1,6K Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Вродените аномалии на бубрезите и уринарниот тракт се развојни нарушувања кои се јавуваат со честота која се движи од 4-60 случаи на 10.000 новороденчиња. Вродените аномалии на бубрезите и уринарниот систем се и најчестите причини за хроничнабубрежна болест во детството и во овој спектар на вродени аномалии спаѓаат бубрежнаагенезија (неразвиеност), мултицистични промени во бубрезите, абнормалности во бројот, големината, обликот или положбата на бубрезите, везикоуретерален рефлукс (ретроградно враќање на урината од мочниот меур во мочоводите) и опструктивни лезии, како што сеопструкција на уретеропелвичниот спој (спој на бубрежниот пиелон и мочоводите) илиопструкција на уретеровезикалниот спој (спој на мочоводите и мочниот меур) и задниуретрални залистоци. Поради овој широк спектар, клиничката презентација се движи од благи симптоми, до тешки состојби што ја компромитираат бубрежната функција. Од бубрежните вродени аномалии, опструкцијата на уретеропелвичниот спој е најчеста причина за пренатално, односно уште во интраутериниот период детектирана состојба на патолошко проширување на каналниот систем на бубрезите (хидронефроза) кај новореденчињата, а која се јавува со инциденца од 1 случај на 1000–1500 новородени деца. Потковичестиот бубрег е најчестатаконгенитална аномалија со појава на фузија на структури на уринарниот тракт, со честота на регистрирање од 1 случај на 400–600 новородени деца, а со слична честота на појавување е и друга вродена аномалија во позицијата на бубрезите, односно ектопичниотбубрег, кој се јавува кај приближно 1 случај на 900 новороденчиња. Примарниотвезикоуретерален рефлукс и вродената хидронефроза најчесто се главната клиничкапрезентација на наведените вродени аномалии и се откриваат кај 1–2% од ситебремености.Раната дијагноза е од суштинско значење за да се спречи трајно оштетување набубрезите и долгорочните компликации. Дијагностичката проценка првенствено сеспроведува со употреба на различни дијагностички методи на визуелизација од кои како најпрв метод е примената на ултразвукот, а потоа се нуклеарно медицинските методи на скенирање и квантификација и магнетната резонанца. Нуклеарната медицина е медицинска дисциплина во која се применуваат краткоживеачки радионуклиди со кои се обележуваат различни молекули кои имаат одредена патека на метаболизирање и елиминирање или врезување во организмот и со тоа презентираат различни структурни или функционални аспекти на органите. Во иследување на бубрезите и уринарниот систем во детската популација најчесто применувани се методите на статички скен на бубрезитесо Tc-99m DMSA и динамички скен на бубрези со Tc-99m DTPA. Главната разлика помеѓуовие методи е во фактот дека овие молекули имаат различна патека во уринарниот систем и поради тоа прикажуваат различни функции во бубрезите. Заедничко пак, за сите нуклеарно медицински методи кои се применуваат во детската нефро-урологија е во тоа што методите се применливи уште од најраната возраст и даваат објективен резултат со голема точност. Кај сите нуклеарно-медицински иследувања во детската нефро-урологија радионуклидот кој се применува како обележувач на трасерските молекули е метастабилниот технициум (99mTc), кој се добива со 99Mo-99mTc генератор. Нуклеарно медицинскиот оддел во кој се изведуваат ваков тип на дијагностички тестови вообичаено на неделно ниво добива нов 99Mo-99mTc генератор кој го користи за производство на метастабилниот технициум, а кој понатаму го користиме за обележување на различни молекули. Кога постои потреба за бубрежни скенови, однапред се планира бројката на пациентите и се земаат податоци за возраста и телесната тежина на пациентите, бидејќи подготовката на радиофармацевтикот е за секој пациент индивидуална, односно прилагодена за секој пациент, според неговите карактеристики. Радиофармацевтикот Tc-99m DMSA е обележана мала молекула која по интравенското аплицирање се излачува во бубрезите, каде кратко се врзува за клетките од кората на бубрегот и затоа се користи за прикажување на бубрежниот паренхим. Целта на статичкиот скен на бубрезите со Tc-99m DMSA е да ги визуелизира бубрезите и да се пресмета од скенот релативното учество на секој бубрег поединечно во вкупната функција, изразено во проценти. Затоа методата е многу едноставна и објективна во детектирање на аномалии во поставеноста, големината, формата и функцијата на бубрезите, уште од најмала возраст, со поголема прецизност и од ултразвучниот преглед.Tc-99m DTPA e радиофармацевтик кој по интравенската апликација со крвта се дистрибуира до бубрезите, каде се филтрира преку бубрежните гломерули, поради тоа методата овозможува дополнително и динамична функционална проценка на акумулационата и елиминационата фаза на бубрезите. Динамичниот бубрежен скен со Tc-99m DTPA поради тоа е метода со која може да се одреди еден од важните бубрежни параметри за евалуација на бубрежната функција, тоа е гломеруларната бубрежна рата или ГФР. Динамичниот бубрежен скен со Tc-99m DTPA е метода, со која може да се процени и елиминационата фаза од бубрезите и да се детектира опструкција, односно застој во нефро-уринарниот систем. За подобро евалуирање може да се примени и тест на стимулација со диуретик, со кој се потврдува или исклучува постоење на значаен степен на опструкција. Покрај наведените две методи, постојат и други нуклеарно медицински методи во детската нефро-урологија, а кои се разликуваат по применетите радиофармацевтици, но во основа принципот на методите и евалуацијата е слична. Нуклеарно медицинските методи имаат значајно место во дијагностичкиот алгоритам на вродените аномалии на бубрезите и уринарниот систем и со комплементарна примена со останатите методи овозможуваат навремена дијагностика и навремена терапија на овие заболувања. Доц. Д-р Тања МаказлиеваСпецијалист по нуклеарна медицина Раководител на Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber бубрези nuklearna medicina 0 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија Рамно стапало кај децата: што треба да знаат родителите next post Женска ќелавост Можеби ќе ви се допадне Bookmark Акутна бубрежна колика, нефроуретеролитијаза и профилакса декември 25, 2025 Bookmark Хронична бубрежна болест – тивка епидемија од 800... декември 24, 2025 Bookmark uACR биомаркер: κлиничко и дијагностичко значење ноември 28, 2025 Bookmark РЕЖИМ НА ИСХРАНА КАЈ БОЛНИ СО ХРОНИЧНА БУБРЕЖНА... декември 26, 2022 Bookmark КАМЕН ВО БУБРЕЗИТЕ (НЕФРОЛИТИЈАЗА) мај 8, 2022