МИОМИ – ПРИЧИНИ ЗА НАСТАНОК И ЛЕКУВАЊЕ

Спец. Д-р Елма Абдула ХАСАНАГОВСКИ
Специјалист гинеколог акушер во Санте Плус Хоспитал Скопје

Миомите се најчести БЕНИГНИ тумори на матката. Изградени се во најголем дел од мазни мускули. Најчесто настануваат во 35та до 55та година од животот, но се почесто се сретнуваат помлади жени со миоми на матката, но не пред пубертетот. Можат да бидат поединечни, или и како конгломерат. Големината исто така им е варијабилна и имаат способност за раст (џиновскки миоми до 40 кг). Растат под влијание на хормони-естроген, во репродуктивниот период, а успоруваат со раст во перименопаузата поради промена на хормоналниот статус на жената.

1 од 1000 миоми може да биде малиген, но никогаш не се трансформира од бениген во малиген.

Причинители

Причини за раст на миомите се непознати, но се знае дека естрогените не се фактор за нивен настанок само го забрзуваат нивниот раст затоа што миомите имаат повеќе естрогенски рецептори од другото ткиво на матката. Како резултат на тоа во бременоста поради високото ниво на хормони миомите имаат интензивен раст.

Жените кои имаат мајки, баби или тетки со миом имаат поголем ризик од ова заболување, како и жени со зголемен БМИ (Body mass index). Исто така исхраната богата со црвено месо или воопшто месо го зголемува ризикот од појава на миоми, додека исхрана богата со зеленчук штити од истото.

Каде настануваат

Миомите настануваат на различни места на маткатапа според локацијата разликуваме

  • Субсерозни-тоа се оние кои растат кон надвор во однос на зидот на матката
  • Интрамурални– тоа се оние кои целосно или во најголем дел се вградени и растат во зидот на матката
  • Субмукозни-тоа се ние кои растат кон шуплината на матката, кавумот

Симптоматологијата кои ја даваат миомите зависи од нивната локализација и големина. Субмукозите миоми дури и кога се многу мали предизвикуваат ирегуларни и пообилни до многу обилни крварења. Исто така овие миоми се поврзани со спонтани абортуси и со неплодност. Интрамуралните миоми предизвикуваат болки во текот на сексулани контакти, во тек на менструални крварења, може да предизвикуваат крварења-продолжени менструални или неправилни крваења. Но некои миоми се асимтоматични а тоа се најчесто субсерозните миоми кои растат кон надвор, кон стомачната шуплина и затоа не предивикуваат симптоми се додека не нарастат во поголема димензија и тогаш да предизвикаат болки.

Симптоми

И во текот на бременоста миомите може да дадат одредени симтоми. Но најчето бременоста поминува без проблеми. Во поодмината бременост може да бидат причина за предвремнео породување или за царски рез.

Лекување

Лекувањето зависи од тоа дали предизвикуваат некаква симптоматологија или не. Оние малите кои се мирни не се лекуваат само се следат. Кога жената има симптоми тогаш пристапот е сложен и се пристапува од тоа на која возраст е, какви планови има жената во однос на репродукција. Сето ова мора да се земе во обзир кога се одлучува за избор на третрам. Кај жени со обилни крарења кои не планираат да раѓаат како метод на избор е аблација на ендометриумот, или поставување на хормонална спирала со која би се намалил растот на миомот и би се намалило крварењето. Кај жени кои планираат бременост мора да се биде многу внимателен за да се сочува репродуктивната моќ, односно целовитоста на матката. Постојат и ГНРХ агонисти, но нивната примена е многу ограничена и краткотрајна.

Оперативниот третман би требало да биде последен инструмент во лекувањето на миомите, тек откако се пробани другите алтернативи. Значи кога имаме брзорастечки миом, болки кои се силни и не се окупираат со аналгетици, повторувачки крварења кои не се намалиле со други методи, доколку миомот прави уринарни или дигестивни симтоми.

Секогаш оперативниот метод мора да биде во склад со потребите и желбите на пациентката

Share
Tweet
Linkedin
Comments

What do you think?