1,6K Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Акутниот инфективен гастроентеритис претставува болест на гастроинтестиналниот тракт, предизвикана од микроорганизми кои се пренесуваат преку контаминирана храна или вода, или преку контакт со лица или животни со слична симптоматологија.Акутниот инфективен гастроентеритис во развиените земји има голема стапка на морбидитет. Најчесто акутниот гастроентеритис е од инфективна генеза (бактерии, вируси, паразити). Епидемиолошки карактеристики кои сугерираат инфективна генеза се типична појава на симптоми во групи или кластери, ширење во семејства или други групи и појава помеѓу патници.Во склоп на гастроинтестиналните инфекции спаѓаат алиментарни интоксикации, токсоинфекции и инфекции кои настануваат преку дигестивен тракт, но гастроинтестиналните симптоми не претставуваат маркантни клинички знаци (ентеровируси, акутен вирусен хепатит А, вирусни менингити, полиовирус). Алиментарна интоксикација – настанува при внесување на токсини на бактерии. Најчести причинители се Staphyloccocus aureus, Bacilus cereus, Clostridium botulinum. Клинички се карактеризираат со кратка инкубација (1-6 часа), нагло појавување на гадење и повраќање, со или без појава течни столици, обично без покачена температура.Токсоинфекции – настануваат по внесување на патогени микроорганизми, кои се размножуваат во интестиналниот тракт и продуцираат токсини. Најчести причинители: Salmonella species, Escherichia coli, Shigella species, Campylobacter jejuni, Yersinia enterocolitica. Инкубацијата е 8-48 часа, но може да биде и подолга зависно од причинителот. Клиничката слика се карактеризира со гадење, повраќање, појава на дијареа( три или повеќе течни столици во рок од 24 часа, со или без примеси на слуз или крв), покачена температура од различен степен, болка во стомак со различен интензитет и знаци на дехидратација.Како причинители на акутен инфективен гастроентеритис може да се исто така вируси (Norovirus, Rotavirus, Adenovirus, Astrovirus), а поретко паразити (Giardia lamblia, Entamoeba histolytica, Cryptosporidium spp. и др).Дијагноза се поставува со детална анамнеза и детален физикален преглед, со цел да се процени дехидратацијата. Најголем дел од гастроинтестиналните инфекции се краткотрајни и самоизлечливи, кои се смируваат постепено во тек на 3 до 7 дена. Поставување на етиолошка дијагноза, односно миркобиолошки анализи се индицираат кај имунокомпромитирани пациенти, со тешка клиничка слика и потреба за хоспиталнолекување. Исто така, етиолошка дијагноза се поставува и за епидемиолошки цели, т.еспречување на ширење зараза (вработени во градинки, лица кои што ракуваат со храна, негувателки, старци во домови за стари лица и др).Третманот според светските препораки се заснова во :1. Перорална рехидратација (ОРС електролит) или парентерална рехидратација при тешка дехидратација2. Хигиено-диететски режим на исхрана (исхрана без јагленхидрати и маснотии, зголемен внес на течности преку уста)3. Антимикробна терапија ИСКЛУЧИВО само кај ризични групи (по препорака на лекар, но заснована во протоколи за лекување акутен гастроентеритис)Основно правило во превенција на инфективните болести е миење на раце, почитување намерки на хигиена при готвење и конзумација на храна и вода, регулирање на санитетскиотсистем, надзор на животни, хигиенски надзор на вработени во индустрија на храна и кујни(клицоносители како извор на инфекција). Проветрување на простории и дезинфекција наповршини. Специфична превенција на акутни инфективни проливи се реализира соимунизација. Неколку вакцини се во развој а некои веќе се дел од редовниот календар заимунизација кај деца (Ротавирусната вакцина). д-р Арлинда Лога ОсманиСпецијалист инфектолог ЈЗУ УК за инфективни болести и фебрилни состојби Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Akuten infektiven gastroenteritalimentarni intoksikaciigastroinfektivno 0 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија Што се случува со вашето тело кога држите диета? next post Хронична бубрежна болест – тивка епидемија од 800 милиони заболени ширум светот Можеби ќе ви се допадне Bookmark Tелесна температура јануари 11, 2026 Bookmark Калпротектин – дијагностички потенцијал кај воспалителни заболувања на... ноември 27, 2025 Bookmark ГАСТРИТИС ноември 18, 2025 Bookmark АКУТНИ ВИРУСНИ ХЕПАТИТИ декември 28, 2022 Bookmark ХЕМОРОИДАЛНА БОЛЕСТ декември 26, 2022 Bookmark АКУТНИ ИНФЕКТИВНИ ПРОЛИВИ декември 22, 2022 Bookmark ГАСТРИТИС декември 8, 2022 Bookmark ГОЛЕМИ СИПАНИЦИ (ВАРИОЛА ВЕРА) мај 8, 2022 Bookmark ХУМАН ПАПИЛОМА ВИРУС, (HPV) ИНФЕКЦИЈА мај 8, 2022 Bookmark РАК (КАРЦИНОМ) НА ЦРНИОТ ДРОБ мај 8, 2022