Бубрезите (нефролитијаза) се дефинираат како присуство на камења во собирните тубули, чашките и карлицата на бубрегот. Камењата се клинички значајни бидејќи можат да предизвикаат опструкција на нормалниот проток на урината, да го промовираат развојот на уринарна инфекција, а исто така може да предизвикаат силна болка.

Камен во бубрезите обично се создава во средиштето на бубрезите, каде што се собира урината пред да оди во мочниот канал, која води до мочниот меур. Тој се создава кога одредени материи во урината-вклучувајќи калциум и мочна киселина- се кристализираат и тие кристали се таложат. Ситниот камен може да излезе од телото заедно со мокрачата, често речиси незабележливо. Напротив поголемиот камен го надразнува и го притиска мочниот канал кога се движи до мочниот меур, предизвикувајќи исклучително силни болки и спречувајќи го протокот на мочта. Понекогаш каменот може да биде голем како топче за голф и останува сместен во бубрегот, доведувајќи до уште потешко нарушување. Каменот во бубрегот е почест кај младите и луѓето со средни години отколку кај старите и многу почесто се јавува кај мажите отколку кај жените. Луѓето кои живеат во потопли климатски услови се поклони кон создавање камен во бубрезите поради почестата дехидратација, со која се концентрираат минералите во урина. Ако некогаш сте заболеле од камен во бубрезите постои веројатност повторно да заболете. Затоа е важно толку што е можно поточно да одредите што ја предизвикало појавата на каменот за да преземете мерки за спречување на повторното заболување.

Зошто се формираат камења во бубрезите?

Сигурно е дека неколку фактори играат клучна улога во формирањето на камењата. Пред се, важно е урината да се засити со некои честички кои ќе создадат камења. Застојот (одмор) на урината овозможува полесно таложење на честичките во камења.

Се покажа дека е важен и недостатокот на супстанции кои го инхибираат (спречуваат) создавањето на камења. Други важни фактори за развој на нефролитијаза се:

  • аномалии на уринарниот систем,
  • диета,
  • климатски фактори,
  • киселост на урината,
  • помалку урина,
  • намален внес на течности,
  • наследство.

Како изгледа каменот?

  • Неоргански: калциум – оксалат монохидрат, калциум – оксалат дихидрат, калциум – водород фосфат дихидрат, калциум – хидроксикарбонат фосфат, трикалциум – фосфат, магнезиум – амониум фосфат хексахидрат. Калциумските камења сочинуваат околу 70% од сите уринарни камења. Сите неоргански камења даваат сенка на рендгенските снимки.
  • Органски: урична киселина, дихидрат на урична киселина, амониум – хидрогенурат, натриум – хидрогенурат, цистин. Органските камења се невидливи на природните рендгенски зраци, освен цистинските камења, кои даваат полусенка поради присуството на атоми на сулфур.

Симптоми

Главните клинички знаци на уринарните камења се болка и појава на крв во урината .

Големите камења можат да бидат целосно тивки, асимптоматски, без никакви клинички симптоми. Спротивно на тоа, многу мали камења може да предизвикаат силна и мачна болка.

Присуството на камења во бубрезите предизвикува болка во долниот дел на грбот. Камењата во уретерот (уретерот) предизвикуваат ренална колика која може да се прошири од слабините до препоните или болката може да се почувствува само на врвот на пенисот. Каменот во мочниот меур може да создаде непријатно чувство и потреба да уринирате нешто што не може да уринира. Присуството на камења во уретрата (уринарната цевка) може да предизвика опструкција на излезот на урината.

Бубрежната колика често е придружена со гадење и повраќање . Покрај тоа, може да се појави инфекција на уринарниот систем, хематурија и намалување на бубрежната функција. Пациентот често не може да лежи мирно поради болка.

Сумирано, болките од камен во бубрегот се карактеризираат со:

  • напад на остри болки што се појавуваат странично во пределот на ципите,
  • мачнина и повраќање,
  • обилно потење,
  • крв во урина,

Понекогаш постои воспаление кое може да создава дополнителни симптоми:

  • температура и треска,
  • честа потреба за мокрење,
  • болно и отежнато мокрење,
  • матна урина или со непријатен мирис,

Обратете се на лекар

Доколку мислите дека имате камен во бубрезите; медицинските анализи се важни за дијагнозата и лекувањето. Ако чувствувате бранови на остра болка отстрана или во стомакот; таквата болка може, исто така, да биде знак за други серозни болести како што се камен во жолчката, воспаление на карлицата, или некое внатрешно затнување. Веднаш побарајте медицинска помош.

Доколку чувствувате каква било болка или тешкотија при мокрењето, тоа може да биде знак за инфекција на мочниот меур, друга инфективна болест, тегоби со вагината, како што се вагинитис, зголемена простата, или тумор на мочниот меур или простатата. Одете на лекар без одложување.

Доколку забележите крв во урината, тоа може да упатува и на бубрежно заболување,тумор на мочниот меур или бубрезите, или воспаление на мочниот систем или простатата.

