ВИТАМИН Б12 (КОБАЛАМИН)

Витаминот Б12, исто така нарачен кобаламин, е водорастворлив (хидрофилен) витамин кој има клучна улога во нормалното функционирање на мозокот и нервниот систем преку синтезата на миелин (миелиногенеза), и формирањето на црвените крвни зрнца. Тој е еден од осумтте Б витамини. Вклучен е во метаболизмот на секоја клетка од човечкото тело, а особено влијае на ДНК синтезата, метаболизмот на масните киселини и аминокиселините.

Габите, растенијата и животните (вклучувајќи ги и луѓето) не се способни да го синтетизираат. Само бактериите и археите имаат ензими потребни за неговата синтеза. Некои значителни извори на Б12 вклучуваат производи од животинско потекло (школки, месо), збогатена храна, производи и додатоци во исхраната. Б12 е молекулски најголемиот и најстариот структурно комплициран витамин, а може да биде произведен индустриски преку бактериска ферментација. Исто така може да се произведе синтетички.

Витамин Б12 припаѓа на класа на хемиски сродни соединенија (витамери), од кои сите покажуваат фармаколошка активност. Го содржи биохемиски реткиот елемент кобалт (хемиски симбол Со) поставен во центарот на тетрапиролниот корински прстен. Бактериите го синтетизираат во форма на хидроксикобаламин, а во организмот на човекот може да биде конвентиран во други различни форми. Витамин Б12 бил откриен како резултат на неговата поврзаност со болеста пернициозна анемија.

Дефицитот на витаминот Б12 потенцијално може да предизвика тешки иреверзибилни оштетувања, посебно на мозокот и нервниот систем. Помеѓу симптомите спаѓаат: замор, летаргија, депресија, лоша меморија, главоболки, бледило на кожата, особено кај постарите лица (над 60 години возраст) кои произведуваат помалку желудечна киселина со текот на годините, а со тоа и зголемување на веројатност на лоша апсорпција на витамин Б12. Дефицитот на витаминот Б12, исто така, може да предизвика симптоми на манија и психози.

Дефицитот на витаминот Б12 е најчесто предизвикан од внесување на негово мало количество, но исто така може да биде предизвикано од малапсорпција, одредени цревни нарушувања, мала концентрација на врзувачки белковини и употреба на одредени лекови. Витамин Б12 речиси и да нема растителни извори, па вегетаријанците се со поголема веројатност да страдаат од негов дефицит. Децата се во поголем ризик од дефицит ако се родени од мајки кои не конзумираат месо. Постарите лица кои имаат диети со ограничено количество на месо или производи од животинско потекло се ранливи популации. Дефицитот на витаминот Б12 може да се случи помеѓу 40% до 80% од вегетаријанското население. Во Хонгконг и Индија дефицит на витамин Б12 е пронајден кај околу 80% од вегетаријанското население.

Бидејќи не постои златен стандарден тест за недостаток на витамин Б12, се вршат неколку различни лабораториски тестови за да се потврди сомнителната дијагноза.Серумската вредност на витаминот Б12 е прилично непогодна, бидејќи се менува доцна и исто така е релативно нечувствителна и неспецифична. Метилмалонската киселина во урината или во крвната плазма се смета за функционален маркер за витамин Б12 кој се зголемува кога магацините со витамин Б12 се исцрпени. Сепак, покачените нивоа на метилмалонска киселина, исто така, може да укажуваат на често занемаруваното метаболичко нарушување, комбинирана малонска и метилмалонска ацидурија (CMAMMA). Најраниот маркер за недостаток на витамин Б12 е ниското ниво на холотранскобаламин (holoTC), кој е комплекс на витамин Б12 и неговата транспортна белковина. Витамин Б12 е кофактор на различни метаболитички реакции кои се вклучени во метилацијата и синтезата на нуклеинските киселини и одделни невротрансмитери.

Share
Tweet
Linkedin
Comments

What do you think?