1,5K Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Калпротектинот е калциум– и цинк-врзувачки протеински комплекс (S100A8/S100A9), кој се ослободува главно од активирани неутрофили, моноцити и макрофаги. Тој сочинува до 60% од цитоплазматските протеини во неутрофилите и е високо отпорен на ензимска деградација, што го прави идеален биомаркер за воспаление предизвикано од неутрофили. Во гастроентерологијата, фекалниот калпротектин ја трансформираше дијагностичката патека кај пациенти со сомневање за воспалителни заболувања на цревата (IBD). Неговата висока негативна предиктивна вредност дозволува безбедна диференцијација помеѓу органски и функционални гастроинтестинални нарушувања, значително намалувајќи ја потребата од инвазивна ендоскопија. Дополнително, калпротектинот игра значајна улога во следењето на терапијата, проценката на мукозното заздравување и предвидувањето на релапс.Сепак, значителната варијабилност помеѓу различните аналитички методи претставува сериозна пречка за хармонизација. Различните начини за екстракција, калибратори, cut-off вредности и единици на мерење водат до неконзистентни резултати меѓу лабораториите. Со глобалното зголемување на потребата за тестирање, неопходно е воспоставување стандардизиран лабораториски пристап кој ќе обезбеди клиничка сигурност и споредливост.Биохемиски карактеристики и патофизиологијаКалпротектинот претставува хетеродимер или хетеротетрамер составен од S100A8 и S100A9 протеини од фамилијата S100. Клучните биолошки својства вклучуваат:• Ослободување при активација на неутрофили или епителни оштетувања• Отпорност на протеолиза, што овозможува стабилност во фецес со денови на собна температура• Инхибиција на микробен раст преку хелација на двовалентни катjони (Zn²⁺, Mn²⁺)• Концентрација која директно ја одразува миграцијата на неутрофили во интестиналниот луменЗголемени концентрации на фекален калпротектин се поврзуваaт со:• воспалителни заболувања на цревата (Кронова болест, улцеративен колитис),• цревни инфекции,• NSAID ентеропатија,• колоректален карцином,• активна целијачна болест,• постоперативно воспаление,• дивертикулитис.Овие карактеристики го прават калпротектинот чувствителен и сигнификантен маркер за воспаление на гастроинтестиналниот тракт.Препораки на NICE (National Institute for Health and Care Excellence) • Фекалниот калпротектин (FC) е сигурен маркер за разликување помеѓу IBD и не-IBD состојби.• Тестирањето на FC е “cost-effective” за националниот здравствен систем при разграничување меѓу IBD и IBS кај возрасни пациенти во примарна здравствена заштита• Тестирањето на FC се препорачува:– за поддршка на клиничарите во диференцијалната дијагноза меѓу IBD и IBS кај возрасни пациенти со неодамна појавени симптоми од страна на гастроинтестиналниот тракт за кои се разгледува упатување кај специјалист, доколку не постои сомневање за карцином на колоректум (CRC) и по земање во предвид на ризичните фактори (на пример, возраста),– за поддршка на клиничарите во диференцијалната дијагноза меѓу IBD и не-IBD (вклучувајќи IBS) кај деца со сомневање за IBD.Преаналитички факториСигурноста на резултатите за фекален калпротектин зависи од прецизно контролирани преаналитички параметри, вклучувајќи:• правилно собирање и чување на примерок,• стабилност на аналитот при собна температура,• тип и ефективност на методите за екстракција,• минимизирање на варијабилноста меѓу различни оператори.Преаналитичката фаза е критична, бидејќи неправилното ракување може значително да влијае врз концентрацијата и точноста на резултатите.Аналитички аспекти и потреба од хармонизацијаФекалниот калпротектин е робустен и клинички вреден биомаркер, но неговата валидност е тесно поврзана со ригорозната контрола на:• аналитичката екстракција,• мерењето,• калибрацијата,• метод-специфичните cut-off вредности.Разликите меѓу комерцијалните анализи — ELISA, CLIA, турбидиметрија, имунолатексметоди — претставуваат значителна бариера за глобална хармонизација и споредливост на резултатите. Без стандардизирани калибратори и екстракциски системи, лабораториите често добиваат различни резултати за ист пациент.ЗаклучокСо растечката глобална употреба, тестирањето на фекален калпротектин бара усогласување помеѓу клиничките потреби, регулаторните очекувања и техничката стандардизација. Овие аспекти се клучни за да се осигура дека лабораториските резултати се сигурни, клинички релевантни и директно придонесуваат за точна дијагноза, следење на терапијата и подобрување на исходите кај пациентите.За да се искористи целосниот потенцијал на FC, клиничарите мора да знаат како правилно да ги интерпретираат резултатите од квантитативното одредување на фекалниот калпротектин.Институтот за медицинска и експериментална биохемија е единица на Медицинскиот факултет во Скопје. Во состав на институтот функционира Лабораторија за биохемиски испитувањa во која се одредува фекалниот калпротектин, а докторите кои ги упатуваат пациентите може да го преземат резултатот преку апликацијата МОЈ ТЕРМИН. Проф. Д-р Катерина Тошеска ТрајковскаПретседател на Македонското здружение за медицинска биохемија и лабораториска медицина Раководител на Инстутот за медицинска и експериментална биохемија Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber kalprotektin creva vospalenie sindrom na iritabilno crevo 0 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија Како да се третира убодот од оса next post Туберкулозата – стара болест со современи предизвици Можеби ќе ви се допадне Bookmark АКУТЕН ИНФЕКТИВЕН ГАСТРОЕНТЕРИТИС – АЛИМЕНТАРНИ ИНТОКСИКАЦИИ декември 21, 2025 Bookmark ГАСТРИТИС ноември 18, 2025 Bookmark ХЕМОРОИДАЛНА БОЛЕСТ декември 26, 2022 Bookmark ГАСТРИТИС декември 8, 2022 Bookmark РАК (КАРЦИНОМ) НА ЦРНИОТ ДРОБ мај 8, 2022