1,4K Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Што е јазикот и како се развива?Комуникацијата се развива преку интеракција и врски кои детето ги создава со другите луѓе. Колку е постимулативна средината во која детето расте и колку е посилна врската меѓу него и неговите родители, толку е поголема мотивацијата на детето да комуницира прво преку гестови, а потоа преку говорен јазик. Интерактивната игра и читањето се најдобрите засилувачи за понатамошен јазичен развој.Како се развива јазикот до 6-годишна возраст?Возраст од 2 месеци, детето почнува да се смее на луѓето, гушка и ја враќа главата од изворот на звукот.Возраст од 4 месеци, почнува да пелтечи и плачот е форма на комуникација.Возраст од 6 месеци, детето реагира на сопственото име, почнува да артикулира согласки (М, Б, Д).Возраст 9 месеци, покажува со прст, разбира „Не“Возраст од 12 до 18 месеци, детето на оваа возраст преминува од имитирање звуци и гугање до артикулација на некои значајни зборови како мама, тато, бато, мое итн. Детето почнува да разбира се повеќе едноставни наредби (на пр.: кажи чао) и имињата на роднините и познатите предмети. Децата на оваа возраст го прошируваат својот комуникативен репертоар преку голем број гестови (на пр. покажување, мавтање за да се поздравува итн.).Развојот на јазикот и комуникацијата во раното детство е од фундаментално значење за подоцнежниот социјален, академски и когнитивен развој во годините што доаѓаат.На возраст од 2 години, изразниот јазик на децата во повеќето случаи вклучува реченици со два збора, воглавно комбинации од два збора без глагол, на пример: пиј сок или мама дава.Возраст од 2 до 3 години, децата зборуваат во реченици кои содржат 4 до 5 зборови. Тие се способни да раскажуваат настани во кои користат прашања како „Што? и Каде?”.На возраст од 3 до 4 години, децата ги учат основните правила на граматиката. Имаат речник кој надминува 1.000 зборови.Возраст од 5 до 6 години – повеќето деца од 5-6 години добро го користат говорниот јазик, но повторно повеќето од нив може да имаат потешкотии да објаснат сложени настани дури и кога ќе успеат да објаснат, може да го остават неискажан важен дел од настанот.На оваа возраст децата можат да го кажат своето име, презиме, адреса, возраст и датум на раѓање. Тие можат да прашаат за значењето на сложените зборови, можат да раскажуваат приказни, да кажуваат рими итн.На оваа возраст до 90% од говорот треба да биде разбирлив.Кои се предупредувачките знаци и кога треба да реагираме?Возраст од 2-4 месеци не реагира на звуци. Не ги гледа работите што се движат во неговата околина и не им се смее на луѓето.Возраст од 6-9 месеци не прави самогласки како: А, Е, О. Не пелтечи ма..ма, ба..ба. Не се вклучува во игра. Се приметува спазми во мускулниот тонус. Не се обидува да фаќа предмети.Возраста од 12-18 месеци не кажува поединечни зборови и не ги придружува со гестикулации. Не посочува на работите..Возраста од 2-3 години, не користи реченици од два збора и не знае да користи различни предмети како: вилушка, телефон и сл. Не следи едноставни команди. Има зголемена салвација (лигање) и повторува зборови кои не се изговараат правилно.Возраст од 4-5 години, детето е повлечено и неактивно, има потешкотии да го каже своето име и презиме. Не ги користи правилно множинските форми и минатото време. Не зборува за секојдневна активност.Каде треба да се обратиме во овие случаи?Фазите на развојот на децата ни помагаат да го знаеме нивниот развој и да можеме да го следиме нивниот напредок. Колку порано ги идентификуваме ситуациите кои бараат повеќе од нашето внимание, толку порано можеме да им помогнеме на децата. Во случаи кога забележувате ситуации кога вашето дете има потешкотии во артикулација на звуци, артикулација на зборови или неговиот вокабулар не е на ниво на вокабуларот на неговите врсници, треба да се јавите кај говорниот патолог, односно логопедот. Логопедот е специјалист кој го проценува јазичниот развој на вашето дете и го структурира планот за советување што го применуваат родителите и старателите или планот за рехабилитација кога ситуацијата се проценува за интервенција.Дали доцнењето на јазикот секогаш е поврзано со нарушувања или не?Развојот на јазикот кај различни деца може да биде различен, тоа е затоа што постојат фактори на животната средина и семејството кои влијаат на развојот на јазикот. И токму затоа што јазикот зависи и од овие индивидуални искуства на децата, овој развој има различен напредок кај различни деца и овие доцнења не се нужно поврзани со нарушувања во развојот на децата. Но, останува да го процени логопедот врз основа на показателите за развојот на јазикот и потоа да воспостави дијагноза. Генц ТаравариЛогопед LOGOMEDICUS Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Jazichni veshtini deca dete говор govor kognitivni sposobnosti 0 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија Дислексија next post Болка во грбот за време на бременоста Можеби ќе ви се допадне Bookmark Рамно стапало кај децата: што треба да знаат... декември 2, 2025 Bookmark Влијанието на технологијата врз развојот на децата ноември 28, 2025 Bookmark Дислексија ноември 24, 2025 Bookmark СОВЕТИ ЗА ВАШЕТО ДЕТЕ ОД 13 ДО 18.... декември 24, 2022 Bookmark СОВЕТИ ЗА ВАШЕТО ДЕТЕ ОД 6 ДО 12.... декември 24, 2022 Bookmark СОВЕТИ ЗА ВАШЕТО ДЕТЕ ОД 1 ДО 5.... декември 24, 2022 Bookmark АУТИЗМ КАЈ ДЕЦАТА мај 8, 2022 Bookmark ЗАТНАТ НОС КАЈ БЕБИЊАТА – КАПКИ ЗА НОС... мај 8, 2022