во справувањето со фактори на ризик како што се високиот крвен притисок, дијабетесот и дебелината, особено сега во ера на појава на нови иновативни лекови (SGLT2 inhibitors, non-steroidal selective MRA, GLP-1 agonist).ï Причините за заболување на бубрезите се непознатиПричините за заболување на бубрезите во голем дел се познати. Високиот крвен притисок, дијабетесот, срцевите заболувања и пушењето можат значително да го забрзаат намалувањето на бубрежната функција, особено кај оние со ХББ. Одредени лекови и состојби како што се инфекции на бубрезите или семејна историја, исто така, можат да го зголемат ризикот. Но, сепак постои и еден дел каде причината останува непозната.ï Кога сте млади, сите додатоци се безбедни за здравјето на бубрезитеНе, голем број на додатоци за бодибилдинг и фитнес содржат неоткриени нефротоксични состојки, како на пример покачени нивоа на креатин, кофеин, стимуланси и екстракти од билки.ï Само постари лица добиваат бубрежни заболувањаНе, и помладите лица исто така треба да се прегледаат бидејќи бубрежната болест може да се развие на која било возраст, особено кај луѓе кои се предиспонирани со фактори на ризик како што се дијабетес, хипертензија, дебелина или имаат семејна историја на бубрежни заболувања. Проф. д-р Ѓулшен Селим Супспецијалист – нефролог ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија – Скопје Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Нефро ХББ Бубрези HBB Bubrezi nefro 0 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија АКУТЕН ИНФЕКТИВЕН ГАСТРОЕНТЕРИТИС – АЛИМЕНТАРНИ ИНТОКСИКАЦИИ next post Акутна бубрежна колика, нефроуретеролитијаза и профилакса Можеби ќе ви се допадне Bookmark Акутна бубрежна колика, нефроуретеролитијаза и профилакса декември 25, 2025 Bookmark Улогата на нуклеарната медицина во дијагностика на вродени... декември 2, 2025 Bookmark uACR биомаркер: κлиничко и дијагностичко значење ноември 28, 2025 Bookmark РЕЖИМ НА ИСХРАНА КАЈ БОЛНИ СО ХРОНИЧНА БУБРЕЖНА... декември 26, 2022 Bookmark КАМЕН ВО БУБРЕЗИТЕ (НЕФРОЛИТИЈАЗА) мај 8, 2022