Во оваа група  спаѓаат воспалителни автоимуни болести кои скоро секогаш се асоцирани со имунолошка реакција. Причината за нивната појава сеуште е неразјаснета. До сега е познато дека во нивната појава улога играат  – генетски фактори „надворешни фактори“ (физички, хемиски фактори, вируси, бактерии) и невроендокрини фактори.

Системски лупус  еритематосус

Системски лупус еритематосус (СЛЕ) е хронична системска болест на сврзното ткиво од непознато потекло. Може да ги зафати сите органи и системи, да се манифестира со различни симптоми, тек и исход. Почесто се јавува кај жени во од нос (13 спрема 1) во репродуктивниот период . После менопауза тој сооднос е (3 спрема 1).

Благодарение на напредокот на дијганостичките методи и терапија денес преживувањето на болните со СЛЕ после 10 години траење на болести и терапија, не се разликува од здравите особи.

Етиопатогенеза

Различни фактори се набројуваат во етиологијата на болеста- генетски, бактериски и вирусни инфекции,генетски фактори, лекови, хемикалии, вродени биохемиски дефекти, ултравиолетови зраци, трауми, дисфункција на имуната регулација и хормонски влијанија. СЛЕ е последица на промена во комлексниот однос на домаќинот и патогените чинител. Основна каректеристика на СЛЕ е екцесивно  создавање  на автоантитела спрема сопствените антигенилокализирани во нуклеоплазмата, нуклеолуст, цитоплазмата или на клеточната мембрана.

Дијагноза

Иако СЛЕ е познат  уште во античка доба, долго бил препознаван само по клинички симптоми. Од 1948 година кога се откриени ЛЕ – клетките, а покасно и другите автоантитела, значајно место во дијагнозата и процена на активноста на болеста заземаа различни имуносеролошки тестови .

Клиничка слика

Треска, температура, губиток на телесна маса, слабост, малаксаност заедно или одвоено, може да се првични симптоми на СЛЕ. Со болеста може да се зафатени скоро сите системи и органи. Тежината и исходот на на СЛЕ зависи од зафаќањето на висцералните органи, пред се бубрегот и централен нервен систем  (ЦНС).

Терапија

Поради постоење на различна клиничка слика кај различни пациенти, различен е и пристапот на лечење на СЛЕ. Целта на лечењето е постигнување на што подолга ремисија на болеста.

Лечењето на СЛЕ е емпириско, а се применуваат лекови кои делуваат антивоспалително и имуносупресивно. Изборот на лекови, доза и начин на примена одредени се со водечките клинички манифестации. Големo значение има заштита од УЗ зрачење, спречување и правовремено лечење на инфекции.

Д-р Сци. Соња Павлова
Авоторот е доктор на ЈЗУ Универзитетска клиника за ревматологија – Скопје

Share
Tweet
Linkedin
Comments

What do you think?