Д-р Бојан Трајковски
Доктор по општа медицина – ПЗУ Медика Вера

Гастритис претставува состојба која го погодува Гастерот (желудникот) кој завзема централно место во гастроинтестиналниот систем и има клучна улога во процесот на разградба односно разложување на храната која ја јадеме во текот на денот. Желудникот е орган кој е лоциран под дијафрагмата и овозможува поврзување на од горе хранопровот и од доле на дванаесетпалачното црево. Се состои од влезен дел (Cardia), широк дел односно тело (Corpus) и излезен дел (Pylorus). Основната функција на желудникот е дигестија на храната која од хранопроводот стига во желудникот, а сето тоа се одвива благодарение на ензимите кои се дел од желудечниот сок кој се лачи некаде околу 1 до 1,5 литри во тек од 24 часа.  

Токму познавајќи ја неговата функција може и да дефинираме што претставува самата болест. Гастритисот претставува воспаление односно инфламаторен процес кој ја опфаќа целосната внатрешна слузница на самиот орган и главната причина за таквиот процес е всушност преголемото лачење на гореспоменатиот желудочен сок(HCL хлороводородна киселина) кој во поголеми количини и тоа како може да е абразивен и да ја нагризува внатрешноста на самиот гастер (желудник). Главната поделба на гастритисот е на:

  • Акутен гастритис (трае до 15 тина дена)
  • Хроничен (трае повеќе месеци, па во одрени случаи и со години
  • Автоимун гастритис (предизвикан како резултат на сопствена имунолошка реакција на самото тело)

Симптоми и знаци

Клиничката слика на гастритисот е разновидна и обично гледаме лепеза од симптоми на кои се жалат пациентите иако во многу чести случаи гастритисот како состојба може да биде пропратена и без никакви симтоми. Сепак како најчесто споменувани знаци и симтоми може да ги сретнеме следниве:

  • Гадење
  • Печење
  • Повраќање
  • Омалаксаност
  • Остра болка како убоди од нож
  • Намален апетит
  • Чувство на подуеност
  • Жаречка болка особено во период меѓу оброците или во тек на ноќта
  • Лош здив (халитоза)
  • Подждригнување
  • Хематемеза (повраќање на крвава маса)
  • Мелема (имање на црна столица)

Причинители

Сите горе наведени симтоми може да се јавуваат поединечно или комбинирано едни со други па согласно симптомите кои ги детектираме кај пациентот се обидеме да ги откриеме причинителите на истите. Во групата на предизвикувачи на гастрични тегоби влегуваат навистина голем број на предизвикувачи, но ќе обрнеме внимание на најчестите:

  • Инфекцијата со Helicobacter Pylori; Како водечки причинител се воде инфекцијата со Helicobacter Pylori која се смета дека е присутна кај дури 50% од светската популација. Најголем процент од носители немаат речиси никакви симптоми, но голема е и групата кај која вака нетретираната бактерија може да предизвика промени од типот на желудечен улкус, дуоденален улкус, карцином на желудникот, како и сите погоре споменати симптоми во текстот.
  • Стрес; Како и за сите болести така и тука стресот игра особено важна улога во развивањето, продолжувањето и неможноста на соодветен третман на претставените симтпоми.
  • Алкохол и цигари; Алкохолот и цигарите се едни од најсериозните причинители на гастрични тегоби и може да предизвикаат сериозни желудечни оштетувања кои понатаму ќе водат до развивање на сериозна и тешка симптоматологија.
  • Користење на НСАИЛ; Нестероидни антиинфламаторни лекови се медикаменти кои имаат пред сè антиинфламаторен и аналгетски ефект. Прекумерното користење на овие лекови (аспирин, ибупрофен, напроксен и др.) може да предизвика оштетување на желудочната слузница, а тоа да доведе до акутен или хроничен гастритис проследен со сериозни компликации.
  • Храна и пијалоци кои се конзумираат; (соја, компири, слатки, глутен, чипсови, пржена храна, разни слатки, торти, колачи, тестенини, лути пиперки, кисела храна, газирани и енергетски пијалоци)

Дијагноза

По дефинирањето на симптоматологијата и причинителите на истите би требало да поставиме дефинитивна дијагноза која покрај со вообичаената анаместичка историја која ја земаме од пациентите ја поставуваме и со други типови на дијагностички методи кои вклучуваат (ехотомографија, лабораториски испитувања (потврда на присуството на Helicobacter Pylori во крв и во фецес), гастроскопија, а по потреба и други поинвазивни хируршки методи). Воспоставувањето на дефинитивната дијагноза ни овозможува да пристапиме кон дефинитивен третман кој подразбира медикаментозна терапија, воспоставување на хигиено-диететски режим и секако во крајна фаза и инвазивна хируршка интервенција.

Терапија и третман

Медикаментозната терапија е опширна, но во општа пракса обично оппфаќа три типа на лекови кои генерално го имаат истиот принцип на делување, а тоа е намалување на продукцијата на желудечниот сок. Во оваа група на лекови влегуваат:

  • Антациди
  • Инхибитори на протонска пумпа (omeprazole, pantoprazole, lanzoprazole)
  • Инхибитори на H2 блокатори (ranitidine, famotidine, cimetidine)

Хигиено-диететскиот режим е исклучително важен и подрабира избегнување на горенаведената исхрана и фокусирање кон конзумирање на ладни негазирани пијалоци (вода, јогурт, ледени чаеви), храна богата со растителни протеини, здрави масти, оксиданси, повеќе месо, зеленчук и овошје. Најбитно во пприготвувањето на храната е таа да не биде презачинета и претопла бидејќи тоа особено предизвикува зголемена протукција на желудечен сок што во крајна инстанца е главната причина за развивањето на болеста.

Од се горенаведено може да заклучиме дека говориме за состојба која и тоа како го менува и нарушува квалитетот на животот па доколку се најдете во состојба да почуствувате било кои од споменатите симптоми ви препорачуваме веднаш да се јавите кај вашиот лекар се со цел навремено стопирање и третирање на истите. Секое одложување и нередовно земање на одредената терапија, како и упорното неменување на животниот стил кој ги предизвикува симптомите ќе не доведува до состојба на постојано влошување на симптомите, но и на лесно преминување на болеста од акутна во хронична фаза што само по себе носи многу посериозна и подолгорочна терапија.

Share
Tweet
Linkedin
Comments

What do you think?