Што преставува коскена срж и која е нејзината улога?

Коскената срж или коскена срцевина е сунѓересто ткиво со кое се исполнети шуплините во коските.

Функција

Таа е фабрика на крвни зрнца. Таа испушта крвни зрнца во крвотокот кога тие ќе се развијат и кога телото има посебна потреба за нив. Во здраво тело, коскената срж ги создава повеќето од трите вида на крвни зрнца. Тие се:

  • црвените крвни зрнца (еритроцити)
  • белите крвни зрнца (леукоцити)
  • крвните плочки (тромбоцити)

Созревањето и развојот на крвните зрнца внимателно се контролира за да може да се создаде точниот број на секој вид на зрнца за телото да биде здраво. Секоја секунда се создаваат милиони црвени и бели крвни зрнца.

Клетките остануваат во коскената срж сè додека не се доволно созреани за да можат да се движат во крвта и соодветно да ги извршуваат различните функции што ги имаат. Прераното слевање на неоформени крвни зрнца од коскената срж во циркулаторниот систем е бид на рак т.е., леукемија.

Share
Tweet
Linkedin
Comments

What do you think?