За многумина значи смртна пресуда, најголема несреќа што може да му се случи на едно живо суштество, за здравствените работници значи немоќ пред непознатото, додека за оние кои се лекуваат од болеста, тоа е деноноќна мисла и повик во борба таа да биде совладана.

Сите се прашуваат како настанува тој?

Познато е дека нашето тело е составено од органски системи, овие пак од органи, органите од ткива, а ткивата од многубројни клетки, кои всушност ги претставуваат основните делови на нашиот организам.

За да дојде до затруднување, мора да се соединат машката и женската плодна клетка, по што тие се делат и така, множејќи се, создаваат нови суштества. Развојот на новото суштество кај човекот трае 25-30 години, но и потоа извесни клетки се множат и ги заменуваат остарените, истрошените. Благодарение на правилното растење и делба на клетките, се создава и се развива здрав организам.

Меѓутоа, не се случува секогаш така; извесни клетки ја одбиваат послушноста и почнуваат да се делат на свој начин и на своја сметка, се издвојуваат од заедницата на која и припаѓаат,„здивуваат“ и сето тоа, се разбира, доведува до растројство во работата на соодветниот орган каде што се случува таа појава. Поради тоа, тој орган не може повеќе правилно да функционира и на крајот доаѓа до неговото изумирање. Ако се работи за орган од животна важност, тоа пак доведува до изумирање на целиот организам.

Честопати луѓето ракот го заменуваат со туморот и обратно. Секој рак е еден вид тумор, но затоа секој тумор не е рак. Постои поделба на бенигни (т.н. добродушни) и малигни (опасни) тумори.

Причините за настанокот на ракот се делат на надворешни и внатрешни.

Надворешни:

  • механички – повреда од тврди тела,
  • хемиски – катранот, арсеникот и парафинот.

Внатрешни:

  • токсините, отровите на продуктите што се распаѓаат.

Симптоми за препознавање на ракот

Во симптоми за препозанавање на ракот може да се земат предвид: малокрвност (анемија), губење на тежината, појава на жлезди, израстоци на телото, главоболка, кашлица, задушување, зарипнатост, болки при голтањето, болки во пределот на желудникот, неуредна и црна столица, крварење, женски крварења, крварење од мочните органи, преглед на простатата кај постарите луѓе, преглед на дојките кај жените, тврди места во пределот на стомакот.

Видови опасни тумори

Во опасни тумори спаѓаат: Рак на кожата, рак на долната усна, рак на усната шуплина, рак на јазикот, рак на крајниците, рак на грлото, рак на гркланот рак на хранопроводот, рак на желудникот, рак на тенкото црево, рак на дебелото црево, рак на анусот, рак на црниот дроб, рак на панкреасот, рак на бубрезите, рак на мочниот меур, рак на машките полови органи, рак на половиот орган, рак на простатата, рак на женските полови органи, рак на срамните усни, рак на грлото на матката, рак на јајниците, рак на дојката, рак на штитната жлезда, рак на белите дробови, рак на органите за крвоток, рак на коскената срж, тумори на коските од другите органи, тумори на мозокот и други органи сместени во черепната шуплина, тумори на мозокот.

Лекување

Главни начини на лекување се: хируршко отстранување на туморот, зрачење (радиотерапија) и лечење со хемиски средства (лекови, односно хемотерапија). Овие методи се применуваат заедно, но може и комбинирано. Лекарите го согледуваат текот на болеста за секој болен посебно.

Исхрана

Многу е важно да се храниме добро, особено оние луѓе кои се заболени од тумор. Установено е дека болните кои во текот на лечењето добро се хранат или употребуваат храна богата со белковини се поотпорни на споредни, негативни причинители кои настануваат како резултат на зрачењето, на хируршкиот зафат или на хемотерапија. Пациентите кои добро се хранат можат да поднесат дури и поголеми дози на зрачење или хемотерапија.

Share
Tweet
Linkedin
Comments

What do you think?