Раѓането на децата вероіатно, е назвозбудливиот настан и наголемиот предизвик во семеіното искуство. Добрата пренатална програма ќе се погрижи вие и вашиот партнер да бидете добро подготвени за грижење за новиот член на семеіството. Повеќето деца се раѓаат со се што им е потребно да пораснат во здрави возрасни лица, но никогаш не е прерано…

Read More

Витаминот А (или ретинол) е првиот откриен витамин, па затоа е именуван со првата буква од латиницата. За првпат бил препознаен во 1913 година. Тој е особено важен за одржување на видот (на очите), за добрата состојба на коските, кожата, косата, забите и непцата. Без доволно витамин А, организмот е посклон кон инфекции. Улога На нашето тело му е потребен витаминот А…

Read More

Витамин Б6 — еден од најважните витамини во организмот. Тој е важен за формирањето на аминокиселините, а со тоа и на белковините. Витамин Б6 е потребен за следните функции: работата на мозокот и централниот нервен систем, производство на одредени невротрансмитери (пример серотонинот), правилно работење на мускулите, производство на некои хормони (адреналин и допамин), производство на хемоглобинот…

Read More

Витамин Ц, Ц-витамин или аскорбинска киселина — витамин растворлив во вода, присутен во овошјето и зеленчукот. Тој е еден од најиспитуваните и најопишуваните витамини, и е првиот синтетизиран витамин. Овој витамин има редукциони својства и учествува во многу биолошки процеси. Важен е за синтезата на колагенот и карнитинот, како и за метаболизмот на масните киселини. Тој е најсилниот антиоксиданс меѓу витамините кои се растворливи во вода. Инаку, витаминот Ц е…

Read More

Витаминот Б12, исто така нарачен кобаламин, е водорастворлив (хидрофилен) витамин кој има клучна улога во нормалното функционирање на мозокот и нервниот систем преку синтезата на миелин (миелиногенеза), и формирањето на црвените крвни зрнца. Тој е еден од осумтте Б витамини. Вклучен е во метаболизмот на секоја клетка од човечкото тело, а особено влијае на ДНК синтезата, метаболизмот на масните киселини и аминокиселините. Габите, растенијата и животните (вклучувајќи ги и луѓето) не се способни да го синтетизираат. Само бактериите и археите имаат ензими потребни за неговата синтеза….

Read More

Фолна киселина (позната и како витамин Б9 или фолацин) и фолатот (природната форма), како и птероил-L-глутаминската киселина и птероил-L-глутаматот се форми на водорастворливиот витамин Б9. Овој витамин е есенцијална хранлива состојка и е важен за многу процеси, како биосинтеза на нуклеотиди и реметилација на хомоцистеин. Тој е особено важен во периодите на брза делба на клетките и раст. На возрасните и децата им е потребен овој витамин за создавање на здрави еритроцити и за спречување на анемија. Името доаѓа од латинскиот збор folium што значи лист. Недостигот…

Read More

Базоцелуларен карцином (Carcinoma basocellulare) е најчестиот малигнен тумор на кожата кај белата раса, а воедно и тумор со најдобра прогноза бидејќи стапката на смртност кај овие пациенти е исклучително мала. Се карактеризира со бавен развој и локален инфилтративно-деструктивен раст. Исклучително ретко метастазира, но може да се повтори (повторно да се појави на истото место по…

Read More

Акутните инфективни дијареи претставуваат втора најзастапена инфективна болест во глобално ниво, и тоа најмногу во земјите со низок социо-економски стандард. Дијареа или пролив се дефинира како појава на воденасти или течни столици најмалку 3 столици во рок од 24 часа. Дијареата може да биде акутна со трајност неколку часа или денови, или пролонгирана повеќе од…

Read More

Анксиозноста е нормален човечки одговор на стресот. Нормално е луѓето да бидат загрижени кога се соочени со финансиски предизвици, почнуваат нова фаза во животот или глобална пандемија. Неколку критериуми за дијагноза Сите овие тегоби се присутни секојдневно и влијаат на функционалната способност на един-ката и нејзината работоспособност. Анксиозно нарушување е медицинска состојба која вклучува чести…

Read More

Зборот депресија вообичаено се користи за да се опише чувството на тага, кои сите ние ја чувствуваме во некои период од нашиот живот. Тој исто така се користи при опишување на депресивни растројства кои можат да се дијагностицираат. Бидејќи депресивните чувства се толку многу чести, важно е да се знае да се направи разлика кога човек се…

Read More