Поимот алергија се однесува на реакција на одбранбениот систем на некоја материја која обично не е штетна. Алергиите се јавуваат во различни облици, од оние кои се непријатни до оние кои се опасни за животот. Една петтина од жителите на западната хемисфера страдаат од алергии. Сеуште прецизно не се знае зошто тие се јавуваат кај некои луѓе, но се чини дека наследноста игра улога во нивното создавање. Иако алергиите можат да се појавуваат и да се смируваат во текот на целиот живот, сепак по четириесеттата година од животот, ретко се завуваат нови алергии.

Имунолошкиот систем го штити организмот од туѓи материи-познати како антигени– така што создава антитела и други хемиски материи за да се бори против нив. Одбранбениот систем обично ги занемарува полесните материи, како храната, и се бори само против опасните, како што се бактериите. Алергиската реакција се јавува кога имунолошкиот систем не може да го разликува доброто од лошото па ослободува вид хемиска материја која се нарекува хистамин за да jа нападне неопасната материја како да станува збор за закана. Хистаминот предизвикува низа симптоми кои се поврзуваат со алергиите. Материите кои можат да предизвикаат алергиски реакции, а се познати под името алергени, се движат од поленот преку алергените од животинско потекло, како што се влакната и перјата на домашните миленичина, до пеницилинот.

Повеќето од алергиските реакции не се сериозни, но некои, како анафилаксата, можат да бидат смртоносни. Само неколку алергии може целосно да бидат излекувани, но за намалување на симптомите има цела низа различни начини на лекување. Ако имате тешка алергија многу е важно да отидете на лекар и да добиете итна медицинска помош.

Причинители

Алергиите се іавуваат во многу различни облици и вообичаено е да се вброуваат во општи категории во зависност од видот на материјата која ги предизвикува или според деловите на телото што ги зафаќа.

Кожни алергии: Контактниот дерматитис предизвикува директна, локална изложеност на одреден алерген; за атопичниот дерматитис причинителот е непознат, но обично е наследен. Уртикариата се изразува со отечени, црвени плускавци на кожата кои чешаат и можат да траат и по неколку минути или неколку денови. Ангиоедемот се одликува со поголем оток околу очите и усните, а понекогаш и на дланките и стапалата. И уртикаријата и ангиоедемот се последица на несакани реакции на организмот на одредени видови храна, полен, алергени од животинско потекло (како што се влакната или перјата од домашните миленичиња), лекови, убоди од инсекти, студ, топлина, светлина или емоционален стрес.

Респираторни алергии: Типичните синдроми се јадеж на очите, носот и непцето или грлото, заедно со затнатост на носот, кашлање и кивање. Ако вие (или членови на вашето семество) имате други алергии, како што се дерматитис или астма, поголема е веројатноста дека ќе имате поленска треска. Изразите алергиски ринитис и поленска кивавица се однесуваат токму на реакциите што ги предизвикува поленот од тревите и билките кои ги шири ветерот. Но истите симптоми може да ги предизвикаат и други материи носени со воздухот што го вдишувате. Такви се мувлата, правот и алергените од животинско потекло. Ако сте, на пример, алергични на алергени од животинско потекло (мртви честички од кожа и плунка), близина на мачка може да ви предизвика кивање, зарипнатост и шмокање. Алергиите на мувла се предизвикани од спорите што се пренесуваат со воздухот.

Правот предизвикува алергии затоа што ги задржува штетните материи како што се поленот, спорите на мувлата и микроскопски крлежи; исто така, може да содржи надразнувачки влакна од ткаенини, тапациран мебел и теписи.

Астма: Астмата ја предизвикуваат различни причинители, но основен се алергиите на полен, спорите на мувлата, алергените од животинско потекло (честички кожа и плунка од домашните миленичиња) и крлежи.

Алергии на храна: Се проценува дека над 70 проценти од луѓето со алергии на храна се на возраст под 30 години; повеќето се деца до 6 години.