Причинители

Зошто кај некои луѓе се сездава камен во бубрезите, а кај некои не, не е секогаш јасно. Во 90 проценти од случаите причината останува непозната. Ова нарушување се повторува во семејствата, а, исто така, изгледа, се предодредени луѓето кои боледуваат од ГИХТ (гихт е посебна болест што е последица на таложење на мочната киселина во организмот), воспалителна болест на мочниот меур и хронични воспаленија на мочните патишта. Медицинските испитувања упатуваат на тоа дека пиењето премали количества течности може да предизвика појава на камен, како и долготрајно лежење в кревет. Хроничната употреба на антациди, кои содржат калциум, исто така, е поврзана со каменот во бубрезите. Недостатоците во исхраната, особено витамините Б6 и магнезиумот и големите количества витамин Д можат да бидат фактори кои влијаат на создавањето на каменот во бубрезите. Нерамнотежата на тие витамини и минерали може да ги зголеми количествата на калциум-оксилатите во урината; кога нивото ќе стане превисоко, калциум-оксилатот, не истечува и може да почнат да се создаваат кристали. Кај луѓето кои имаат вродени предиспозиции храната богата со калциум-оксилат – како што е чоколадо, грозје, спанаќ и јагоди – можат, исто така, да го поттикнат создавањето камен во бубрезите.

Дијагноза

Бидејќи многу симптоми на камен во бубрезите можат да упатуваат и на други нарушувања, лекарот мора да го потврди постоењето на каменот. Испитувањата ќе се состајат од анализа на крвта и урина и веројатно, интравенска пиелографија, посебна техника на рентгенско снимање на бубрезите, или ултразвучно снимање за да се утврди големината и положбата на каменот.

  • Анамнеза
  • Преглед,
  • Рендгенот на абдоменот се користи само за груба ориентација на каменот и утврдување дали воопшто постои (големината на каменот е видлива на сликата со рендген).
  • За попрецизна дијагноза и локализација, се користи контрастна метода на интравенска урографија .
  • Методот на изотопска урографија служи за утврдување на можна уринарна опструкција.
  • Анализа на самата урина: се вршат микробиолошки и биохемиски анализи.
  • Инфрацрвената спектроскопија е софистициран метод за одредување на молекуларната структура на каменот.

Лекување

Бидејќи 90 проценти од камењата во бубрезите од телото излегуваат сами, без никакво лекување, во текот на три до шест недели, лекарот, најверојатно, ќе ви препише само многу вода – најмалку 3 и половина литри на ден – и лекови против болки, како што се ацетилсалицилната киселина или парацетамол со оксикодон. Термофорот, исто така, може да ви помогне во ублажувањето на болките. Можеби од вас ќе бара да уринирате низ сита така што каменот ќе може за се задржи и испрати на анализа. Кога ќе биде познат составот на каменот, лекарот може да ви препише лекови или да одреди промени во исхраната за да се спречи развојот на нов камен. Обично каменот во бубрезите е составен од калциум-оксилат, така што лекарите често препишуваат тијазиден диуретик за да го спречат неговото повторно создавање. Ако се појават компликации, како што се воспаление или целосно затнување на мочните канали, каменот мора да се отстрани по хируршки пат. Зависно од големината и местото каде се наоѓа, каменот се отстранува или со конвенционална операција или почесто, со помош на тенок телескопски инструмент кој се нарекува ендоскоп. Урологот низ мочоводот го вовлекува ендоскопот во мочниот меур и мочниот канал и потоа го турка каменот надвор или го погодува со звични бранови или ласерски знаци, кршејќи го на ситни парчиња. Ако каменот е сместен во бубрегот, инструментот се вовлекува во бубрегот низ рез на слабината на болниот.

При новиот метод, познат како вонтелесно ултразвучно дробење на каменот (англ. ESWL – extra corporal shock wave lithotripsy) се употребуваат високоенергетски ултразвучни бранови кои го дробат каменот без операција.

Превенција

За да го спречите повторното создавање на камен во бубрезите, можете да преземете повеќе различни мерки, главно сврзани со исхраната. Сето тоа, секогаш прво проверете го со својот лекар; составот на каменот ќе одреди што точно треба за преземете за спречување на болеста.

  • Пијте најмалку 3 и половина течности секој ден, а уште повеќе кога времето е топло.
  • Избегнувајте или јадете во помали количини храна која содржи калциум-оксилат (чоколада, целер, грозје, слатки црвени пиперки, грашок, спанаќ, репка, црн чај). Можеби ќе морате да го ограничите вкупното внесување калциум, но не правете го тоа без совет на лекар.
Share
Tweet
Linkedin
Comments

What do you think?

3 коментари
22/08/2021

Great tips! I’ve just discovered your Youtube channel, and I love it! Thanks for sharing your content and the day and life of a designer.

22/08/2021

Thanks so much for the tips both in the blog and on your YouTube channel. As a new Interior Design student, I find them to be incredibly helpful, interesting, and inspirational. Keep up the great work!

22/08/2021

I’ve just discovered your Youtube channel, and I love it! Thanks for sharing your content and the day and life of a designer! Great tips!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *