3,4K Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Дијабетичната невропатија е вид на оштетување на периферните нерви кое може да се јави кај лица со дијабетес (тип 1 и 2). Со тек на време, високиот шеќер во крвта кај лицата со дијабетес може да ги оштети нервите низ целото тело. Најчесто се зафатени долгите нерви на нозете и стапалата.Причината за појавата на дијабетичната невропатија е долготрајно покаченото ниво на шеќер во крвта, кое ги оштетува нервните влакна и малите крвни садови што ги хранат нервите. Важно е да се напомене дека патофизиолошките механизми, односно процесот на оштетување на периферните нерви започнуваат многу рано, често уште во предијабетска фаза, но клиничките симптоми обично се забележуваат по неколку години од дијагнозатана дијабетес.Дијабетичната невропатија е сериозен здравствен проблем и може да зафати до половина од луѓето со дијабетес. Сепак, често може да се спречи или забави нејзиното напредување. Клучот е добра контрола на шеќерот во крвта и водење здрав начин на живот.Симптомите зависат од типот на дијабетичната невропатија, а најчесто се делат на четири типа на дијабетична невропатија, од кои најчеста е дијабетичната периферна сензомоторна невропатија. Кај некои луѓе симптомите се благи, но кај други состојбата може да биде болна и значително да го наруши секојдневното функционирање.1. Периферна сензомоторна невропатијаОвој тип е најчестиот облик на дијабетична невропатија. Прво ги зафаќа стапалата и нозете, а подоцна и рацете и подлактиците. Симптомите често се поизразени ноќе и вклучуваат:1. намалено чувство за допир2. намалена чувствителност на болка и температура3. чувство на трнење или печење4. остра болка или грчеви5. мускулна слабост6. зголемена чувствителност на допир (кај некои луѓе и допирот на чаршаф може дабиде болен)2. Автономна невропатијаАвтономниот нервен систем ги контролира крвниот притисок, срцевиот ритам, потењето, зениците, мочниот меур, дигестивниот систем, половите органи, односно ја контролира работата на органите. Дијабетесот може да ги оштети и овие нерви и да предизвика сериозно нарушување на работата на органските системи. 1.отсуство на предупредувачки симптоми при низок шеќер во крвта (несвесност захипогликемија)2. нагло паѓање на крвниот притисок при станување, со вртоглавица или губење на свест3. забрзана срцева работа во мирување4. проблеми со мокрењето или столицата5. забавено празнење на желудникот (гастропареза), со мачнина, повраќање, чувство натежина и намален апетит6. тешкотии при голтање7. зголемено или намалено потење8. проблеми со сексуалната функција (вагинална сувост, намалена возбуда, проблеми соерекција)3. Проксимална невропатијаНајчесто ги зафаќа нервите во бутовите, колковите, задникот или нозете, а понекогаш и пределот на стомакот и градниот кош – односно горните делови од нозете или кусите нерви на градниот кош. Симптомите обично се јавуваат на една страна од телото.1. силна болка во колкот, задникот или бутот2. слабост и намалување на мускулната маса на бутот3. тешкотии при станување од седечка положба4. болка во градите или стомачниот ѕид4. Дијабетична мононевропатијаОвој тип зафаќа еден поединечен нерв. Симптомите може да вклучуваат:1. тешкотии со фокусирање или двоен вид2. неможност за движење на една страна од лицето (парализа)3. вкочанетост или трнење во раката или прстите4. слабост при подигнување на стапалото при одење (т.н. „пад на стапалото“)Фактори на ризикСекое лице со дијабетес може да развие дијабетична невропатија, но одредени факторизначително го зголемуваат ризикот од оштетување на нервите:• Лоша контрола на шеќерот во крвта• Долгогодишен дијабетес• Болести на бубрезите• Прекумерна телесна тежина• Пушење• Висок крвен притисок и покачен холестеролПревенција и третманДијабетичната невропатија и компликациите поврзани со неа може да делумно да се спречат или барем да се одложат. Најважно за тоа е добрата и редовна контрола нашеќерот во крвта, корекција на останатите фактори на ризик како и соодветната грижа застапалата. Покрај тоа постои и симптоматска терапија за невропатската болка. За тоа се користат лекови како антидепресиви и антиепилептици, како и немедикаментозни мерки – физичка активност, грижа за стапалата и едукација на пациентите. Со навремено и континуирано менаџирање на дијабетесот, значително се намалува ризикот од оштетувањена нервите и појава на сериозни последици.Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет. Ас. Д-р Александра АнгеловаСпецијалист невролог, ЈЗУ УК за неврологија – Скопје Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Dijabetichna nevropatija Дијабетична невропатија 1 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија АНТИБИОТИЦИ – Нашиот најголем спас што полека ја губи силата Можеби ќе ви се допадне Bookmark МИЈАСТЕНИЈА ГРАВИС февруари 2, 2026 Bookmark Мигрена – хронично невролошко нарушување декември 31, 2025 Bookmark Чувари на мозокот – водич за аневризми и... декември 28, 2025 Bookmark Фамилијарна амилоидна полиневропатија (ФАП) ноември 13, 2025 Bookmark СИНДРОМA GUILLAIN-BARRÉ декември 11, 2022 Bookmark ЕПИЛЕПСИЈА декември 7, 2022 Bookmark ШТО САКАМ ДА ЗНАМ ЗА: МУЛТИПЛА СКЛЕРОЗА И... декември 6, 2022 Bookmark PARKINSONOVA BOLEST мај 8, 2022