3,8K Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Климатските промени претставуваат една од најсериозните закани за здравјето и безбедноста при работа во 21-от век. Научните студии покажуваат дека работниците, особено оние кои се изложени на надворешни услови, се високо ранлива група поради зголемените температури, екстремните временски настани и појавата на нови биолошки и физички ризици. Меѓународната организација на трудот во својот извештај од 2024 година нагласува дека климатските промени веќе предизвикуваат значајни последици за безбедноста на работното место, вклучително и ризик за настанување на општи и локални хипертермички ефекти, експозиција на УВ зрачење, екстремни временски услови и нарушувања на квалитетот на воздухот.Во ваков контекст, концептот на безбедност базирана на однесување (behaviour-based safety – BBS) станува особено важен како методолошка рамка со потенцијалда го интегрира влијанието на климатските промени врз човечкото однесување на работното место. Научната литература укажува дека BBS интервенциите се ефикасни за трансформација на небезбедните навики, но сѐ повеќе се јавува потребата од адаптација на BBS програмите во услови на зголемена експозиција на климатските стресогени фактори.Еден од најзначајните аспекти поврзани со изложеноста на климатски екстреми е топлотниот стрес. Литературните податоци покажуваат дека топлината предизвикува намалена когнитивна функционалност, забавено донесување одлуки, зголемена иритабилност и физичка исцрпеност. Ригорозните анализи во областа на климатските ефекти врз здравјето исто така нагласуваат дека топлината делува и како психосоцијална штетност, поттикнувајќи зголемена анксиозност, нарушување на спиењето и намалена отпорност кон стресот.Истовремено, научните докази јасно покажуваат дека климатските промени го зголемуваат оптоварувањето врз менталното здравје на работниците, што е особено значајно за BBS интервенциите. Систематските анализи на податоците ја истакнуваат климатската анксиозност како значаен психолошки феномен поврзан со високо ниво на психолошки дистрес. Овие наоди се во согласност со приоритетите на COST Акцијата CliMent, која ја нагласува важноста од интеграцијата на менталното здравје во адаптивните стратегии за справување со климатските промени.Во создавањето на современи BBS модели потребно е да се земат во предвид следниве компоненти: (1) идентификација на климатски-индуцираните небезбедни однесувања, како што се избегнување паузи за одмор при екстремни температури или недоволна хидратација; (2) интеграција на менталното здравје во обуките, особено во поглед на справувањето со климатската анксиозност; (3) користење на повратни информации и позитивна спрега за поттикнување на климатски адаптивни однесувања; и (4) воспоставување организациски политики засновани на најновите препораки за справување со топлотниот стрес.Дополнителните истражувања укажуваат дека адаптивните стратегии како што сехидратацијата, рационалното планирање на смените, користењето на леснатазаштитна опрема и редовните одмори во сенка може значително да го намалат ризикот од појава на хипертермиски ефекти. Анализата на легислативните документи исто така ја потенцира потреба од јасни регулативи, засилени инспекции и промовирање на правична достапност до заштитните мерки за ранливите групи.Како резиме, безбедноста базирана на однесување мора да се прошири совклучување на компоненти поврзани со климатските промени и менталното здравјеза истата да биде ефективна во услови на променет работен контекст. Интеграцијата на климатските ризици, менталното здравје, организациската култура и активното учество на работниците претставува најперспективен модел за градење отпорност и подобрување на здравјето и безбедноста при работа во услови на глобално затоплување.Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет. Проф. д-р Драган МијакоскиСпецијалист по трудова медицина, Субспецијалист по пулмологија и алергологија, Институт за медицина на трудот на Р. С. Македонија, Скопје, Р. С. Македонија Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Климатски промени Работници Klimatski promeni Rabotnici 1 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија АКУТНИ ВИРУСНИ ХЕПАТИТИ Можеби ќе ви се допадне Bookmark АНТИБИОТИЦИ – Нашиот најголем спас што полека ја... февруари 7, 2026 Bookmark Што се случува со вашето тело кога држите... декември 4, 2025 Bookmark Нега на кожата за заштита од загадувањето на... декември 1, 2025 Bookmark АНКСИОЗНОСТ декември 21, 2022 Bookmark ДЕПРЕСИВНО РАСТРОЈСТВО декември 21, 2022 Bookmark ПИЛАТЕС декември 7, 2022 Bookmark НИМФОМАНИЈА декември 7, 2022 Bookmark ФОБИИ декември 7, 2022 Bookmark ШИЗОФРЕНИЈА – ХРОНИЧНА БОЛЕСТ НА МОЗОКОТ мај 8, 2022