Ревматоидниот артритис е хронична и прогресивна автоимуна болест која предизвикува воспаление, болка, оток и вкочанетост на зглобовите и ткивата околу зглобовите, како и ограничување на движењето и функцијата на различни зглобови.

Опис на болеста и симптоми

Воспалението почнува во зглобната мембрана која го штити зглобот, обезбедува исхрана за ‘рскавицата и ја создава зглобната течност. Во светот, од оваа болест страда 1% од населението при што односот меѓу жените и мажите е 3:1. Постојат два вида артритис: ран, каде симптомите траат помалку од три месеци, и дијагностициран ревматоиден артритис со симптоми на инфламација и отекување на зглобовите.
Најчести главни симптоми се болката и вкочанетоста на зафатениот зглоб. Вкочанетоста кај активниот ревматоиден артритис типично се влошува наутро, но може да се појави било кога и да трае од еден до два часа, па и цел ден. Други симптоми кои се појавуваат кај ревматоидниот артритис се:

  • губење на енергија;
  • малку зголемена температура;
  • губење на апетит;
  • анемија и замор;
  • често потење;
  • губење на телесната маса;
  • нарушување на сонот;
  • ревматоидни јазли (чворчиња) под кожата на места како што се лактот и шаките.

Причини за појава

Имунолошкиот систем создава антитела кои служат за одбрана од бактерии, вируси и други микроорганизми. Кај луѓето со ревматоиден артритис формираните антитела го напаѓаат синовиумот (ткиво кое го обвиткува секој зглоб) при што настанува воспаление околу зглобот. Пушењето цигари и пиењето повеќе од три кафиња на ден, исто така, го зголемува ризикот од појава на ревматоиден артритис. Истражувачите уште немаат пронајдено јасни податоци кои ќе покажат постоење на наследни гени што предизвикуваат ревматоиден артритис, но се верува дека се наследува склоност за заболувања од ревматоиден артритис, но тоа не значи дека болеста е наследна. Кај луѓе кои наследиле таква предиспозираност, поголема е веројатноста некои надворешни фактори, како инфекција или стрес да ја предизвикаат појавата на болеста.

Зафатени зглобови

Најчесто зафатени зглобови се малите зглобови на прстите, палците, рачните зглобови, стапалата и глуждовите. Меѓутоа може да биде зафатен и било кој друг зглоб, исто така и колената се често зафатени. Кај одредени луѓе можат да бидат зафатени само мал број на зглобови, а кај други со воспаление можат да бидат заатени голем број на зглобови. Артритисот најчесто е симетричен, т.е. ако е зафатен еден зглоб на левата рака, исто така е зафатен и истиот зглоб на другата рака.

Развој и тек

Во повеќето случаи симптомите се развиваат постепено, во тек на неколку недели. Може да се случи појава на вкочанетост на рацете, прстите или табаните на нозете наутро и тоа да трае половина ден. Тоа може да се појави и да се смири за одредено време, но понатаму станува редовна практика. Потоа се забележува и појава на болка и оток во истите зглобови.

Дијагностицирање на болеста

Не постои единствен тест со кој јасно се дијагностицира ревматоидниот артритис. Кога најпрво ќе се развие зглобната болка, тешко е да се каже дека дефинитивно станува збор за ревматоиден артритис, бидејќи постојат многу други причини за појава на болка во зглобовите. Крвните тестови можат да препознаат воспаление, карактеристични антитела и анемија. Сепак потребна е консултација со лекар-ревматолог кој може да потврди дали станува збор за болеста.

Лекување

Третманот на овој артиртис е поединечен и вклучува комбинација на лекови, одмор и вежби. Важно е болните со ревматоиден артритис е терапијата редовно да ја земаат. Болките во зглобовите може да се намалат со практикување лесни вежби за истегнување, со цел да се зацврстат мускулите (пливање или аеробик). Треба да се избегнуваат тешки и напорни вежби кои само можат да ја влошат состојбата на зглобовите или да предизвикаат повреди.

Исхрана за болеста

Оптималната исхрана за лица со ревматоиден артритис вклучува изобилство на зеленчук, интегрална храна и растителни влакна. Намалувањето или елиминирањето на внесот на производи од животинско потекло, рафинирани јагленихидрати, заситени масти и тутун ги намалуваат симптомите. Заситените масти го зголемуваат воспалението на телото и предизвикуваат болка, оток и оштетувања на зглобовите. За да се намали воспалението се препорачува конзумирање на многу овошје и зеленчук кои се богати со антиоксиданси. Богати извори на антиоксиданси се: јаболко, цвекло, брокула, боровница,малина, портокал, црно грозје, спанаќ и јагоди. Зелениот чај е уште еден богат извор на антиоксиданси и се проучува за спречување и за намалување на болеста.

Share
Tweet
Linkedin
Comments

What do you think?

3 коментари
22/08/2021

Great tips! I’ve just discovered your Youtube channel, and I love it! Thanks for sharing your content and the day and life of a designer.

22/08/2021

Thanks so much for the tips both in the blog and on your YouTube channel. As a new Interior Design student, I find them to be incredibly helpful, interesting, and inspirational. Keep up the great work!

22/08/2021

I’ve just discovered your Youtube channel, and I love it! Thanks for sharing your content and the day and life of a designer! Great tips!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *