2,7K Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Покачената телесна температура или фебрилитетот не е болест сама по себе, туку знак на болест. Може да се јави при разни болести и состојби но, најчесто алармира појава или развој на инфективно или инфламаторно заболување.Како предзнак на развој на заразна болест во рок од најмалку 24-48 часа може да се комплементира со развој на поспецифични клинички знаци и симптоми кои може да се асоцирани со појава на одредено инфективно заболување.Што е нормална телесна температура?Опсегот на нормални вредности на температура е 36-37oC измеренa аксиларно (под пазувите) и 36,5-37,5oC измеренa ректално. Често изгледот е подобар показател за состојбата отколкусамите бројки, бидејќи температурата е придружена со чувство на болест, непријатност и слабост.На што да внимавате?Во случај вие, вашето дете или некој од членовите на вашето семејство да имате треска, важно е внимателно да го следите пациентот: температура, дишење, кожа, состојба на свест, болка и ако забележите нешто невообичаено или загрижувачко или доколку за вас изгледа дека постои и најмало сомневање дека можеби се работи за состојба или болест што може да доведе до сериозни здравствени компликации, веднаш контактирајте го вашиот матичен лекар.Посебна претпазливост е потребно во случај на ризичните возрасни групи, односно кајновороденчињата, доенчињата и малите деца и повозрасните групи со присуство на коморбидитети.Кога треба да се побара лекарска помош при појава на покачена температура?Возрасни:• Температура ≥39,0°C која што трае повеќе од 3 дена• Покачена телесна температура придружена со силна абдоминална болка• Фебрилитет со постојана кашлица или крв во спутумот• Фебрилитет со главоболка, придружена со повраќање, вкочанет врат и пореметена свест• Болно мокрење• Нов осип на кожатаФебрилитет кај:• Бремени жени• Постари лица (>65 години) со коморбидитети• Имунокомпромитирани пациенти (ХИВ, хемотерапија, стероиди)Деца:• Покачена телесна температура >38°C што трае повеќе од 48 часа• Лошо хранење или летаргија• Постојано плачење или раздразливост• Знаци на дехидратација• Појава на покачена телесна температура по подобрувањеПосебни ситуации – веднаш побарајте помош:Доенчиња:• <3 месеци: треска ≥38°C → итна помош• 3–6 месеци: треска ≥39°C• Треска со лошо хранење, мек изглед или испакната фонтанелаКога треската обично може да се контролира дома?• Блага до умерена треска• Пациентот е буден, пие течности и реагира добро• Нема предупредувачки знаци наведени погореКако можете да ја намалите температурата во домашни услови?Ако фебрилноста е предизвикана од заразна болест, зголемувањето на телесната температурапретставува одбранбен механизам, со тоа што ги стимулира имунолошките реакции нателото.Од друга страна, високата температура (повеќе од 39oC) предизвикува чувство на слабост, раздразливост, мамурлак или главоболка, може да предизвика дехидратација (телото губиповеќе вода од вообичаено кога температурата на телото е покачена), фебрилни конвулзии, како и други сериозни компликации.Затоа, покачената температура на пациентот, особено кога е повисока од 38,5oC, треба да секонтролира со ладење и лекови кои ја намалуваат покачената телесна температура(антипиретици), соодветна рехидратација и зголемен внес на течности без шеќер преку уста.Во однос на антипиретици може да се користи PARACETAMOL или IBURPOFEN, но во временски размак од најмалку 6-8 часа. Избегнувајте употреба на ацетил салицилна киселина(ASPIRIN) кај деца помлади од 16 годишна возраст. Ладење во домашни услови може да се спроведе со туширање со млака вода или користење на влажни крпи или памучни обвивки, со тоа што може да се покрие целата кожа (освен лицето и главата), бидејќи водата на овој начин одзема значително количество топлина одтелото. Мерете ја температурата на секои 15 минути и повторувајте ја постапката додекатемпературата не падне под 39oC. Обвивките од млака вода треба да се нанесат така штодетето да се завитка во влажни, млаки, исцедени парчиња ткаенина (пелена, пешкир) од вратдо пети, а врз него да се стави погуста сува крпа. По 5-10 минути сето тоа се отстранува и кожата се суши.Не заборавајте фебрилноста е само симптом на болест и не треба да се лекува со антибиотици без индикација од страна на лекар.Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет. д-р Арлинда Лога ОсманиСпецијалист инфектолог ЈЗУ УК за инфективни болести и фебрилни состојби Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Температура фебрилност Temperatura febrilnost 0 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија Брадикардија: Кога бавниот срцев ритам станува проблем? next post ГЛАУКОМ – Водечка причина за неповратно губење на видот Можеби ќе ви се допадне Bookmark АКУТЕН ИНФЕКТИВЕН ГАСТРОЕНТЕРИТИС – АЛИМЕНТАРНИ ИНТОКСИКАЦИИ декември 21, 2025 Bookmark АКУТНИ ВИРУСНИ ХЕПАТИТИ декември 28, 2022 Bookmark АКУТНИ ИНФЕКТИВНИ ПРОЛИВИ декември 22, 2022 Bookmark ГОЛЕМИ СИПАНИЦИ (ВАРИОЛА ВЕРА) мај 8, 2022 Bookmark ХУМАН ПАПИЛОМА ВИРУС, (HPV) ИНФЕКЦИЈА мај 8, 2022