3,7K Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Варикозните вени или проширени вени се видливи проширувања на венските крвни садови на површината на кожата, понекогаш извртени налик на змија, побоја зелено сини или виолетови кои најчесто се локализирани на долните екстремитети. Варикозните вени се нарекуваат и варикси или варикозитети. Приближно една третина од мажите и жените на возраст од 18-64 години имаатпроширени вени. Почести се кај жените и кај оние со семејна историја на венскаболест.ЕтиологијаФактори на ризик за проширени вени вклучуваат: дебелина – го зголемува венскиот рефлукс и венскиот притисок како резултат на зголемен интра–абдоминален притисок; возраст — проширените вени стануваат сèпочести со возраста; бременост — зголемената матка предизвикува зголемен интраабдоминален притисок и директен притисок врз илијачните вени; хормоналните промени, исто така, предизвикуваат валвулите и садовите дастанат послаби за време на бременоста; продолжено стоење – одржливиотпритисок со текот на времето може да предизвика венска дилатација и ослабување на валвулите; семејна историја – примарната валвуларнаинсуфициенција е наследна.Клиничка сликаПациентите со проширени вени се жалат на чувство на непријатност, тежина, отоци,чешање или болка посебно изразена во ноќните часови кога заспиваат. Може да се појават и компликации од проширените вени како што се крварење, улцерации(рани) и тромбофлебитис (воспаление на вените). Флебитис е воспаление на вената со црвенило и болно стврднување. Може да биде површен(т.е. површен тромбофлебитис) или длабок (т.е. длабока венска тромбоза). Појава на дерматитис(воспаление на кожата ) каде постои венска стаза е поврзансо зголемен венски притисок и проинфламаторни молекули. Пациентите имааткафеава пребоеност на кожата, сувост и чешање посебно изразени на долнататретина од потколениците. Липодерматосклерозата како последица напокачениот венски притисок и воспалителен одговор на кожата се јавува какоцрвенило, задебелување на кожата.ДијагнозаВарикозните вени се дијагностицираат со физички преглед кој треба да гоопфати целиот венски систем и обично се спроведува со лежење и стоење напациентот.Од клинички процедури кои се потребни за дијагностика тоа е доплерметода, неинвазивна процедура со помош на која се врши проценка наморфологија и функционалност на вените од површинскиот и длабокиот венскисистем.ТерапијаКај пациенти со проширени вени треба да се поттикне губење на тежината (акоима прекумерна тежина) и умерена физичка активност за да се намали ризикотод компликации. Компресивната терапија со еластични чорапи со различенстепен на компресија (притисок), перорален и локален венотоник треба да секористи задолжително, за ублажување на симптомите. Склеротерапија е методсо инјектирање на склерозантен раствор во вените за да предизвика воспалениево вените и евентуален колапс на варикозната мрежа. Останати методи затретман се хируршките методи(ендовенска термичка, адхезивна илимеханохемиска аблација,лигатура) и ласерски третмани. Која опција за третмани да се користи, варикозните вени може да се повторат и обично може повторнода се лекуваат.Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет. Ас. д-р Јулија Митрова ТалентаСпецијалист дерматовенеролог, ЈЗУ УК за дерматовенерологија Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Варикозни вени Проширени вени Varikozni veni Proshireni veni 1 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија Што треба да знаете за вашето дете од 1 до 5 годишна возраст Можеби ќе ви се допадне Bookmark Базоцелуларен карцином јануари 19, 2026 Bookmark Нега на кожата за заштита од загадувањето на... декември 1, 2025 Bookmark Розацеа ноември 30, 2025 Bookmark Алопеција ареата ноември 26, 2025 Bookmark Витилиго ноември 24, 2025 Bookmark Вообичаени причини за болки во стапалата ноември 20, 2025 Bookmark Декубитус ноември 19, 2025 Bookmark ПСОРИЈАЗА (Psoriasis Vulgaris) декември 19, 2022 Bookmark ХУМАН ПАПИЛОМА ВИРУС, (HPV) ИНФЕКЦИЈА мај 8, 2022