ФОЛНА КИСЕЛИНА (ВИТАМИН Б9)

Фолна киселина (позната и како витамин Б9 или фолацин) и фолатот (природната форма), како и птероил-L-глутаминската киселина и птероил-L-глутаматот се форми на водорастворливиот витамин Б9. Овој витамин е есенцијална хранлива состојка и е важен за многу процеси, како биосинтеза на нуклеотиди и реметилација на хомоцистеин. Тој е особено важен во периодите на брза делба на клетките и раст. На возрасните и децата им е потребен овој витамин за создавање на здрави еритроцити и за спречување на анемија. Името доаѓа од латинскиот збор folium што значи лист.

Недостигот на фолна киселина доведува до фолатна дефициенција.

Дејство врз организмот

Фолната киселина помага при делбата на клетките. Неопходна е за образување на плацентата и за изградбата на коскената срж на ембрионот. Најдобар извор на овој витамин се непреработените зеленчуци – салатите, спанаќот, гравот, магдоносот, брокулите, како и лебот. Фолната киселина ја има во црниот дроб, меките сирења, агрумите, овесните зрна и пченичниот зародиш.

.
Share
Tweet
Linkedin
Comments

What do you think?