СЛАБЕЕЊЕ

Планираното слабеење обично вклучува избегнување на одредена група на храна, најчесто масти или јаглени хидрати. При слабеење постојано се зголемува желбата за храна која не смееме да ја јадеме. Со текот на времето, нерасположението и недостатокот на енергија, придружени се со пад на имунитетот, ја ослабуваат нашата волја. И на крај, речиси секогаш, се враќа секој килограм што сме го изгубиле… Ако ова ви звучи познато, растителните влакна се веројатно најдоброто решение за вас.

Што е влакно?

Влакната се составен дел на растителната храна. Ги има во овошјето, зеленчукот, житариците… Порано се сметаше дека растителните влакна се бескорисен дел од свежата храна, што само го намалува нивниот квалитет. Сепак, стручната јавност во бројни трудови и студии потврди дека влакната придонесуваат за слабеење и помагаат во спречување на многу болести.

Кои влакна ни помагаат да изгубиме тежина?

Истражувањата покажаа дека два вида влакна: Нутриоза и Глукоманан покажуваат најдобар ефект во контролата на тежината.

Глукоманан се препорачува првенствено поради неговата способност да апсорбира голема количина на вода. Со врзување на водата, овие влакна заземаат простор во желудникот и не спречуваат да внесеме повеќе храна отколку што навистина ни е потребно. Бидејќи влакната тешко се варaaт, тие остануваат во желудникот, поради што се чувствуваме сити подолг временски период.

Нутриозата е растително влакно со ниска енергетска вредност. Покрај тоа што дава чувство на ситост,  Nutriose има уште една значајна предност – го регулира нивото на шеќер во крвта. Кога сакаме да изгубиме тежина ова е исклучително важно.

Секогаш кога се храниме со храна која не содржи влакна, постои можност шеќерот во крвта да ни скокне. Нашиот мозок го регистрира овој скок како вишок енергија. Доколку во тој момент не сме физички активни, започнува формирањето на масни наслаги. Овој процес е толку интензивен што по некое време се чувствуваме уморни, гладни и имаме зголемена желба за храна. Тогаш најчесто посегнуваме по слатки и ја кршиме диетата.

Затоа внесувањето на Нутриоза е од особено значење. Овој вид влакна го регулираат нивото на шеќер во крвта и на тој начин ги спречуваат неговите нагли скокови, што ни овозможува да го држиме под контрола чувството на глад.

Влакната внесуваат калории

Научните истражувања го потврдуваат она што веќе го знаеме: само ако го намалиме внесот на калории, можеме да го изгубиме вишокот килограми и да ја одржиме посакуваната тежина долго време. Звучи невозможно? Науката вели поинаку.

Нискиот број на калории е една од главните карактеристики на Глукоманан и Нутриоза. Кога ги консумираме овие растителни влакна, внесуваме многу малку калории и сепак се чувствуваме сити. Влакната делуваат како сунѓер во нашите црева. Тие апсорбираат вода и, со забрзување на нивното поминување низ цревата, го спречуваат користењето на калориите и нивното таложење на колковите, желудникот и другите критични региони.

Истражувањата потврдуваат дека преку столицата, заедно со влакната, најголемиот дел од калориите што ги внесуваме во текот на денот се исфрлаат од телото.

Малиот процент на калории кои се уште се користат ќе се користат како енергија за нормално функционирање на организмот, а нема да има вишок кој би се претворил во масни наслаги.

Губењето тежина е исцрпувачко

Губењето тежина може да биде многу исцрпувачко. Влакната помагаат да се создаде здрава цревна флора која го зајакнува имунитетот. Во исто време, тие го подобруваат варењето и го поттикнуваат редовното празнење на дебелото црево. Се намалува времето на задржување на остатоците од храна во цревата, а со тоа и задржувањето на штетните материи и токсините во организмот. Влакната ни помагаат да останеме здрави во текот на процесот на слабеење.

Иако влакната може да се добијат преку исхрана, дефинитивно не внесуваме доволно од нив. Истражувањата покажуваат дека просечниот возрасен троши помеѓу 7 и 15 грама влакна дневно – што е околу половина од препорачаниот дневен внес. Затоа, се препорачува дополнително дополнување.

План за слабеење?

Губењето килограми е исклучително фрустрирачко. Особено што постојано мислиме на храна и постојано сме гладни. Секој план за слабеење што некогаш сме го направиле вклучувало избегнување одредена група на храна: масти, шеќери, јаглени хидрати – и сме се држеле до него.

Без разлика на посветеноста, само се зголемила желбата за храната што не смеевме да ја јадеме. Сме чувствувале нерасположение и недостаток на енергија, придружени со пад на имунитетот. И после сè, скоро секогаш сме вратиле секое изгубено кило…

Затоа со намалувањето на внесот на калории, можеме полесно да го изгубиме вишокот килограми и да ја одржиме посакуваната тежина долго време истовремено надокнадувајќи со зголемен внес на растителни влакна.

Share
Tweet
Linkedin
Comments

What do you think?

3 коментари
22/08/2021

Great tips! I’ve just discovered your Youtube channel, and I love it! Thanks for sharing your content and the day and life of a designer.

22/08/2021

I love reading your blogs and watching your videos. I am really impressed by the way you are doing business and I am just inspired by it!

22/08/2021

Thanks so much for the tips both in the blog and on your YouTube channel. As a new Interior Design student, I find them to be incredibly helpful, interesting, and inspirational. Keep up the great work!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *