РЕЖИМ НА ИСХРАНА КАЈ БОЛНИ СО ХРОНИЧНА БУБРЕЖНА БОЛЕСТ ВО ПРЕДДИЈАЛИЗЕН ПЕРИОД

д-р Игор Г. Николов 
Виш науч. сор.
ЈЗУ УК за Нефрологија

д-р Влатко Каранфиловски
ЈЗУ УК за Нефрологија

Бубрезите на здрав човек непоредно после оброк богат со протеини го зголемуваат сопствениот капацитет за нивна елиминација за повеќе од 50%. Ова способност претставува т.н. функционална резерва на здравите бубрези. Кај болните со различен степен на Хронична бубрежна болест (ХББ) оваа функционална резерва е намалена пропорционално на степенот на бубрежното оштетување, до нејзино целосно губење во преддијализниот период. Ова ја наметнува потребата да се штедат бубрезите со цел да се задржат колку што е можно подолго останатите нормално присутни бубрежни функции.

Како се постигнува тоа?

  1. Намалување на внесот на протеини со храната

При преоптоварување со белковини кај болен со хронична бубрежна болест, доаѓа до влошување на бубрежната функција и забрзување на потребата од заместителна терапија (дијализа, трансплантација). Доколку пак болниот со ХББ практикува диета со екстремно низок протеински внес, за неколку месеци доаѓа до протеински дефицит, кој се манифестира со слабост, влошување на анемијата и ацидо-базната рамнотежа кои честопати се тешки за корекција.

Според многу студии е востановено дека најблагопријатно количество на протеини е 0.6 г/кг/дневно. Овој ограничен внес на протеини треба да започне рано, уште кога ќе се забележи трајно покачен серумски креатинин над 180 µmol/l.

При добара комбинација на продуктите, според вкусот на болниот, може да се обезбедат вкусни оброци со внес на белковини од 0.6г/кг

Пример за неделно мени

Појадок:

100мл чај или кафе, 50г леб, 20г масло, 50г џем или 150мл кисело или 250мл пресно млеко.

Важно е да се избегнуваат запршки, зачини и алкохол. Со исклучок на болните со дијабетес, калорискиот внес треба да биде воглавно од јаглехидрати околу 1700 KJ или 40 килокалории на кг/тт дневно. При пресметка на потребниот дневен внес на белковини кај одреден болен, во предвид треба да се земе и евентуалниот губиток на протеини преку урината и загубената колична да се додаде кон препорачаните 0.6г/кг.

  • Ограничување на внесот на фосфати со храната на 600-900мг дневно

Толку ограничен внес скоро да е невозможно да се постигне. Сепак неопходно е да придржувате кон диеталните препораки преку внес на храна спомената подолу. Доколку е неопходно, ординирачкиот нефролог може да ви препише медикаменти кои доведуваат до намалување на количеството на фосфати во организмот.

  • Лекување на покачениот артериски притисок

Неопходно е да се ограничи внесот на сол преку исхраната до 2-3г на ден и редовно земање на препишаните антихипертензивни медикаменти по препорака на ординирачкиот нефролог или семејниот доктор. Артериската хипертензија се лекува непрекинато. Во зависност од вредностите, дозите и комбинациите на лекови може да се променат, но лекување не смее да се прекине. Погрешно е да се земаат лекови за лекување на покачен притисок инцидентно, односно само тогаш кога ќе се измерат повисоки вредности за артериската тензија.

  • Ограничување на внесот на калум

При ХББ постои тенденција за покачување на вредностите на калиум во организмот. Диеталната сол која содржи калиум хлорид не е погодна за пациентите со ХББ. Треба да се ограничи внесот на свежо овошје со висока содржина на калиум  (банани, спанаќ, суви урми, кајсии, сливи, кисели краставички и продукти од соја). Поддолу е даден приказ на продукти со висока содржина на калиум.

Референци:

  1. Clinical practice guideline for nutrition in chronic kidney disease: 2019 update. National Kidney Foundation, Eat right and Academy of Nutrition and Dietetics.
  2. Препораките за исхрана кај болни со Хронична бубрежна болест изготвени од бугарското здружение на нефролози.

Share
Tweet
Linkedin
Comments

What do you think?