Понекогаш е тешко точно да издвоите некои алергени кои предизвикуваат алергија на одреден вид храна зашто реакциите често се задоцнети или може да ги предизвикаат адитивите во храната, па дури и навиките при јадење. Но, приближно 90 проценти од алергиите на храна ги предизвикуваат белковините во кравјото млеко, белката од зајце, кикиритки, пченица или соја. Меѓу другите чести алергени во храната се и зрнести плодови, пченка, грашок… Класичните симптоми на алергија од храна вклучуваат грчеви во желудникот, пролив и мачнина. Во потешки случаи може да дојде до повраќање, отекуване на лицето и јазикот и респираторна конгестија, како и вртоглавици, потење и несвестица.

Алергии на лекови: Најчестата алергија на лекови е алергија на лековите од групата на пеницилини. Други чести алергени меѓу лековите се сулфатите лекови, барбитуратите, антиконвулзиви, инсулин, локални анестетици и бои кои се ставаат во вена поради рентгенско снимање. Голем процент во светот имаат реакции на ацетилсалицилна киселина: овие реакции не се вистински апергии, туку повеќе пречувствителност.

Алергии на убоди од инсекти: Некои испитувања потврдуваат дека некои луѓе кои имаат некои други алергии (на храна, лекови и респираторни алергии) можат да бидат поподложни на алергии од убоди од инсекти од кои страдаат 15 проценти од тоа население. Отровот во осилото на пчелите, осите, стршените е чест алерген.

Дијагностички постапки

По земањето целосна семејна и лична медицинска историја на болеста, лекарот ќе ви постави низа прашања за вашата изложеност и реакции на различни алергени за да се исклучат и препознаат причинителите за вашите алергии. Можеби од вас ќе се бара да правите белешки една недела за можните алергени и за своите алергиски реакции за да помогнете при диагностицирањето. Потоа лекарот ќе го избере методот на тестирање.

Најчест тест за респираторните и кожните алергии и алергии на пеницилин, убоди од инсекти и храна е тест на кожата. Се става мало количество алерген или се внесува со шприц под неа, а лекарот наблудува дали ќе се појават алергиски симптоми.

Симптомите-отекување, јадеж и црвенило- обично се појавуваат во рок од 20 минути. Тестовите на кожата не се целосно сигурни затоа што во случај кога се даваат преголеми дози на алерген може да реагира и човек иако не е алергичен. Исто така, особено чувствителните луѓе од тестовите на кожа можат да паднат во анафилактички шок. Друга можност кај респираторните алергии е РАСТ (кратенка за радио-алергосорбентен тест), со кој во крвотокот се мери количеството на антитела поврзани со алергиите.

Лекување

Надобар начин на лекување алергии е избегнувањето на материите кои ги предизвикуваат, но тоа може да биде тешко. Основните лекови за алергии се антихистаминици кои дествуваат како противтежа со хистаминските хемиски материи кои ги предизвикуваат алергиските реакции. За тешки симптоми можат да се користат и кортикостероидни лекови кои се добиваат на лекарски рецепт.

Во итни случаи – кога ќе доіде до афилактички шок – се упоребуваат инекции на адреналин за да се прошират бронхиалните патишта. Имунотерапијата или алергиските инјекции можат да излекуваат

некои алергии со внесување мали количества штетни алергени за да му помогнат на организмот да научи да се бори против нив.

Респираторни алергии: вградете високоделотворен пречистувач на воздухот со чија помош ќе го отстраните поленот и спорите на мувлата и во топлите периоди од годината дома и во автомобилот употребувајте разладен уред за да остане поленот надвор; редовно чистете ги влажните површини со дезинфекциско средство за да ја уништите мувлата. Размислете за најмување посебна служба за чистење за да го решите проблемот со крлежите и правот на обичниот и тапацираниот мебел. Изолирајте ги своите домашни миленичиња и држете ги надвор колку што е можно повеќе (или оставете ги-ако тоа можете да го поднесете). Со редовно капење на вашето домашно милениче ќе ги смалите честичките од кожа и влакна.

Алергии на храна: Наместо млечни производи, пробајте храна на база на тофу. Секогаш проверете ги етикетите на производите поради адитивите кои се познати како алергени- со жолта боја гумиарабика.

Share
Tweet
Linkedin
Comments

What do you think?