Зголемената телесна температура не е болест сама по себе, туку знак на болест. Може да се јави при разни болести и состојби, а речиси секогаш се јавува кај заразни болести.

Најчесто поминува без компликации, но секогаш е потребно да се следи пациентот и доколку постои и најмало сомневање дека се работи за можна состојба или болест која може да доведе до сериозни здравствени компликации, потребно е веднаш да се оди на лекар.

Што е нормална телесна температура?

Опсегот на нормални вредности е 36-37oC измеренa аксиларно (под пазувите) и 36,5-37,5oC измеренa ректално (во задникот). Често изгледот е подобар показател за состојбата отколку самите бројки, бидејќи температурата е придружена со чувство на болест, непријатност и слабост.

На што да внимавате?

Во случај вие, вашето дете или некој од членовите на вашето семејство да имате треска, важно е внимателно да го следите пациентот: температура, дишење, кожа, состојба на свест, болка и ако забележите нешто невообичаено или загрижувачко или доколку за вас изгледа дека постои и најмало сомневање дека можеби се работи за состојба или болест што може да доведе до сериозни здравствени компликации, веднаш контактирајте го вашиот лекар.

Посебна претпазливост е потребна кога станува збор за децата: кај новороденчињата, доенчињата и малите деца, развојот на болеста понекогаш може да се одвива многу брзо, во рок од неколку часа.

Дете со температура треба веднаш да се однесе на преглед ако:

• Температурата е повисока од 40oC

• Вратот е вкочанет

• Има болка при свиткување на главата напред

• Има осип

• Има напади на конвулзии

• Има силна главоболка и повраќање кое не престанува

• Има тешкотии со дишењето

• Има тешкотии при голтање или обилно лигавење

• Неутешно плаче

• Чувствително е на допир

• Невообичаено е поспано или не може да се разбуди

• Остава впечаток дека е „многу болен“

• Треската трае подолго од 3 дена

Како можете сами да ја намалите температурата?

Ако температурата е предизвикана од заразна болест, зголемувањето на телесната температура му користи на телото во надминување на болеста, бидејќи ги стимулира одбранбените реакции на телото.

Од друга страна, високата температура (повеќе од 39oC) предизвикува чувство на слабост, раздразливост, мамурлак или главоболка, може да предизвика дехидрација (телото губи повеќе вода од вообичаено кога температурата на телото е покачена), фебрилни конвулзии, како и други сериозни компликации.

Затоа, покачената температура на пациентот, особено кога е повисока од 39oC, треба да се контролира со ладење и лекови кои ја намалуваат покачената телесна температура (антипиретици).

Лицето со покачена температура ставете го во када или леген со 2-3 прста млака вода и покријте ја целата кожа (освен лицето и главата) со вода неколку минути со помош на крпа, сунѓер или туш, бидејќи водата на овој начин ја одзема значително количество топлина од телото. Мерете ја температурата на секои 15 минути и повторувајте ја постапката додека температурата не падне под 39oC. Обвивките од млака вода треба да се нанесат така што детето да се завитка во влажни, млаки, исцедени парчиња ткаенина (пелена, пешкир) од врат до пети, а врз него да се стави погуста сува крпа. По 5-10 минути сето тоа се отстранува и кожата се суши.

Не заборавајте: треската е само симптом на болест и нема смисла сами да ја лекувате со антибиотици додека не ја дознаеме причината. Доколку е потребно, болеста ќе се лекува со антибиотици, но за тоа треба да одлучи лекарот.

Share
Tweet
Linkedin
Comments

What do you think?

3 коментари
22/08/2021

Great tips! I’ve just discovered your Youtube channel, and I love it! Thanks for sharing your content and the day and life of a designer.

22/08/2021

Thanks so much for the tips both in the blog and on your YouTube channel. As a new Interior Design student, I find them to be incredibly helpful, interesting, and inspirational. Keep up the great work!

22/08/2021

I love reading your blogs and watching your video. I am really impressed by the way you are doing business and I am just inspired by it!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *