3,1K Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Хоџкиновиот лимфом е малигно заболување на лимфниот систем, кој е дел одимунолошкиот одбранбен механизам на организмот. Иако зборот „лимфом“ честопредизвикува страв, важно е да се знае дека Хоџкиновиот лимфом денес спаѓа меѓумалигните болести со најдобра прогноза и висока стапка на излекување, особено кога седијагностицира навреме. Болеста најчесто се јавува од 15 до 35 годишна возраст и кај возрасни индивидуи над 55 години.СимптомиНајчестиот и најран симптом е безболно зголемување на лимфните јазли, најчесто навратот, во пределот над клучните коски или пазувите и обично не се повлекуваат соантибиотска терапија.Други симптоми може да вклучуваат: зголемено ноќно потење, необјаснето покачување нателесната температура, ненамерно губење на телесната тежина, хроничен замор и слабост, чешање на кожата без видлива причина. Овие т.н. „Б-симптоми“ имаат значење и припроценка на стадиумот и прогнозата на болеста.ДијагнозаДијагнозата на Хоџкинов лимфом не може да се постави само преку анализа на крвта.Златен стандард е биопсија на зголемен лимфен јазол, со хистопатолошка и имунохистохемиска анализа.По потврдување на дијагнозата, следи одредување на стадиум на болеста со: PET/CT scan или CT со контраст и понекогаш се изведува и биопсија на коскената срцевина. Стадиумот(I–IV) и присуството или отсуството на Б-симптоми се клучни за избор на терапија.ТретманТретманот на Хоџкинов лимфом е мултидисциплинарен и индивидуализиран, а најчесто вклучува комбинација од:• Хемотерапија – основа на третманот, со стандардизирани режими• Радиотерапија – кај одредени пациенти, особено во рани стадиуми• Таргетирана терапија и имунотерапија – кај релапс или рефрактерна болест• Трансплантација на матични клетки – кај селектирани случаиСо современите терапевтски пристапи, повеќе од 80–90% од пациентите постигнуваатдолготрајна ремисија или целосно излекување.Хоџкинов лимфом и плодностaПосебно важно прашање, особено кај младите пациенти, е потенцијалното влијание натерапијата врз плодноста. Денес постојат можности за криопрезервација, кои серазгледуваат пред започнување на терапијата, во зависност од клиничката состојба и времето на располагање.Следење (follow-up)Голем дел од пациентите по завршување на терапијата се враќаат на својот вообичаен живот, работа и семејни активности. Потребни се редовни контроли за следење (follow-up)на состојбата и рано откривање на евентуални компликации или повторување на болеста.Целта е навремено откривање на евентуален релапс, но и следење на можни доцни несаканиефекти од терапијата.Контролите обично вклучуваат: клинички преглед, лабораториски анализи и радиолошкииспитувања по индикација.Можни доцни несакани ефекти од терапијатаБлагодарение на високата стапка на излекување, сè поголемо внимание се посветува наквалитетот на живот по терапијата. Кај дел од пациентите може да се јават доцни несакани ефекти, кои зависат од видот и интензитетот на применетиот третман. Најчесто се следат: функцијата на срцето и белите дробови, тироидната жлезда (особено порадиотерапија во вратната регија), репродуктивното здравје кај помлади пациенти, ризикотод секундарни малигнитети. Поради ова, следењето се спроведува долгорочно и индивидуализирано.ЗаклучокХоџкиновиот лимфом е пример за тоа колку современата медицина напредувала волекувањето на малигните заболувања. Со рана дијагноза, соодветен третман и редовноследење, најголемиот дел од пациентите имаат одлична прогноза и долг, квалитетенживот.Навременото препознавање на симптомите, точната дијагноза и современиот третманзначително ја подобруваат прогнозата. Затоа, секое подолго присутно зголемување налимфни јазли или необјаснети општи симптоми треба да бидат причина за консултација солекар. Информираноста, довербата во медицинскиот тим и активното учество на пациентот во процесот на лекување се клучни елементи за успешен исход.Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет. Ас. Д-р Тара МојсовскаСпецијалист хематолог, ЈЗУ УК за хематологија – Скопје Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Hodgкin lymphoma Хоџкинов лимфом 0 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија МИЈАСТЕНИЈА ГРАВИС Можеби ќе ви се допадне Bookmark Железо-дефицитна анемија. – Anaemia sideropoenica декември 5, 2022 Bookmark AKUTNE LEUKEMIJE мај 8, 2022