АКУТНИ ИНФЕКТИВНИ ПРОЛИВИ

д-р Арлинда Лога Османи,
Спец. Инфектолог
ЈЗУ УК за инфективни болести и фебрилни состојби

Акутните инфективни дијареи претставуваат втора најзастапена инфективна болест во глобално ниво, и тоа најмногу во земјите со низок социо-економски стандард. Дијареа или пролив се дефинира како појава на воденасти или течни столици најмалку 3 столици во рок од 24 часа. Дијареата може да биде акутна со трајност неколку часа или денови, или пролонгирана повеќе од две недели. Извор на инфекција може да биде акутно болен човек или носител (клинички здрав), или животни (најчесто носители без клиничка слика). Главен пат на ширење на цревните патогени претставува фекало-оралниот пат преку конзумирање на контаминирана храна или вода, преку контакт со заразена особа или контаминирани предмети. Исто така аеро-капковиот пат претставува начин на пренесување.

1218301292

Етиологија

Како дијарогени причинители може да бидат вируси (ротавирус, аденовируси, астровируси, норовируси, калицивируси), бактерии (Staphylococcus aureus, Salmonela species, Shigella, Yersinia, Campylobacter jejuni и др.)  и паразити (Enterobius, Entamoeba hystolitica, Giardia lamblia и др.). Исто така важен причинител на дијареата преставува и неконтролираната употреба на антибиотици ( Clostridoides difficile).

Клиничка слика

Акутните инфективни проливи обично имаат кратка инкубација; алиментарна токсоинфекција или ‘труење со храна’ првите симптоми се појавуваат 1-6 часа по конзумација на контаминирана храна или 6-18 часа. Кај салмонелозите 1-2 дена, додека кај вирусни инфекции, шигела и кампилобактер до 6 дена.

После краткотрајна појава на општи симптоми (неколку часа до еден ден) како малаксалост, гадење, главоболка, мускулни болки а кај некои причинители и  покачена температура, следи развој на специфични симптоми. Специфичните клинички карактеристики на инфективниот дијареален синдром се со различен интензитет зависно од причинителот и тоа- повраќање (може но не мора), пролив (течни/воденасти столици, со/или без патолошки примеси), болки во стомак и знаци на дехидратација (суви слузници и кожа, намален тургор на кожата, халонирани очи, низок крвен притисок, тахикардија, метеористичен абдомен).

Дијагноза

Дијагноза на акутните инфективни проливи се поставува според клиничките карактеристики. Најголем дел од гастроинтестиналните инфекции се краткотрајни и самоизлечливи кои се смируваат во тек на 7 дена со симптоматска терапија и хигиено-диететски режим на исхрана.

Поставување на етиолошка дијагноза се индицира во случај на тешка форма на болест и тоа со развој на тешка дехидратација и развој на ацидоза, појава на крвави столици проследени со фебрилност или појава на пролив кај имунокомпромитирани пациенти или присуство на простетички валвули. Етиолошка дијагноза се поставува со изолација на причинител или потврда на инфекција со имуноензимски тестови.

Терапија

Лекување на пациент со акутен дијареален синдром се започнува со перорална рехидратација (ОРС раствор), пробиотик и посебен начин на исхрана (исфрлување од диета на јагленхидрати и масти), исто така внес на течности преку уста. Парентерална рехидратација се препорачува кај пациенти со знаци на тешка дехидратација (намален тургор на кожата, тахикардија, намален крвен притисок, тахипнеа, колапсна состојба и појава на метеористичен стомак, намалена количина на мокрење до ануриа) и при неможност на внес на течности преку уста заради репетирано повраќање. Исто така корекција на електролитниот и ацидобазниот статус доколку е потребно. Антимикробно емпириско лекување при акутен дијареалне синдром не се препорачува во општата популација, освен во одредени случаи.

Превенција

Основно правило во превенција на инфективните болести е миење на раце. Исто така почитување на мерки на хигиена при готвење и конзумација на храна и вода, регулирање на санитетскиот систем, надзор на животни, хигиенски надзор на вработени во индустрија на храна и кујни (клицоносители како извор на инфекција). Проветрување на простории и дезинфекција на површини. Специфична превенција на акутни инфективни проливи се реализира со имунизација. Неколку вакцини се во развој а некои веќе се дел од редовниот календар за имунизација кај деца (Ротавирусната вакцина).

Share
Tweet
Linkedin
Comments

What do you think?