РАЦИОНАЛНО КОРИСТЕЊЕ НА АНТИБИОТИЦИ

Антибиотиците се користат за лекување на бактериски инфекции и вклучуваат голем број на различни супстанции. Токму поради оваа причина, многу е важна правилната употреба на антибиотиците, како и нивната совесна употреба, за успешно излекување на бактериска инфекција.

Пациентите често земаат антибиотици сами, без консултација со лекар, а тоа често ја зголемува отпорноста на бактериите на антибиотици и ја намалува можноста за излекување.

Што всушносте се антибиотиците?

Антибиотиците во потесна смисла на зборот претставуваат природни секрети кои микроорганизмите (бактерии, габи, актиномицети) ги лачат во надворешната средина за да се одбранат од други микроорганизми и да преживеат. Покрај природните, полусинтетичките и синтетичките материи, тие сочинуваат голема група на антибактериски лекови или, како што се попознати, антибиотици. Оваа група на лекови се користи за лекување на инфекции предизвикани од бактерии и вклучува голем број на различни супстанции. Токму поради оваа голема разновидност, потребно е многу знаење и искуство пред да се препише самата антибиотска терапија, како и совесност на пациентите при нивно користење.

Која е ефикасноста на антибиотиците кога има бактерии во телото?

Откако ќе се утврди дека постојат бактерии во организмот, тогаш ефективноста на антибиотската терапија првенствено се одредува со изборот на антибиотик (т.н. антибиограм). Доколку бактеријата што ја предизвикала инфекцијата е чувствителна на дејството на избраниот антибиотик и доколку антибиотикот се зема во дозата и временскиот интервал пропишан од лекарот, тогаш се очекува висока ефикасност на антибиотската терапија и излекување.

Зошто не треба да се земаат антибиотици без лекарски рецепт?

Антибиотиците не треба да се земаат без претходна посета на лекар бидејќи пациентот нема доволно знаење за да може сам да процени дали му е потребен антибиотик или не, и кој антибиотик е најсоодветен. За правилно да се препише антибиотик, потребно е да се знае причината за болеста – бактериите, добро познавање на сите фактори поврзани со пациентот кои можат да влијаат на изборот и дозата на антибиотиците, како и добро познавање на антибактерискиот спектар на антибиотикот, механизмите на дејство, неговата доза, како и потенцијалните несакани реакции.

Симптомите на бактериски и вирусни инфекции се многу слични, а употребата на антибиотици е ефикасна само во присуство на бактерии. Поради оваа причина, при првото појавување на симптомите не треба веднаш да се користат антибиотици, но доколку тоа го дозволува клиничката слика, се препорачувааат антипиретици и други лекови кои ќе ги ублажат симптомите и ќе му дадат простор на имунолошкиот систем да се одбрани. Доколку по три-четири дена симптомите станат поизразени и температурата не се намали, постои сомнеж дека се работи за бактериска инфекција и дека има потреба од антибиотици. Во тој случај лекарот одлучува кој антибиотик е соодветен врз основа на антибиограмот.

Покрај тоа што антибиотикот делува на бактериите во организмот и го уништува нивното дејство, дали влијае и на здравите бактерии кои се во нашиот организам?

Антибиотиците кои се внесуваат во организмот го инхибираат растот и ги уништуваат и бактериите кои се причина за болеста, како и здравите бактерии кои ја сочинуваат физиолошката микрофлора на човекот. Овој проблем е особено изразен на ниво на цревата, кога количината на антибиотици што не се апсорбира ги уништува добрите бактерии кои се составен дел од цревната микрофлора. Во овој случај доаѓа до нарушување на рамнотежата помеѓу здравите и патогените микроорганизми во цревата, развој на болести, нарушена е работата на цревата што резултира со ослабен имунолошки систем.

Покрај уништувањето, антибиотиците предизвикуваат генетски промени и кај патогените и кај здравите бактерии. Имено, бактериите имаат голема способност за генетска модификација за да преживеат и да се приспособат на условите на надворешната средина, како и висока стапка на размножување. Исто така, тие имаат способност да пренесуваат гени кои ќе овозможат опстанок од генерација на генерација, како и од еден на друг вид на бактерии. Голем проблем настанува кога антибиотикот не се применува соодветно и кога ќе се остави одредена количина на патогени бактерии со способност да преживее во присуство на антибиотикот. Генот за преживување може да се пренесе на здрави бактерии, кои потоа може да го пренесат истиот ген на друг тип на патогени бактерии за време на следната инфекција. На тој начин се шири отпорноста на одреден антибиотик и се намалува неговата ефикасност.

На што треба да внимаваат пациентите кога земаат антибиотска терапија?

