СОВЕТИ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ВАШЕТО ДЕТЕ

Раѓането на децата вероіатно, е назвозбудливиот настан и наголемиот предизвик во семеіното искуство. Добрата пренатална програма ќе се погрижи вие и вашиот партнер да бидете добро подготвени за грижење за новиот член на семеіството. Повеќето деца се раѓаат со се што им е потребно да пораснат во здрави возрасни лица, но никогаш не е прерано да се почне со превентивната здравствена заштита за да се обезбеди долгорочно здравје и благосостојба.

Редовни медицински прегледи

Секое дете треба да ги извршува редовните медицински прегледи, да се научи правилно да ја одржува личната хигиена и исхрана и да добива многу одмор и вежби.

Имунизација

Првите неколку години семениот лекар или педијатар треба да го следи развојот на детето и да биде на располагање кога ќе се појават неизбежните детски здравствени тегоби. Детето добива вакцина против хепатитис набргу по раѓането и би требало да ги завши сите потребни вакцинации пред втората година. Задолжителни се вакцинациите против заразните детски болести и ниту едно дете не би требало да тргне во училиште, а да не е вакцинирано против нив.

Lydia Melo, 7, is inoculated with one of two reduced 10 ug doses of the Pfizer BioNtech COVID-19 vaccine during a trial at Duke University in Durham, North Carolina September 28, 2021 in a still image from video. Video taken September 28, 2021. Shawn Rocco/Duke University/Handout via REUTERS NO RESALES. NO ARCHIVES. THIS IMAGE HAS BEEN SUPPLIED BY A THIRD PARTY.

Следење на телесното здравје

Повеќето деца на приближно иста возраст се развиваат подеднакво во тежина, телесно и ги совладуваат моторните вештини, но немојте да сте претерано загрижени, ако пресвртните точки ка вашето дете малку се разликуваат од оние кај другите деца во семеіството или соседството. Ако развојот на вашето дете значително се разликува од развојот на неговите врсници, можеби ќе сакате да се посоветувате со својот педијатар.

Ментална и емоционална состојба

Освен телесното здравје на вашето дете, треба да се развива и неговата ментална и емоционална благосостоіба. Лубовта и поддршката од семеството и пријателите помагаат во стекнуването на самодовербата, а дружењето со деца на слична возраст се развиваат важни социјални вештини.

Објаснување кон Календарот за имунизација:

¹ BCG вакцина се дава при отпуштање од родилиште. До крајот на првата година детето се вакцинира со BCG вакцина без претходно туберкулинско тестирање.

² HepB вакцина се дава во првите 24 часа од раѓање како поединечна вакцина.

³ Детето се вакцинира (I и III доза) со шестовалентна вакцина која содржи (DTaP, Hib, HepB и IPV).

⁴ Детето се вакцинира (II доза) и ревакцинира (прва ревакцина) со петовалентна вакцина која содржи (DTaP, Hib и IPV).

⁵ Детето се вакцинира со три дози петтовалентна ротавирусна вакцина (RV5). Вакцинацијата започнува најдоцна до 12-неделна возраст. Растојанието меѓу дозите е од 4-10 недели. Третата доза треба да биде дадена најдоцна до навршени 32 недели од животот.

⁶ Вакцинација со пневмококна вакцина се спроведува најдоцна до 5 години. Бројот на дози зависи од возраста на детето во моментот кога е отпочната вакцинацијата. Кај деца на возраст од 2 до 11 месеци се даваат две дози вакцина и една доза ревакцина (бустер). Кај деца на возраст од 12 до 23 месеци, се даваат две дози на растојание не пократко од 2 месеци, без бустер доза. Кај деца на возраст од 2 до 5 години се дава една доза вакцина, нема бустер доза.

⁷ Првата доза комбинирана МРП вакцина се дава на деца со навршени 12 месеци од животот, а втората доза (ревакцина) се дава при започнување на основното образование.

⁸ Втора ревакцинација против дифтерија, тетанус и пертусис се спроведува кај деца со неполни 7 години или со наполнети 7 години со давање на една доза четиривалентна DTaP-IPV вакцина.

⁹ Трета ревакцинација против дифтерија и тетанус се спроведува кај деца во завршно одделение на основно образование со давање на една доза тривалентна Td-IPV вакцинa.

¹° Четврта ревакцинација против тетанус се спроведува со давање една доза ТТ вакцина на 18 годишна возраст, односно во завршна година на средното образование.

¹¹ Со ХПВ вакцина се вакцинираат само девојчиња со наполнети 12 години, со давање на две дози на вакцина, на растојание од 6 месеци

Share
Tweet
Linkedin
Comments

What do you think?