Што jадеме

Авокадото, како и маслинките, е невероjатно богато со здрави масти. Овој плод со необичен изглед содржи 20 – 25% масти, а повеќе од половината од нив се мононезаситени. Во половина авокадо со средна големина има повеќе калиум отколку во една банана, но има и многу малку натриум. За споредба, диеталниот маргарин содржи околу 55% масти, а дури и оние видови со намалена содржина на сол не ги задоволуваат критериумите на исхраната со минимално количество сол. Мастите не влијаат на нивото на шеќер во крвта, па затоа авокадото е одличен додаток во исхраната со низок гликемиски индекс, доколку го јадете умерено.

Лековити својства

И покрај мастите што ги содржи, или токму поради нив, авокадото може да го намали нивото на холестерол во крвта. Научниците откриле дека со замена на само 5% од калориите внесени преку заситени масти (од путер или сирење) со мононезаситени масти – што ги има во авокадото – го намалуваме ризикот од инфаркт за повеќе од 30%. Друга предност на авокадото е во тоа што содржи многу бета-ситостерол, растителен стерол што ја блокира апсорпцијата на холестерол од храната и ги ублажува непријатностите предизвикани од бенигна хиперплазијаа на простата, како и глутатион, антиканцерозно соединение и моќен антиоксиданс што ги штити клетките од слободни радикали.

Богато е со витамини и минерали, вклучително витамин Е, магнезиум (ги ублажува симптомите поврзани со предменструален синдром, мигрена, анксиозност и други нарушувана), витамин Ц и фолна киселина (едно авокадо обезбедува 50 mg или 28% од дневните потреби; овој важен Б-витамин е поврзан со превенција на неправилности во развојот на фетус, како и превенција на рак и срцеви заболувана кај возрасни). Авокадото содржи повеќе растворливи влакна (кои го стабилизираат шеќерот во крвта и го намалуваат холестеролот) и протеини од кој било друг плод. Меґутоа, поради високата содржина на масти, треба да се користи умерено.

Засилете ги корисните својства

Авокадото треба да се користи како замена за други извори на масти во исхраната, а не како дополнителен извор на масти. Заменете ги масните намази со пире од авокадо. Намачкајте го на леб наместо мајонез или додадете го врз топли печени компири наместо павлака или кајмак. Наместо жолто сиренье, додадете парче авокадо во сендвичот и ќе ги замените лошите масти со добри. Ставете малку авокадо во сендвич или во која било друга намирница богата со јаглехидрати и мастите ќе го забават варењето на оброкот и подобро ќе делуваат на шеќерот во крвта.

Колку е доволно

Просечен плод авокадо содржи околу 227 калории, па затоа се доволни неколку помали парчиња. Исечете го авокадото на пет дела и изедете едно парче, кое има само 45 калории – за половина помалку од лажица мајонез, а е многу поздраво. Доколку го користите авокадото како намаз, доволна е приближно една рамна лажица за супа (15 ml) плус две лажички.

Share
Tweet
Linkedin
Comments

What do you think?