Пациентите треба да внимаваат да го користат антибиотикот по препораки на лекарот, да не прескокнуваат дози, да го користат лекот во временскиот интервал и што е најважно, мора да внимаваат да не го прекинат лекувањето кога ќе почувствуваат дека симптомите се поблаги, но да продолжат да ја пијат антибиотската терапија точно онолку денови колку што им посочил лекарот. Во спротивно, постои голема веројатност за развој на бактерии кои ќе бидат отпорни на неправилно нанесен антибиотик, што значи дека антибиотикот повеќе нема да биде ефикасен во случај на повторна инфекција со истата бактерија или, во уште полош случај, инфекција со друг вид на бактерии.

Покрај правилно администрирани антибиотици, важно е и пациентите да внесат добри бактерии во нивните тела – во форма на пробиотици. Овој тип на препарат ќе помогне да се врати потенцијално нарушената рамнотежа помеѓу добрите и патогените микроорганизми во цревата и да се спречат понатамошни здравствени компликации.

Што е антибиограм и дали е задолжителен кога има индикации за оваа терапија?

Антибиограмот е резултат на тестирање на чувствителноста на човечки примерок на различни видови антибиотици. Примерокот прво се тестира за присуство на патогени бактерии, нивна изолација, а потоа се прави тест за чувствителност. Овој начин е најправилен при препишување на антибиотици, бидејќи на тој начин може да се препише антибиотик со потесен антибактериски спектар со сигурност дека ќе биде ефикасен против присутните бактерии. Во пракса, ретко се препишуваат антибиотици врз основа на антибиограм, што е грешка, бидејќи антибиотиците со широк антибактериски спектар генерално се препишуваат дури и кога тоа не е неопходно и на тој начин постои ризик од развој на отпорност на бактерии на дадените антибиотици и намалување на нивната ефикасност. Употребата на антибиотици без антибиограм е дозволена кога клиничката слика е карактеристична за одредени предизвикувачи на бактериска инфекција и кога не може да се добие репрезентативен примерок.

Дали прекумерната употреба на антибиотици може да доведе до тоа телото да стане помалку чувствително на одреден тип на антибиотици?

Прекумерната употреба на одреден тип на антибиотик врши притисок врз бактериите, кои многу брзо се прилагодуваат, да најдат начин да се одбранат од дадениот антибиотик во нивниот генетски потенцијал. Понатамошното пренесување на гени за одбрана од одреден антибиотик доведува до отпорност на тој антибиотик.

Кое е решението ако се развие отпорност на антибиотици?

Ако се развие отпорност на антибиотици, решението е да се користи друг тип на антибиотик на кој не е развиена отпорност. Оние антибиотици на кои бактериската популација развила способност да се брани, не може да се користат за лекување на болести предизвикани од тие бактерии. Бидејќи бактериите лесно развиваат отпорност, неопходно е да се најдат нови антибиотици кои ќе се користат наместо претходните. Бидејќи патот до синтезата на нови антибиотици е долг и тежок, а способноста на бактериите да се прилагодат е брз и постојан процес, постоечките антибиотици мора да се препишуваат и да се користат посовесно.

Почитувајте ги препораките на лекарот

Пациентите мора да ги почитувааат препораките на лекарот како треба да користи антибиотската терапија, како и фармацевтот кој при препишувањето на лекот ќе им даде дополнителни информации како најдобро да го применат и да се придржуваат до се.

Никогаш да не се прекине антибиотската терапија кога симптомите стануваат поблаги бидејќи тоа не значи дека сите присутни бактерии се целосно уништени и излечени. Исто така, важно е да пијат пробиотици, но со пауза од најмалку два часа помеѓу антибиотиците и пробиотиците за антибиотикот да не ги уништи добрите бактерии од препаратот.

Да не се врши притисок врз лекарите да препишуваат антибиотици и да не се обидуваат да набават антибиотик без рецепт во аптека, бидејќи лекарот што не препишува и фармацевтот што не дава антибиотик совесно си ја врши работата и се свесни дека нерационалната употреба на антибиотици не претставува опасност не само за поединецот туку и за целото човештво.

Share
Tweet
Linkedin
Comments

What do you think?

3 коментари
22/08/2021

I’ve just discovered your Youtube channel, and I love it! Thanks for sharing your content and the day and life of a designer! Great tips!

22/08/2021

As a new Interior Design student, I find your tips to be incredibly helpful, interesting, and inspirational. Keep up the great work! Thanks so much for your work both in the blog and on your YouTube channel.

22/08/2021

Great tips! I’ve just discovered your Youtube channel, and I love it! Thanks for sharing your content and the day and life of a designer.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *