Фобиите (од грчкиот збор phobos, што значи страв или бегство) се ирационални и онеспособувачки стравови кои предизвикуваат голема потреба за избегнување на објектот или состојбата која е извор на стравот. Фобичниот човек разбира дека тој страв е претеран или неоснован, но обидите за противставување предизвикуваат единствено уште поголема мачнина. Од фобии боледуваат околу 7 проценти од луѓето, а често почнуваат во детството.

Најчесто се јавуваат специфичните фобии, кои опфаќаат страв од училиште, заболекар, возење, вода, балони, змии, дебелина, старост, високи места (акрофобија) и затворен простор (клаустрофобија). Човекот обично не се плаши од самиот објект, туку од некоја страшна последица, на пример паѓање од авион. Иако луѓето со фобии признаваат дека нивниот страв е претеран, тоа сознание не го намалува нивниот страв.

Жртвата на агорафобија претрпува повеќекратни стравови кои се движат околу три основни теми: страв од напуштање на куќата, од самотија и од состојби во кои не може нагло да замине или да добие помош.

Ако агорафобијата се засилува, може да дојде до тоа човекот да направи сè за да го избегне излегувањето од дома.

Кај друштвената фобија, која често ги зафаќа младите луѓе, главен е стравот од јавно понижување. Заболените од оваа фобија може да ги избегнуваат дури и оброците во ресторан. Избегнуваат разговори во јавноста, забави и јавни тоалети. Вакви состојби и места може да предизвикаат црвенило на образите, силно биење на срцето, потење, тресење, пелтечење или несвестица. Дури 25 проценти од луѓето кои професионално се занимаваат со дејности кои вклучуваат јавни настапи, се борат со тежок, траен страв предизвикан од јавен настап, како облик на друштвена фобија. Ако фобијата не се лекува, човекот може да се повлече во себе, да стане депресивен или друштвено неспособен човек.

Од што произлегуваат?

Некои специфични фобии може да се објаснат со поранешни трауматски случувања, како што е каснување од куче, но повеќето немаат јасни причинители. Се смета дека до повеќето фобии се доаѓа кога стравот или судирот кој е во заднината на фобијата ќе се премести врз некој објект кој нема никаква врска со него. Агорафобијата може да се развие како одговор на повторуваните панични напади. Првите симптоми на друштвената фобија може да се забележат во раното детство, но вистинската причина и натаму е непозната.

Како да се излезе на крај со фобиите?

Успехот на лекувањето делумно зависи и од тежината на фобијата. Додека некои фобии никогаш не се лекуваат целосно, многу луѓе може да научат делотворно да функционираат, особено по третман во клиники за лекување фобии и во групите за поддршка во кои учествуваат и луѓе кои се излекувале од фобии.

Co целосно лекување повеќето заболени ги намалуваат стравовите, а во многу случаи успеваат и да ги совладаат. Вежбајте со блиските пријатели или со терапевтот. Еве неколку насоки:

Слободно барајте повратна информација или проверка на реалноста во врска со објектот или состојбата која предизвикува страв: Безбеден/на ли сум? Ќе ме повреди ли?

Вежбајте насочување на мислите во позитивна насока, од „тоа куче ќе ме касне“ до „кучето е врзано и не може да ме повреди“.

Како да се спречат?

Редовно правете ги вежбите за длабоко дишење и олабавување, особено кога мачнината ќе почне да се зголемува.

Редовното вежбање го помага трошењето на адреналинот, кој ги придружува паничните напади.

Избегнувајте алкохол, барбитурати и анксиолитици кога е можно тоа. Лековите само ги прикриваат симптомите. Исто така, избегнувајте кофеин кој може да имитира некои симптоми на панични напади.

Share
Tweet
Linkedin
Comments

What do you think?