д-р Дафина Николова,
Науч. сор.
ЈЗУ УК за Гастроентерохепатологија

Хемороидите, претставуваат нормални васкуларни структури во аналниот канал кои доколку се воспалат или набрекнат, често можат да предизвикаат симптоми како што се ректално крвавење, болка, чешање и непријатност во аналната регија. Хемороидалната болест, е предизвикана од зголемен притисок во вените на анусот и ректумот и таа прествавува честа појава која афектира приближно 50% од населението во одреден период од нивниот живот. Иако хемороидите можат да бидат непријатни и вознемирувачки, тие обично не се сериозни и можат ефикасно да се третираат со промени во животниот стил, со примена на соодветни лекови и масти или пак со приодни препарати. Меѓутоа, во некои случаи, тие може да бараат поагресивен третман, како што е хируршка интервенција.

Типа на хемороиди

Постојат два типа на хемороиди: внатрешни и надворешни.

Внатрешните хемороиди се наоѓаат во внатрешноста на ректумот и не се видливи однадвор. Тие вообичаено се безболни, но можат да предизвикаат ректално крвавење, кое често се забележува како светло црвена крв на тоалетната хартија или во тоалетната школка. Внатрешните хемороиди исто така може да излегуваат надвор од анусот за време на цревното празнење (дефкација), предизвикувајќи непријатност и чувство на грутка на самиот анален отвор.

Надворешните хемороиди се наоѓаат надвор од анусот и се видливи како мали грутки или перничиња. Тие често се поболни од внатрешните хемороиди бидејќи имаат повеќе нервни завршетоци и се почувствителни на допир. Надворешните хемороиди исто така може да крвават, но крвавењето вообичаено е помалку сериозно од она што го предизвикуваат внатрешните хемороиди.

Фактори за појавување

Постојат неколку фактори кои можат да придонесат за појава и развој на хемороиди, вклучувајќи:

  • Запек: Зголемениот напон при цревното празнење може да предизвика зголемен притисок во вените во анусот и ректумот, што доведува до развој на хемороиди.
  • Хронична дијареа: Честата дијареа може да предизвика иритација и воспаление на анусот и ректумот, што доведува до развој на хемороиди.
  • Бременост: Зголемувањето на нивото на хормоните и притисокот на бебето врз малата карлица можат да предизвикаат отекување и воспаление на вените во анусот и ректумот.
  • Стареење: Како што старееме, мускулите и ткивата во анусот и ректумот можат да станат послаби, што го олеснува развојот на хемороидите.
  • Дебелина: Прекумерната тежина или дебелината може да го зголеми ризикот од развој на хемороиди поради зголемениот притисок врз вените во анусот и ректумот.
  • Седентарен начин на живот: Долгото седење може да го зголеми ризикот од развој на хемороиди бидејќи може да предизвика зголемен притисок врз вените во анусот и ректумот.

Терапија

Постојат неколку опции за третман на хемороиди, во зависност од тежината на состојбата. Промените во животниот стил, како што се зголемување на внесот на фибрински влакна во исхраната, пиење многу течности и редовно вежбање, можат да помогнат да се ублажат симптомите на хемороидите. Лековите без рецепт, како што се креми, масти и супозитории, исто така можат да се користат за ублажување на болката и непријатноста поврзани со хемороидите.

Во некои случаи, неопходен е поагресивен третман. Процедури како што се склеротерапија, подврзување со гумени ластичиња и инфрацрвена коагулација можат да се користат за излекување на хемороидите. Хируршки процедури, како што е хемороидектомија, се потребни во потешки случаи или доколку другите видови на третмани биле неуспешни.

Важно е да се обратите кај вашиот лекар ако имате симптоми на хемороиди, како што се ректално крварење, болка или непријатност во аналната регија. Иако во повеќето случаи хемороидалната болест може ефикасно да се третира и лекува со промени во животниот стил и со одредени лекови, важно е состојбата правилно да се дијагностицира и третира за да се спречат компликации.

Share
Tweet
Linkedin
Comments

What do you think?